Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на најдобрите 13 дипломирани студенти на инженерските факултети, вчера на платото пред Св. Климентовиот храм – Св. Пантелејмон на Плаошник им го додели признанието „Инженерски прстен 2014“ . При врачувањето на признанието, тој ги повика најдобрите инженери да се вклучат со целиот интелектуален капацитет и преку личниот успех да придонесат кон севкупниот успех на Македонија. „Научниците и инженерите се вистинските двигатели на напредокот на секоја земја и на светот воопшто. Денес, вам најуспешните и најпосветените млади инженери сакам да Ви порачам дека живееме во…
повеќе...Tag: награда
Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2014 година
Ве информираме дека објавен е Конкурсот за државната „Св. Климент Охридски“ во 2014 година. Истиот ќе трае од 1 до 30 јуни 2014 година. Текстот на конкурсот може да се најде и на веб страната на Министерството за култура www.kultura.gov.mk во рубриката Државни награди „Св. Климент Охридски“… Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2014 година
повеќе...Ана Томевска – добитник на студентска програма за младинска размена на Kennedy Lugar фондацијата
Гимназијалката Ана Томевска, ученичка од II – 4 клас при ОСУ “Св.Климент Охридски”, ќе биде дел од YES програмата за меѓународно образование. Ана Томевска возбудено ни раскажува како за програмата YES била информирана и добила препораки за истата, од нејзината професорка по англиски јазик Сузана Ристеска. „Професорката Сузана не информира и не поттикна да учествуваме на натпреварот за познавање на англискиот јазик кој се оддржа во Струга во Септември 2013. Тестирањето се состоеше од три круга и тоа општо знаење на англискиот јазик, како и пишување есеј. За резултатите од…
повеќе...Одбележан 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј
По повод 24-Мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил Методиј, утрово градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на црковното чествување и ја проследи културно уметничката програма во старото училиште Св. Кирил и Методиј во населбата Кошишта што по повод празникот ги организира КУД „Ѓердан“. Градоначалникот го проследи концертот на кој учествуваа Стефани Велјаноска и Теодора Филоска на виолина, Дарио Тренески на клавир и Петар Кочоски на хармоника. Младите „ѓерданчиња“ пред градоначалникот во дворниот простор на училиштето заиграа и запеаја традиционални игри и песни. Еден час подоцна Градоначалникот Бакрачески присуствуваше на културно уметничката…
повеќе...ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освои најмногу награди
На натпреварите на средните електро, машински и сообраќајни училишта од Република Македонја , кои во саботата на 10.05.2014 година се одржаа во Средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје , учениците од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ од Охрид , освоија најмногу награди и пофалници. Првото место, во категоријата техничар за патен сообраќај го освои Добрила Тодороска, а втори места освоија Стефан Јованоски во категоријата, електротехничар за компјутерска техника, Светлана Тасеска во категоријата, техничар за патен сообраќај и Горан Трпчески во категоријата, електротехничар- енергетичар. Натпреварите ги организира „Здружението на електро, машински…
повеќе...Врачена наградата – плазма телевизор за најдобриот полицаец
По повод денот на македонската полиција 7-ми мај , денес секретарот Димитар Спасески во име на градоначалникот Никола Бакрачески и Локалната самоуправа, на најдобриот полицаец од Охрид за 2013 година, Мите Печоски, му додели плазма телевизор. При чинот на доделување, секретарот Спасески укажа на добрата соработка помеѓу општината и Министерството за внатрешни работи. „Нашата успешна соработка продолжува и понатака и се надеваме дека во наредниов период ќе преземеме заеднички мерки и активности за поголема безбедност за време на летната туристичка сезона. Уште еднаш им го честитам денешниов ден на полициските…
повеќе...Доделена државната награда „Гоце Делчев“ во три научни области
Денеска, на денот на одбележувањето на 111 години од смртта на најистакнатиот македонски револуционер, во просториите на Собранието на Република Македонија, беше врачена државната награда „Гоце Делчев”, со која се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката, кои се од интерес на државата. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој присуствуваше на свечениот настан, изрази задоволство од фактот што Комисијата во рамки на Министерството за образование и наука, предводена од академик Камбовски, која што ги утврдувала сите трудови за постигнувањата во науката, денеска ќе…
повеќе...Конкурс за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2014 година
Одборот за доделување на државната награда „8 Септември” врз основа на членoт 24 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ бр. 08-721/1 од 20.03.2013 година, распишува: К О Н К У Р С за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2014година Со државната наградата „8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот…
повеќе...Охридските гимназијалци нижат успеси на натпреварите по англиски и математика
Нeoдамна во ОСУ „Св.Климент Охридски” се одржа училишен натпревар по англиски јазик за ученици од втора година. Натпреварот беше организиран од активот по странски јазици и беа избрани 3 ученици кои ќе го претставуваат училиштето на регионалниот натпревар на 3 Мај, а тоа ќе се : Мартин Мурговски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа; Александар Димоски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа; Кирче Алексоски II -1, ментор проф. Сузана Ристеска. Покрај тоа, на меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO кој се одржа во Март, во конкуренција од илјадници…
повеќе...Две награди за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“
Учениците Даниел Здравески ( втора година) и Леонид Стојаноски (трета година) од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ , под менторство на професорот Блаже Јорданоски, освоија две бронзани медаљи на Меѓународниот гастрономски натпревар „ Бисер на морето“ , што од 9 до 13 април се одржа во Супетар, Република Хрватска. На Меѓународниот гастрономски натпревар „ Бисер на морето“ , најзначајната гастрономска манифестација на Медитеранот, во конкуренција на готвачи од целиот свет, охридските ученици приготвуваа главно јадење од сина риба.
повеќе...