Претставена наградената поема на Прличевите беседи

Во рамките на годинешното издание на Прличевите беседи, во Центарот за култура, на посебна свеченост беше претставена наградената поема „ Кирил 1830- Кирил 2001“ , а на авторот Глигор Стојковски му беше доделено високото признание. „Ми претствува особена чест ,искрено да му ја честитам наградата на познатиот македонски писател Глигор Стојковски за поемата „Кирил 1830-Кирил 2001“ и да му посакам позитивна вдахновеност во создавањето на нови литературни дела. Претставувањето на најдобрата поема за 2015 година традиционално се одржува во рамките на „Прличевите беседи“, манифестација востановена пред речиси шест децении. Годинешното…

повеќе...

Победници на изборот за Нај ООР наставници за 2015 година

На изборот за Нај ООР наставник за 2015 година, кој траеше до 31 јануари 2016 година, во кој учествуваа 9 наставници, а својот глас го дадоа 589 гласачи, за Нај ООР наставници беа избрани: – Роза Китрозоска, ООУ „Единство“ Октиси, Струга – изгласана од членовите на Алијансата за ООР -Тања Метикош, ООУ „Дане Крапчев“ Скопје – избрана од стручна жири комисија. Наградата за победниците на изборот е учество на втората Едуконференција за наставници и информатичари 2016 која ќе се одржи во периодот 1 – 3 април, 2016 година во Хотел…

повеќе...

Доделена Светската награда за хуманизам

Со свечена пригода во куќата Уранија на МАНУ, синоќа беше доделена Светската награда за хуманизам на дописниот член на Хрватската Академија на науките, светски познат екуменист, Дарко Гашпаровиќ. Наградата ја доделува Охридската академија за хуманизам, која на еден начин претставува продолжение на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам, а неа ја врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Ова е десетта година по ред како оваа престижна награда се доделува во Охрид, во очи на големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“. „Вечерва е привилегија да се биде во Охрид, во предвечерието на…

повеќе...

Вечерва во Охрид ќе биде доделена Светската награда за хуманизам

Во рамки на празнувањата посветени на Богојавление – Водици, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вечерва во куќата на Уранија со почеток во 19 часот ќе ја врачи Светска награда за хуманизам на годинешниот добитник Дарко Гашпаровиќ. Гашпаровиќ е истакнат хрватски славист, дописен член на Хрватската Акдемија на науки и уметности, книжевен теоретичар и театролог, со меѓународно реноме и светски познат екуменист. По одлуката на седум членото интернационално жири, чиј Претседател е Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, Г-динот Гашпаровиќ истакна дека, по доделувањето на оваа награда на светската…

повеќе...

Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор

Денес во просториите на општина Охрид, беа доделени пофалници за најубаво украсени новогодишни дворови. Годинава на традиционалната акција која ја спроведува локалната самоуправа, учествуваа девет апликанти. Тричлената комисија која направи увид и фотодокументација кај сите учесници, едногласно првата награда ја додели на Климе Караѓуле, втората на Јованка Бубеска Чалдрмоски, а третата награда ја освои Наташа Бошалеска. Пофалниците на најуспешните и најкреативните им ги додели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, кој истакна дека акцијата на локалната самоуправа е да ги стимулира граѓаните со украсувањето на своите домови, покрај убавата слика…

повеќе...

Обраќање на Иванов по повод доделувањето на признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на МНТ

Обраќање на претседателот Иванов по повод доделувањтое на признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на МНТ „Денеска сме собрани поради Македонскиот народен театар, кој не е обичен театар. Симболично, завесата на Македонскиот народен театар беше подигната во самите мугри на македонската државност, со одлуката на Президиумот на АСНОМ. Од тогаш до денес, веќе 70 години, на сцената на овој театар се одигрува животот на цел еден народ. Доволно е да се сетиме на луѓето кои ги оживеаја македонскиот збор и македонската приказна на театарската сцена. Да се сетиме на Јордан…

повеќе...

Претседателот Иванов ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година

Објектот куќа на Водно на проектантите Сергеј Никољски и Иван Мирковски од проектантската куќа Никољски/Смарт ливинг е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година. Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата. „Како Претседател на Република Македонија веќе седма година ја имам честа да бидам покровител на доделувањето на Големата годишна награда за архитектура. И секојпат сум охрабрен од изборот на комисијата, која се соочува со тешка задача – да го избере најдоброто меѓу најдобрите…

повеќе...

Доделување на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва ќе ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година. Свеченото доделување на наградата, чиј покровител е претседателот Иванов, го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

повеќе...

Прогласени најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2014/15

Филип Гачевски, голманот кој со Брегалница изминатава година го сруши македонскиот рекорд на најдолга минутажа без примен погодок и интернационалецот од Палермо, Александар Трајковски ги понесоа признанијата за најдобри македонски фудбалери во сезоната 2014/2015 во изборот на Фудбалската федерација на Македонија кој се одржа во Македонскиот Народен Театар. „Оваа награда која е прва за мене е од огромно значење како силен мотив за уште поголеми успеси во иднина“, – порача Трајковски во видео пораката од Италија. На традиционалниот избор, Филип Гачевски го доби признанието за најдобар во Првата македонска фудбалска…

повеќе...

Добитник на наградата за најдобра поема за 2015 е авторот Глигор Стојковски

Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Добитник на наградата е авторот Глигор Стојковски. Наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. Глигор Стојковски (1952) бил новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, главен уредник на „Култура“, сега е сопственик на издавачката куќа ВиГ ЗЕНИЦА. Автор е на поетски книги: Починка во чисти честички, Пајак, Очно дно, Студена минута, Зад билката молк, Око заборавено на небото, Порој, Капка оловна вода,…

повеќе...