Согласно Законот за национален уметник на Република Македонија, во Министерството за култура пристигнаа четири иницијативи за титулата национален уметник, и тоа: иницијативата на ЈУ „Младински културен центар“ за Никола Маџиров, иницијативата на НУ „Македонска опера и балет“ за Ана Дурловски, иницијативата на НУ „Албански театар“ за Бајруш Мјаку и иницијативата на „Хуманитарно друштво Хендикепирано лице од Скопје“ за Ремзи Бела. Согласно извештајот доставен од Комисија за утврдување на национален уметник во состав: академик Катица Ќулафкова, академик Газанфер Бајрам, проф.м-р. Јана Андреевска, Оливер Белопета и Раде Силјан, двајца кандидати и тоа:…
повеќе...Tag: награда
„Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева добитник на наградата „Браќа Миладиновци“
Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. Претседателот на жири-комисијата, професорот Зоран Анчевски на денешната прес-конференција, во образложението рече дка авторката недвосмислено покажува дека е поет во вистинска смисла на зборот. Во исто време, додаде, не претендира нејзината поезија да се одликува со длабока симболика или пак со изнасилен излив кој не дозволува нејзината поезија да биде само неконтролиран излив на емоции. „Во книгата Танчева…
повеќе...Димитар Димоски е авторот на наградениот расказ од конкурсот „Живко Чинго“
Охриѓанецот Димитар Димоски е авторот на расказот „Мојата куќа во крс’ џамија“ што годинава беше награден на конкурсот за краток расказ „Живко Чинго“. Расказот беше испратен под шифра „Куќа“, а жирито во состав Смиле Наумоски – претседател и членовите Тоде Илиески и Милчо Јованоски од вкупно 73 токму овој расказ го избраа како најдобар. Младиот Димоски ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата ќе му биде врачена на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи на 13-ти август во охридското село Велгошти. Димитар Димоски е…
повеќе...Златна маска за маестро Иво Погорелиќ од Охридско лето
Фестивалот Охридско лето на хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ, кој со двата концерти во црквата Св. Софија направи вистински музички бум, му подари реплика на Златна маска од Требениште, а неговиот менаџер на поклон доби пеперутка од филигран. Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, заблагодарувајќи се на големиот маестро за неповторливиот настап и вториот концерт со кој матадорот на пијаното, маестро Иво Погорелиќ, ја маѓепса публиката, рече дека уникатната изведба, исполнета со многу енергија, длабока емоционалност и сензибилитет ја остави без здив многубројната странска и домашна публика.…
повеќе...Исплатена премија од 30.000 евра на сениорската репрезентација за пласманот на ЕП Полска 2016
Ракометната Федерација на Македонија денес ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на ЕП Полска 2016. Македонија обезбеди „виза“ за Полска со две победи над националната селекција на Швајцарија и една над Чешка во рамки на квалификацискиот циклус. Ова е четврти обезбеден пласман на македонските машки сениори на големите континентални натпреварувања. На ЕП Полска 2016, Македонија ќе се натпреварува во групата А, против актуелниот светски шампион Франција, домаќинот Полска и против Србија.
повеќе...Конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за наградата за најдобар расказ. Услови за учество на Конкурсот: 1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок; 4. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2015…
повеќе...Пупинов медал за професор Павле Митрески
Денес на пригодна свеченост на професор д-р Павле Митрески му беше врачен „Пупинов медал“ за неговото творештво посветено на големиот светски научник Михајло Идворски Пупин. Одликувањето го доделува фондацијата “Младен Селак“ од Белград, Република Србија, продолжувач на Пупиновиот фонд формиран во првите децении на 20 век. Во трите свои дела посветени на големиот светски научник, професор Митрески со автентични историски и библиографски податоци, ги докажува македонските корени на семејството Пупин, кои водат до Москополе, денешна Република Албанија. „Она што е највпечатливо во приодот на оваа тематика кај професорот Митрески, е…
повеќе...Уште еден успех на младата поетеса Наталија Стрезовска од ОУ „Св.Климент Охридски“
Седмооделенката Наталија Стрезовска од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид се закити со трета награда за литературна творба, од вкупно 92 творби од цела Македонија, на конкурсот кој е дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“, а во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија со поддршка од Министерството за образование и наука на Република Македонија, ZFD Forum и Град Скопје. Таа преку својата творба „Песна за холокаустот“ го искажа своето видување за страотните случувања на Еврите за време на Втората светска војна, со јасна…
повеќе...ОУТУ„ Ванчо Питошески“ доби пофалница за учество на Trash Fashion 2015
По повод 5 jуни – Светскиот ден на животната средина, а од минатата година дел и од настаните на листата на Обединетите Нации – програмата за животната средина UNEP, се одржува Trash Fashion Macedonia 2015 натпревар на модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад. Петтото јубилејно издание на Trash Fashion Macedonia кое ги обединува средношколците од цела Македонија во модно шоу со кое на креативен начин се одбележува Светскиот ден на животната средина ја преполни дансинг салата во Младинскиот културен центар во Скопје. Во својата креација вредните средношколци од…
повеќе...Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 годинa
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ја информира јавноста дека е во тек Конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година. Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2015 година … Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда, според условите определени во Конкурсот,…
повеќе...