Младински Совет Охрид, во соработка со центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, и младинското здружение „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „Љубовни рецепти“. Проектот претставува кампања за освестување на младите девојки за родовиот идентитет, како и за нивна борба против насилството, пред се во адолесцентни врски. Целта е девојките да се освестат да го препознаат родно условеното насилство и да се оспособат да развијат механизми за да се соочат со истото, со што ќе влијаат врз промена на личните ставови, за да можат да остварат квалитетна љубовна…
повеќе...Tag: млади
Старите победија против младите на традиционалниот фудбалски нaтпревар во Велгошти
По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираа фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. Натпреварот се одигра во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 8:6, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел. WebOhrid
повеќе...Во Струга ќе се одржи локален младински форум
На 4ти април (вторник) во хотел Дрим – Струга, со почеток во 12 часот ќе се одржи Локален младински форум кој ќе трае до 14 часот. Локалниот младински форум е активност која ја реализира Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а е поддржана од канцеларијата на Националниот демократски институт во Скопје. Целта на форумот е дискутирање на заклучоците и можните решенија предложени од младите на консултативните средби кои беа реализирани во текот на декември 2016 година, а во врска со потребите, проблемите и приоритетите на младите. На форумот е предвидено да…
повеќе...Македонската репрезентација до 21 година ја совлада и Бугарија
Македонската репрезентација до 21 година ја победи Бугарија со 1:0 во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски заслужено се радуваа на нов триумф откако целосно доминираа на денешната пресметка. Фудбалерите кои ќе не претставуваат на ЕП во Полска создадоа многу шанси, искористивме една, промашивме и пенал, а притоа не му дозволивме на противникот ниту еднаш сериозно да се закани кон нашиот гол. Марјан Радески во 43. минута беше стрелец на голот за Македонија. Првата прилика за отворање на резултатот нашата репрезентација го…
повеќе...Македонија У21 со сигурен триумф против Црна Гора У21
Новата генерација фудбалери на Македонија до 21 година ја победи Црна Гора со 2:0 на контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаа контролата во текот на целата пресметка, имаа подобри шанси, ги искористија најдобрите и заслужено запишаа победа. Првата полушанса на натпреварот ја имаше Македонија во 12. минута, Бабунски асистираше, но Петар Петковски шутираше покрај стативата од противничкиот гол. Во 23. минута Кукулиќиќ го упати единствениот сериозен удар кон нашиот гол, но Мујовиќ беше внимателен. Најубавата акција во првото полувреме…
повеќе...Отворен ден за дружење со младите фудбалски херои
В недела, 19 март, од 14:00 до 15:00 часот, Фудбалската федерација на Македонија организира отворен ден за дружење со македонската фудбалска репрезентација до 21 година на теренот во комплексот „Петар Милошевски“. Сите љубители на фудбалот, оние кои искрено го сакаат и кои имаат желба да се запознаат со младите херои кои ја однесоа Македонија на Европското првенство во Полска се добродојдени на терените во „Куќа на фудбалот“ и ќе можат да се запознаат, да се фотографиираат со фудбалерите, да разменат по некоја фудбалска „финта“ и секако да ја почувствуваат позитивната…
повеќе...Одржан состанок во рамки на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа првиот состанок со претседателите на локални младински совети во рамки на проектот„Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“. Проектот се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА и Агенцијата за млади и спорт, а со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). Целта на овој проект е да се подобри функцијата на советите на млади во општините и да се влијае на подобрување на…
повеќе...КФМ организира селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година
Претстојниот викенд ќе се одржи селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година односно М14 возрасна категорија. Јуниорите, поделени во три термини во зависност од регионот каде е стациониран клубот, ќе одржат тренинг во салата на КК Вардар (мала сала „Кале“) во Скопје, в недела на 25 февруари. РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ: 09:00-11:00 часот КК Водњански лисици; КК Водно санс; КК Работнички; КК Јуниор Скопје; КК Плејмејкер; КК Борец Баскет. 11:00-13:00 часот КК Крива Паланка; КК Куманово; КК Лирија 77; КК Пинк Пантери; КК Бал фор лајф; КК Милановски;…
повеќе...Најавен стартот на Мавровскиот меморијал
Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод претстојниот, 54 ти по ред Мавровски меморијал. „Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот 54-ти Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал – натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година. Токму со оддржувањето на Мавровскиот Меморијал…
повеќе...Директорот на АМС Спасески оствари средба со раководството на Регионалната лига во бокс
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески оствари средба со првиот човек на Регионалната лига во бокс, Претседателот Јурица Рунтиќ и со директорот на регионалната лига Димитар Ташков. Цел на средбата беше започнувањето на регионалната лига во бокс, која треба да се случи во месец март. Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека со започнувањето на регионалното првенство (налик Јадранската Аба Лига во кошарка), ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот. „Регионалното натрпеварување ќе биде составено од екипи од Србија,…
повеќе...