СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против лицата С.С. (34),Б.Т. (60) и О.В. (32) сите од Скопје поради основи на сомнение дека првопријавениот С.С. извршил четири кривични дела – “разбоjништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ, второпријавениот Б.Т. извршил по четири кривични дела – “поттикнување“ предвидено и казниво по член 23, “помагање“ – предвидено и казниво по член 24 и “прикривање“, предвидено и казниво по член 261 од КЗ, додека пак третопријавениот О.В. извршил по едно кривично дело “помагање“ предвидено и казниво…

повеќе...

Кривична пријава за две лица – извршители на повеќе разбојништвa на територија на град Скопје

СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Ј.Џ. (21) и Г.Т. (26) и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека се сторители на шест кривични дела – “разбојништво“ и едно кривично дело – “разбојништво во обид“. Од страна на судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена. Кривичните дела пријавените ги извршиле во текот на 12 и 13 овој месец, како и едно кривично дело извршено на 15-ти овој месец, при што се стекнале со вкупна противправна…

повеќе...

Разбојник фатен на дело

СВР-Скопје до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Б.Б. (38) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно – “разбојништво во обид“ предвидено и казниво по член 237 в.в 19 од КЗ на РМ и едно кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка изречена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Кривичното дело “разбојништвото во обид“ пријавениот го…

повеќе...

Министерот Нухиу на средба со жителите на Врбјани

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска беше во посета на селото Врбјани во општина Ростуше, во рамките на проектот „Како сте?“, кој има за цел да ја приближи полицијата до граѓаните. На средбите со граѓаните, министерот Нухиу им објасни дека полицијата е сервис на граѓаните и дека тие во секое време можат да се обратат до МВР. „Дојдов лично за да ве информирам дека полицијата е на располагање во секое време за вашите потреби и вие можете слободно да ни се обратите за работи кои се во наша…

повеќе...

Приведен вевчанец кој нападнал полициски службеник

НККР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(51) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”. На 04.02.2017 околу 12,15 часот од страна на полициски службеник, додека преземал службени дејствија во рамки на редовното работење кои што се состојат од конторола на безбедноста во сообраќајот во Струга бил физички нападнат од страна на К.Р. на начин што кога од страна на службеникот му било кажано дека ќе му биде издаден мандатен платен налог за сторен сообраќаен прекршок пријавениот најпрво…

повеќе...

Мајка ја пријави ќерка си за исчезната

Вчера во 11:40 часот, лицето Г.М.(58) од Струга за исчезната ја пријави нејзината ќерка Р.М. (33) која живее во Скопје. Според пријавителката, Р.М. имала нарушено здравје и во психичка криза можела да се самоповреди. Полициската станица во Струга работи по добиената пријава и презема натамошни неопходни мерки.

повеќе...

Кривична пријава за лице од Велешта кој нелегално градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против К.Н. (50) од с.Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор започнал градба на станбено-деловен објект на ул.„Туристичка“ во катастарска општина Струга. Од страна на градежен инспектор од Општина Струга на ден 28.12.2016 година извршен е инспекциски надзор, при што е утврдено дека објектот е во фаза на изградена градежна конструкција на подрум со бетонирана темелна плоча, ѕидови и плоча на приземјето, спротивно на основниот проект за градење на објект. Од страна на градежниот инспектор изготвен е записник…

повеќе...

Едно лице повредено во сообраќајка во Струга

Вчера во 17:50 часот во Струга на раскрсницата од ул. „Маркс и Енгелс“ и ул. „ЈНА“ случена е сообраќајна незгода во која В.Р. (45) управувајќи ПМВ „Мерцедес“ со струшки регистерски ознаки удрил во пешакот С.Н. (37) од Струга. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила С.Н, која била пренесена во болницата Св.Еразмо-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Тешките товарни возила кои чекаа за влез во Р.Грција почнаа да се пропуштааат

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава (12.01) од 09,30 часот дека од страна на грчките погранични органи на ГП Евзони отпочна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Р.Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата. Во моментов сеуште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 ТМВ кои чекаат за влез во Р.Грција. Исто така Министерството за внатрешни работи известува дека на ГП Дојрани сеуште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.

повеќе...

Млад прилепчанец пронајден мртов на Божик

Вчера во 15:45 часот во Прилеп поточно во објект од поранешно инфективно одделение, било пронајдено починато лице. Смрт била констатирана од страна на лекар од ИМП, а увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС ОН-Прилеп, при што било констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп. По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

повеќе...