Уникатно и неповторливо доживување за фестивалската публика на отворањето на „Охридско лето“, со утрешниот голем концерт на Античкиот театар на светски познатата оперска певица Елина Гаранча во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската управа на маестро Ион Марин од Романија. „Навистина се чуствувам среќна и почестена што сум тука на овој фестивал кој зад себе има толку богата и долгогодишна традиција. За фестивалот слушнав од моите колеги и пријатели кои настапувале тука како Барбара Фритоли, Михаил Хворостовски така што верувам дека мојот утрешен настап ќе биде…
повеќе...Tag: музика
Светската оперска дива Елина Гаранча пристигна во Македонија
Оперската дива Елина Гаранча која вторник вечер, ќе го отвори 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, попладнево пристигна на скопскиот аеродромот „Александар Велики“. Срдечна и непосредна, со широка насмевка и неодолив шарм, кратко изјави дека со нетрпение чека да пристигне на охридската ривиера, место за кое слушнала дека е волшебно со прекрасно езеро. „Само што пристигнав во Македонија и ова е мое прво доаѓање на Фестивалот Охридско лето. Едвај чекам да го видам тој прекрасен град и Фестивал. Пред извесно време настапив со Дмитри Хворостовски кој со воодушевување ми раскажуваше…
повеќе...Повеќе од 10 артисти ќе се запишат во програмата за 30 и 31 јули на плажата Парк во Охрид
GREEN BEACH FESTIVAL, грандиозниот фестивал на електронската музика и годинава е подготвен да ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, седмото издание на Green Beach Festival ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули. Првиот светски познат гостин кој го потврди својот настап на 30 јули на Green Beach Festival…
повеќе...Воениот оркестар ја започна манифестацијата „Музичко лето“
Со перформансот одржан во сабота, 2 јули, од платото пред Музејот на македонската борба до плоштадот „Македонија“ во Скопје, започна да се реализира манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар“, организирана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Несекојдневниот настап на Воениот оркестар, кој е единствен во Република Македонија, привлече голем број граѓани на главниот град. Истиот ќе имаат можност да го видат и граѓаните на Велес, Дојран, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга и Куманово. Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на…
повеќе...„Бело лето 2016“ со Владимир Василевски Четкар
Годинашното издание на „Бело Лето“, ќе биде во знакот на концертот на охриѓанецот со светска кариера, џез музичарот Владимир Василевски Четкар. Туристичко-промотивната манифестација со која се најавува официјалниот почеток на летната сезона, оваа година ќе се одржи на 1 јули, со повеќе содржини на различни локации во градот, а ќе започне со концертот на Четкар во предворјето на Света Софија. „Централниот настан, концертот на Владимир Четкар Секстет ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во 19 часот. Веднаш по завршувањето на концертот, околу 21 часот, од дворот на…
повеќе...Ристе Ристески си замина од „Ѕвездите на Гранд“
Момчето кое успеа да го освои сето внимание на дивата Јелена Карлеуша, но и да се избори пред сите препреки низ круговите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески не успеа да се пласира во финалето и го напушти шоуто. Имено, Македонија останува без свој претставник во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ откако и единствениот Македонец кој успеа да дотурка до крајот на шоуто не успеа да се пласира понатаму и го напушти шоуто. Ристески потпиша ексклузивен договор на 9 години со продукцијата „Гранд“ и стана бренд амбасадор…
повеќе...Роџер Санчез, ѕвездата на светската денс сцена доаѓа на Д Фестивал во Дојран
Амбасадорот на денс музиката и „Греми“ наградуваниот продуцент и диџеј РОЏЕР САНЧЕЗ го потврди својот настап на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ! Еден од водечките светски артисти во денс и хаус музиката со статус „господар на жанрот“, на големата сцена на Д ФЕСТИВАЛ ќе го претстави својот секогаш актуелен звук поради кој стекна армија фанови, меѓу кои и останатите ѕвезди од сцената кои го направија познат и како „DJ’s DJ“ и „Producer’s producer“. Минатата година се покажа како една од најкреативните и најактивните години за Роџер Санчез, продолжувајќи го успехот…
повеќе...Младиот охридски музичар Христијан со нова печалбарска песна
Mладиот и талентиран охриѓанец Христијан Стојоски сними нова песна „Душа се кине не оди сине“. Христијан минатата година ја промовира неговата прва љубовна песна „Ќе ја грабнам ако морам“. Пред неколку дена ја сними и втората, која е печалбарска песна, каде што музиката и аранжманот се негови, а текстот на Ангела Стрезоска. Христијан исто така е член на групата Елшански мерак Јуниор. Честитки и понатамошни успеси! WebOhrid
повеќе...Бесплатна музичка работилница со Горан Алачки во Крушево
Младите ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот … Од 24 до 26 јуни годинава во Спомен-домот на Тоше Проески ќе се одржи втората бесплатна работилница за млади музичари, која ќе ја раководи маестро Горан Алачки. Младите ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот.…
повеќе...Шеста републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри
Во чест на 70-годишниот јубилеј на пензионерското организирање во Македонија, денеска во Домот на АРМ се одржа Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри. Ревијата се одржува по шести пати и е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), под покровителство на Министерството за култура на Македонија. Претседателот на СЗПМ Драги Аргироски на отворањето рече дека годинешната ревија има околу 600 учесници и е особено популарна меѓу пензионерите бидејќи претставува традиционално обележје на третата животна доба и можност за враќање кон спомените од младоста. „Песните,…
повеќе...