Интeрактивниот портал за тутори на МОН од денеска во функција

Интeрактивниот портал за тутори www.tutori.mon.gov.mk на Министерството за образование и наука преку кој ќе им се помага на учениците да добиваат бесплатни дополнителни часови од страна на студентите од денеска е во функција. Овој портал ќе ги поврзе родителите на учениците на кои им се потребни дополнителни бесплатни часови и студентите-тутори. Сите заинтересирани студенти од први до 30 октомври ќе можат да се пријавуваат за тутори. Заменик министерот за образование и наука денеска истакна дека бесплатни дополнителни часови по одредени предмети ќе можат да добиваат учениците од шесто до деветто…

повеќе...

Дводневна работилница „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020“

Министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на отварањето на дводневната работилница во рамките на ЕУ Проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020.” „Министерството за образование и наука започнувајќи од февруари оваа година води еден широк консултативен процес за креирање на нов релевантен стратешки документ за образование. При што амбициите се насочени кон вклучување на што е можен поширок круг на образовни практичари од сите нивоа на образование, организации што работата за унапредување на образованието, но и институции и организации кои се повразни…

повеќе...

Програма по „Кембриџ“ од идната година и во средното образование

Примената на учебници по наставната програма од „Кембриџ“ за математика и за природни науки целосно заврши во основното образование, а од следната година проектот ќе продолжи и во прва година средно образование, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Заменик-министерот рече дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои досега недостигаа и дека за 40-тина дена ќе биде објавен повик. Тој истакна дека во следните три години, постепено ќе се менуваат учебниците и во средно стручно, кои ќе да…

повеќе...

Врвни тренери од странство ќе бидат дел од Спортската академија

Врвни спортски тренери од странство ќе бидат агажирани да работат и да пренесуваат знаење и искуство на учениците од Спортската академија, кои се определиле за некој од спортовите фудбал, ракомет, кошарка или тенис. Ова денес го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски при посетата на Спортската академија, при тоа додавајќи дека оваа мерка за поддршка и развој на македонскиот спорт ќе започне да се спроведува од следната година. „Станува збор за исклучителна мерка која треба многу да го подобри и да го поддржи квалитетот на спортот и…

повеќе...

Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност, наменети за предавања, истражувања, студиски или уметнички престој на словачките јавни универзитети во академската 2016/2017 година. Стипендиите ги обезбедува Владата на Словачката Република и истите во целост ги покриваат трошоците за живот на стипендистот за време на престојот. Додека, трошоците за меѓународен превоз ги покрива Министерството за образование и наука на Република Македонија. Пријавувањето трае до 31 октомври 2016 година, а повеќе информации за начинот, условите, критериумите, потребните…

повеќе...

Институтот за педагогија при УКИМ прослави 70 години од основањето

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, се обрати на меѓународна научна конференција насловена „Педагогијата во современото глобално општество“, организирана од Институтот за педагогија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, по повод одбележувањето на 70 годишнината од неговото основање. Честитајќи го јубилејот, Ристовски нагласи дека кадарот кој излегува од Институтот за педагогија има големо влијание врв едукацијата на децата уште од најраната возраст. „Кадарот што вие го создавате е дел од секоја воспитно-образовна установа и претставува клучна алка во процесот на едукација и правилно насочување на генерациите…

повеќе...

Промовирање на ИПА проектот за пост – средно образование

Денес, на 19.09.2016, во просториите на ЕУ Инфо Центарот се одржа отворањето на настанот на ИПА проектот за пос- средно образование. Денешниот настан е по повод отпочнувањето на проектот „Поддршка на модернизацијата на системот за пост – средно образование”. Проектот се реализира во рамки на Четвртата ИПА компонента – Развој на човечки ресурси. Присутен на настанот беше министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, претставникот на Делегацијата на Европската унија, Никола Бeртолини, Амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски, проектните лидери, Агнешка Штон Доминик од Институтот за oбразовни истражувања од…

повеќе...

Дипломи за втората генерација магистри од подружницата на Универзитетот „Франклин“ во Македонија

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на свеченото доделување дипломи на втората генерација магистри на Франклин Универзитетот од Охајо, кој соработува со универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола. Ристовски посочи дека како резултат на меѓународната соработка, вложениот труд и пренесеното знаење од врвни професори и експерти, новите кадри се високо конкурентни на домашниот и глобалниот пазар. „Изминативе две години, под водство на врвни професори сте истражувале, сте се надградувале, сте учеле и бидете сигурни дека на долг рок оваа инвестиција ќе ви се исплати“, истакна Ристовски пред…

повеќе...

Ристовски на одбележувањето 55 години постдипломскиот студиум по Монетарна економија, финансии и банкарство

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на меѓународна конференција посветена на „Променливата улога на финансиите во денешниот глобализиран свет“, по повод 55 години од основањето на постдипломскиот студиум по Монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ристовски посочи дека низ годините Еконмскиот факултет со својот иновативен наставен план континуирано креира образовна околина која поттикнува индивидуален и професионален развој кај студентите и истовремено креира кадри вклучени во водечките компании и институциите на системот во сферата на финансиите. „Би го…

повеќе...

Министерот Лутфиу учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основање на Факултетот за исламски науки во Скопје

Денес во Факултетот за Исламски Науки – Скопје се одбележа 20-годишнината на основањето, исто времено се одбележа и почнувањето на новата академска 2016/2017 година. На настанот присуствуваше министерот за образование и наука м-р, Пиштар Лутфиу , кој во своето обраќање изрази задоволство истакнувајќи дека токму на овој датум се одбележува 20-годишната историја по дипломирањето на првата генерација на Медресето „ Иса Бег“. „ Денес Факултетот за Исламски Науки е највисока образовна институција на Исламската верска заедница и придонесува подигање на верската и социјалната свест на муслиманската заедница во Република Македонија.…

повеќе...