Континуираните заложби на „Алкалоид“ за заштита на животната средина и за енергетски ефикасното работење овој пат беа наградени со престижно признание за „Најдобар регионален проект од областа на одржливата енергија“. Проектот „Надворешна реконструкција на објект за производство – Фармација“, финансиран од Програмата WeBSEFF (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility), беше награден во категоријата „Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на свечена церемонија во Загреб. Оваа програма се реализира во следните држави од регионот: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Досега во „Алкалоид“ се реализирани четири проекти поврзани со…
повеќе...Tag: награда
Доделена книжевната награда „Табернакул“
Во новиот објект на Македонскиот народен театар синоќа свечено беше врачена Меѓународната книжевна награда Табернакул на овогодишните лауреати Херта Милер и Том Стопард. На настанот на кој присуствуваа и претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и бројни гости од јавниот и културниот живот, беа промовирани и нови четири изданија на „Табернакул“, чии автори се овие еминенти писатели. За ликот и делото на Херта Милер говореше Виктор Ерофеев, руски писател и претходен добитник на оваа награда, а за творештвото на Том Стопард свое обраќање имаше…
повеќе...Доделена државната награда „23 Октомври” за 2015 година
Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, во согласност со Законот за државните награди и законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди (Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2015 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно – историското наследство на Република Македонија 1. За…
повеќе...Наградени ученичка и наставничка од ОУ „Кочо Рацин“ на Меѓународен конкурс „Во чест на учителот“
Третооделенката Наталија Димовска од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид освои трето место на Меѓународниот фото конкурс „Во чест на учителот“, додека пак наставничката Виолета Петковска е наградена на конкурсот за наставници, за нејзини 13 трудови, значајни работилници, презентации и меѓународни три дипломи освоени со ученици од проекти. Најдобрите трудови од сите области ќе бидат презентирани во електронскиот зборник „Во чест на учителот“. (http://ucastucitelja.eu5.org) WebOhrid
повеќе...Второ место на литературен конкурс за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“
Ученичката во прва година во ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Крстаноска член на литературната секција, под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски го освои второто место со прозна творба на литературниот награден конкурс „Животот и делото на Васил Иљоски“. По повод одбележувањето на 20 години од смртта на познатиот македонски писател Васил Иљоски, Здружението на граѓани „Академик“ од Крушево на 15 септември 2015 година го распиша овој литературен конкурс на којшто учествуваа ученици од основните и средните училишта во Република Македонија. Изборот на наградените го изврши стручно…
повеќе...Конкурс за доделување повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“
Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува : К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 1. Во чест на празникот „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2015 година, се распишува Конкурс за доделување на Повелбa – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ . 2. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од…
повеќе...Доделена државната награда „11-ти Октомври“ во 2015 година
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2015 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија 1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му…
повеќе...Охридско лето со признание за најдобра манифестација по повод Светскиот ден на туризмот
Фестивалот „Охридско лето“ и оваа година се закити со признание од Министерството за економија за допринос во развојот на туризмот во категоријата- најдобра манифестција. Директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и врвни уметници продолжува и во иднина а фактот дека тоа има голема улога во развојот на туризмот е мотив плус да се биде уште подобар и поуспешен со секое наредно фестивалско издание. „Голема е возбудата повторно, веќе по трет пат, да се добие едно вака големо признание но и…
повеќе...Ана Дурловски ја прими титулата национален уметник на Република Македонија
Сопранот со интернационална кариера Ана Дурловски, добитничка на европскиот оперски оскар „Фауст“ и прв македонски оперски солист кој настапил на сцената на операта „Метрополитен“ во Њујорк, од денеска ја има и титулата национален уметник на Република Македонија. Највисокото државно признание во областа на културата на Дурловски ѝ го врачи претседателот Ѓорге Иванов, кој во своето обраќање истакна дека таа преку своите арии нѐ потсетува на она што нѐ прави луѓе – нашите чувства, судири, дилеми, соништа и стремежи, особено во денешно време на социјални мрежи кога, како што рече, сѐ…
повеќе...Доделени наградите „8 Септември“ за 2015 година
Лазар Лечиќ, македонската кошаркарска легенда, е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело за 2015 година во областа на спортот. Останати добитници, на државната награда „8 Септември“ се алпинистот Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, доајен во карате, кој е одликуван постхумно, Руждија Калач успешен боксер, тренер и селектор, како и Љупчо Стојчевски тренер, селектор и меѓународен судија во кик бокс. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасоски на доделувањето на високото државно признание во Собранието на Република Македонија истакна дека на овој голем дел каков што е…
повеќе...