Кривична пријава за кичевчанец поради обид за убиство

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А. (56) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа Тетово. На 02.12.2016 година во Кичево, на ул. „Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот при расправија со остар предмет му нанел телесна повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево.

повеќе...

Кривична пријава против едно лице од Скопје поради недозволена трговија со марихуана

Единицата за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето З.А. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот во текот на ноември 2016 година неовластено набавил поголема количина на марихуана со намера истата да ја продава на уживатели од Скопје. Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога, преземајќи мерки и активности за сузбивање на…

повеќе...

Кривично пријавени пет лица спречени во намера да препродаваат екстази и хероин

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје за два различни случаи поднесе две кривични пријави до надлежното ОЈО Скопје против лицата Б.М.Ѓ. (30), Д.С. (34) и И.Н. (38) од Скопје како и против С.М. (43) од Скопје и Т.К. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение дека во текот на минатиот месец неовластено набавиле поголема количина на синтетичка дрога-екстази и хероин, наменети за улична продажба. За сторените кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидени и казниви по член 215, Судија на…

повеќе...

Министерот Спасовски на Работилница за управување со стресот при работа

Министерот Оливер Спасовски денеска учествуваше на Работилницата за управување со стресот при работа во Центарот за обука во Идризово, организирана од Италијанската амбасада во Скопје, а финансиски помогната од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје. На Работилницата присуствуваа и амбасадорот на Италија Н.Е. Карло Ромео и амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Н.Е. Нина Суомалаинен. Во своето обраќање пред учесниците, министерот Спасовски рече дека полициската професија, следствено на надлежностите, одговорноста и спецификите на работата, претставува една од веројатно најстресните професии, особено при сложени внатрешни или надворешни состојби, со какви што впрочем во…

повеќе...

МВР: Законот мора да важи за сите

Министерството за внатрешни работи реагира на бескрупулозниот обид направен со прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, дополнителниот заменик министер Диме Спасов од сторител на неколку прекршоци да го претвори во жртва. МВР во врска со овој случај истакнува, дека во сите фази на постапката настојуваше да обезбеди високо ниво на професионалност и непристрасност што треба да биде стандард до кој тежи секој државен орган во Република Македонија. Оливер Спасовски како актуелен Министер за внатрешни работи е функционер кој е апсолутно свесен за последиците од своите постапки и тежината на своите…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Велешта поради спречување службено лице во вршење службени дејствија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(24) од струшкото село Велешта. На 23 минатиот месец, на регионалниот пат Струга-Дебар, пријавениот бил забележан како со товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки превезува огревно дрво. При контрола и преглед на возилото, патролата на шумската полиција констатирала дека приколката од камионот била натоварена со осум метри просторни дабово огревно дрво, за кое пријавениот Б.Ќ. не поседувал соодветна документација. Тој, по констатирањето на…

повеќе...

МВР: Д.С. предизвикал две сообраќајки и избегал при контрола

На 28.10.2016 година во 23:20 часот Е. А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел  Парк со своето возило ПМВ Фолксваген со скопски регистарски таблици кое што лично го управувал, бил удрен од ПМВ Туарег со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец. Поради тоа што возачот на ПМВ Туарег по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по ПМВ Туарег. Возачот на ПМВ Туарег продолжил да се движи по ул.Франклин…

повеќе...

Професор нападнал ученик во Кичево

На 26ти октомври во 08:00 часот во средното училиште „Дрита“ во Кичево, С.С. (професор во училиштето), на час физичко нападнал ученик од прва година. Имено, ученикот се јавил да одговара, а С.С. почнал да го удира со шлаканици, тупаници и клоци во пределот на главата, лицето и телото, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило модрици и отоци, кои биле констатирани и санирани во Медицински центар Кичево.

повеќе...

Кривична пријава за албански државјанин поради сомнение за силување

ПС Кичево поднесе кривична пријава против Х.М. (62) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 19.10.2016 година пријавениот влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна. Во момент кога бил услужен од вработената, истиот и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото. Истата успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани. Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што…

повеќе...

Кривична пријава за дилер на марихуана од Скопје

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против М.С.(39) од Скопје, поради основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана која ја препакувал за улична продажба на уживатели од Скопје. За стореното кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на сега пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови. Пријавениот, кој досега петпати е пријавуван за недозволена трговија со марихуана, во текот на октомври…

повеќе...