Вечерва на градскиот плоштад во Охрид се одржа завршниот митинг на СДСМ и коалицијата „Живот во Охрид за сите”. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник, Јован Стојаноски, и носителот на листата на кандидати за советници, Константин Георгиески. Се обрати и премиерот на Република Македонија Зоран Заев. „Гордо,транспарентно и одговорно, стоиме исправени пред Вас, за уште еднаш да Ве увериме дека целосно стоиме на дадениот збор и дека ќе донесеме „Живот во Македонија за сите“. Ќе донесеме нов живот во Охрид,живот кој ни беше одземен, со единаесетгодишното криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и…
повеќе...Tag: митинг
Одржан завршниот митинг на СДСМ и коалицијата во Белчишта
Денес во Домот на Културата во Белчишта се одржа завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. „На 15ти октомври ќе си ја вратиме нашата Дебрца, слободарска Дебрца. Дебрца е наш заеднички дом. Во Дебрца сите треба да си ја гледаме својата шанса и својата иднина. Затоа со мојот тим, со кандидатите за советници имаме визија, имаме план да ја развиваме Дебрца, да ги искористиме нејзините силни…
повеќе...Утре во Белчишта ќе се одржи завршен митинг на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија”
Утре ќе се одржи завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Митингот е закажан во Домот на Културата во Белчишта, со почеток во 16:30 часот. Свое обраќање на завршниот митинг ќе имаат, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и Премиерот на Република Македонија Зоран Заев.
повеќе...Одржан Централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Мешеишта
Вечерва во Домот на културата во Мешеишта се одржа Централен митинг на Кандидатот за Градоначалник Игор Трајкоски, носителот на советничката листа Моника Мацеска, како и кандидатите за советници во Советот на Општина Дебрца. „Како млад човек и како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на Дебрца сакам да истакнам дека секогаш ќе се борам и ќе ги застапувам интересите на младите, заедно со нашиот најголем поддржувач кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца, господинот Игор Трајкоски. Реализиравме многу проекти за младите, морам да потенцирам дека заедно со кандидатот за градоначалник ќе ја…
повеќе...Два нови државни рекорди на Анастасија Богдановски
Два нови апсолутни рекорди на Македонија постигна Анастасија Богдановски на пливачкиот митинг во Сент Морис, САД. Во двата случаи ги подобруваше сопствените најдобри времиња на патеките од 100 и 200 метри слободно. На вториот ден од Првенството на Мериленд во долги базени, по вчерашната победа на „стотка“ со државен рекорд и со остварена норма за Светското првенство во Казан 2015 година, Ана победи и на 200 метри слободно со време од 2:01,92 минути, со што за повеќе од една секунда го подобри рекордот што беше во нејзина сопственост – 2:03,11…
повеќе...Интензивно се бара стратешки партнер за ЕМО
На повидок е решение за наоѓање на стратешки партнер за ЕМО,. Ова го истакна синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид. „Во сериозни разговори сме со крупна компанија од една средноевропска држава, за таа да стане стратешки партнер на охридски ЕМО. Не давам ветување, туку информирам дека ќе направиме се’ што е во наша моќ, да ги убедиме за тој чекор. Ако не успееме со нив, ќе преговараме напорно и ќе бараме решение. За ЕМО да стане тоа што бил некогаш, силен, моќен, со вработени“ посочи Груевски.…
повеќе...Бакрачески: Очекувам двојна победа
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, пред почетокот на предисборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, изрази надеж дека предноста на претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов во вториот круг ќе биде уште посилно изразена. За него, резултатите од синоќешното гласање за иден претседател на земјава не биле изненадувачки и очекува двојна победа. „На овие избори, како и на минатите, имаме судир на два диаметрално спротивни концепти. Од една страна ВМРО-ДПМНЕ, со конзистентни ставовови по политичките и општествените прашања, 2046 изборни проекти со усвоена динамика и рокови. Од друга страна, декомпонирана, безидејна, деструктивна опозиција.…
повеќе...Иванов: Сега е најважно масовно да се излезе и да се гласа
Ѓорѓе Иванов, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот митинг во Струга кажа дека вчера во овој град освоил повеќе гласови отколку на изборите во 2009 година и изрази надеж и дека во вториот круг разликата ќе биде уште поголема. „Имавме успешни, фер и демократски избори, какви што и доликуваат на Македонија. Тоа е успех за Македонија, за сите македонски граѓани. Благодарам за поддржувачите, за ВМРО-ДПМНЕ, за коалицијата За подобра Македонија! Благодарам за нашите иселеници низ светот! Иселениците направија голема разлика. Благодарам на сите Стружани што излегоа да гласаат. Им…
повеќе...Груевски: Најмалку 30 нови фабрики и 64.000 нови работни места за 4 години
Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ носи логичен наслов. „Проверено“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Скопје кој масовно беше посетен и покрај силниот дожд. Тој најави огромен број на крупни проекти и реформи од новата програма со која ќе настапат на претстојните парламентарни избори. „Најголем дел од неа се однесува на економијата, на оние кои се поврзани со економијата. Таа е сеопфатна, но најголем акцент е на економијата. Гарантираме најмалку 30 нови фабрики во слободните економски зони низ Македонија. Програмата предвидува 64.000 нови работни места, за по 4…
повеќе...Пендаровски од Охрид: Народот на 13-ти ќе се справи со власта
Ја имам честа да се обратам во градот на словенските просветители Климент и Наум Охридски. Тие уште долги години ќе го чуваат македонскиот народ. Охрид бил и мора да остане центар на уникатноста и единственоста. Со овие зборови се обрати претседателскиот кандидат Стево Пендаровски пред граѓаните на преполниот градски плоштад во Охрид. Охриѓани загрижено констатираа дека основната гранка во нивниот крај, туризмот, последниве години стагнира или назадува. „Инвестирањето во реклами, споменици и Субрата Рој нема да го унапредат туризмот. Проектот Скопје 2014 го загрози проектот Македонија. Со добра инфраструктура и капитални инвестиции…
повеќе...