Во февруари поднесени 13 кривични пријави против 24 лица во ОА ГОРА

СВР Скопје постапувајќи по ОА ГОРА, во февруари поднесе 13 кривични пријави против 24 лица (седум од Велес другите од Скопје) поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 18 кривични дела од кои: по шест дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, две „кражба“ и по едно дело „фалсификување службена исправа“, „помагање“ в.в „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „прикривање“. Со сторените дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 350 000…

повеќе...

Во текот на вчерашниот ден нема издадeно потврди на странски државјани

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.03.2016 година, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 19.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на…

повеќе...

Кривични пријави за физички и правни лица за бесправна градба

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против четири лица И.Н.(50) во својство на инвеститор, сопственик и управител на правно лице „ГРОТЕКС ГРАДБА“ ДОО од Скопје, Ќ.М.(51) од Тетово во својство на изведувач и сопственик и управител на правно лице „МАТОШИ БАУ“ ДООЕЛ од Тетово, М.М.(60) во својство на инвеститор, Д.З.(69) во својство на надзорен орган како и против двете правни лица Друштво за градежништво и услуги „ГРОТЕКС ГРАДБА“ ДОО експорт-импорт Скопје и Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги „МАТОШИ БАУ ДООЕЛ“ експорт-импорт од Тетово поради постоење…

повеќе...

Во текот на вчерашниот ден нема издадeно потврди на странски државјани

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.03.2016 година, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 18.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски и заменик министерот Чавков со амбасадорите Орав и Путни

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков денес во МВР имаа средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г-динот Аиво Орав и заменик амбасадорот во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Бартон Ј. Путни. На средбата беше потврдена неопходната потреба од меѓусебна соработка помеѓу сите инстанци во Министерството во насока на успешно справување со предизвиците со кои што се соочува и кои што ќе му претстојат на Министерството за внатрешни работи во наредниот период во насока на осигурување…

повеќе...

Кривична за стружанец поради повреда на правата од работен однос и социјално осигурување

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н.(45) од Струга управител на ТД „Еуро Мебел 2011“ ДООЕЛ Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против ТД „Еуро Мебел 2011“ ДООЕЛ Струга заедно со прво пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“. О.Н. на 15.11.2015 година, без дадено овластување од страна на А.М. управител на правното лице „Еуро Мебел Лаб“ од Струга склучил договор во име на „Еуро Мебел Лаб“…

повеќе...

Вчера нема издадeно потврди на странски државјани

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.03.2016 година, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 17.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на…

повеќе...

Средба на Министерот Спасовски со Амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Пломп

Денес во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. Вилем Пломп. На средбата стана збор за тековната ситуација околу политичката криза во Република Македонија и за справувањето со мигрантската криза, при што министерот Спасовски го информираше амбасадорот на Холандија дека сега состојбата на границата со Грција е стабилна. Амбасадорот Пломп ја истакна поддршката што Кралството Холандија ѝ ја дава на Република Македонија. Амбасадорот Пломп упати честитки до полицијата на Република…

повеќе...

Известување за полагање на стручен испит за располагање со оружје

Министерството за внатрешни работи, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје, ги информира кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „Стрелец 2008 ДООЕЛ Штип“, дека на 23.03.2016 година во 16,00 часот во просториите на Испитниот центар “АССЕКО“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит. Додека практичниот дел од стручниот испит ќе се одржи на 26.03.2016 година во 11,00 часот на стрелиштето во Штип. Исто…

повеќе...

Студенти од Факултетот за безбедност во посета на МВР

„Образовниот процес, без дилема, е најважниот стадиум во академското профилирање на младите луѓе. Оттаму инсистирањето на квалитет во тој процес е логична нужност доколку сакаме институционална функционалност, ефикасност и одговорност“. Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред студенти од Факултетот за безбедност коишто денеска во МВР, во рамки на нивната образовна програма, присуствува на презентации подготвени од страна на претставници на министерството, а посветени на организационата и нормативна поставеност и функции на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Потенцирајќи ја целосната…

повеќе...