Педесет професионални машини за перење и исто толку машини за сушење со капацитет до 10 килограми, ќе се набават за потребите на студентите сместени во студентските домови во земјата. Машините ќе работат на систем на жетони. Машините за перење и за сушење се едно ветување што го дадовме во минатото. Информиран сум од страна на Министерството за образование и наука дека нивни тимови ги посетиле сите десет студенски домови во земјата за да направат проценка каде и колку треба да се набават вакви машини. После таа проценка се направени одредени…
повеќе...Tag: наука
Конференција „Развој на соработката помеѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи“
Одржана конференција по повод отворање на проектот „Развој на соработката помеѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи“ во организација на Министерството за образование и наука , Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Министерството за национално образование, високо образование и научно истражување на Република Франција и Одделот за вработување и учење (ДЕЛ), Северна Искра ,Велика Британија. На конференцијата присуствуваа претставници на делегацијата на Европската Унија, претставници на Министерство за образование и наука на Република Македонија, претставници на Службата за следење на ЦФЦД и Служба за следење и раководење на…
повеќе...Советувања на родители и во оваа учебна година
Во училиштата и годинава ќе продолжат индивидуалните или групни советувања на родители чии деца (ученици) се однесуваат несоодветно и асоцијално, не посетуваат редовно настава или имаат намален успех во учењето. За проектот, кој се спроведува пет години, законски се обврзани стручните психолошко-педагошки служби во основните и во средните училишта. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција рече дека во периодот откога е воведен проектот, реализирани се речиси 70.000 советувања од кои над половината се советувања на родители на средношколци. „Во многу случаи има повторувања, односно ист родител…
повеќе...Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор
Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор кој до училиштата ќе биде дистрибуиран во наредните денови. Мерката ја најави Владата на РМ и ќе ја спроведе Министерството за образование и наука. „Обезбедена е компанија која ќе изврши дистрибуција на училишниот прибор во наредните денови до учениците во местата кои беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста односно на одделението на учениците. Деновиве очекуваме да заврши финалното доставување на списоците од страна на комисијата и на општинските власти кои треба да ги потврдат. Има ученици кои се во…
повеќе...Инфо Ден, „Хоризонт 2020“ – Мари Склодовска-Кири Акции
Министерството за образование и наука во соработка со Македонската академија на науките и уметностите организираат Инфо ден за можностите кои ги нуди програмата за мобилност Мари Склодовска – Кири акции, во рамки на Европската програма за истражување и иновации – “Хоризонт 2020“. Програмата нуди извонредни можности за мобилност на истражувачите од сите категории, индивидуални стипендии, размени на тимови од институции вклучувајќи и административно технички кадар, учество во КО-финансирани програми за постдипломски и докторски студии и слично. АГЕНДА Заинтересираните учесници можат да се регистрираат на следниов линк: https://msca-association.teamwork.fr// како и на…
повеќе...Ристовски: Се е подготвено за почетокот на новата учебна година
Во основните и средни училишта во земјава се врши дистрибуција на учебниците, за кои беше пријавено дека се оштетени. Завршена е и реконструкцијата на 60 училишта во земјава, за почетокот на новата учебна 2016-2017 година се е подготвено и учениците и наставниците со настава почнуваат на први септември, истакна заменик министерот за образование Спиро Ристовски кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на ново спортско игралиште кое е дел од спортската сала „Јордан Мијалков“ – Штип. „Во наредните неколку денови се очекува сите училишта да бидат снабдени со нови препечатени…
повеќе...Ристовски: Заврши комплетната замена на лифтовите во студентските домови
Заврши комплетната замена на старите лифтови со нови во студентските домови во Скопје за што Министерството за образование инвестираше 15 милиони денари. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека веќе е направен технички прием на лифтовите со што тие се ставени во употреба. „Ова е исклучително значајно затоа што на овој начин ќе се подобри целокупната фреквенција и функционалност во студентските домови, а тоа пред се е во интерес на студентите“, истакна Ристовски. Во однос на сместувањето на студентите во студентските домови, Ристовски очекува целосно да бидат…
повеќе...Во тек е доставувањето документи за престој во студентските домови
Од вчера започна доставувањето на документите за сместување и престој во државните студентски домови. Сите студенти од втора и повисоките години на студирање на јавните и приватните високо образовни установи во Република Македонија, кои во периодот од 18 јули до 12 август доставиле електронска пријава за сместување и престој во студентски дом во Скопје, документацијата согласно конкурсот потребно е да ја достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 23 август. Оние што конкурирале за сместување во студентските домови во другите градови, потребните документи ги доставуваат до Комисијата за прием…
повеќе...Започнаа уписите на државните универзитети
Денес започнаа уписите за додипломски студии во академската 2016/2017 година на три од вкупно петте државни универзитети. Кандидатите се пријавуваат за прием во прва година од прв циклус на студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Првиот уписен рок на Државниот универзитет во Тетово започнува утре, а на „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во четврток. Согласно годинашниот конкурс, предвидени се вкупно 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота,…
повеќе...Вкупно 700.000 евра достапни за средните стручни училишта
Стимулативната грант програма чија цел е поврзување на средните стручни училишта со бизнис заедницата, заради унапредување на практичните вештини и знаења на учениците и создавање на квалитетен кадар, подготвен за настап на пазарот на трудот, започна со реализација, информираше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Тој додаде дека на јавниот повик објавен во месец април, аплицирале 43 училишта со вкупно 110 предлог проекти, за доделување на неколку типови на грантови во висина од 5.000 до 20.000 евра и тоа: за финансирање на проекти за реализација на практичната настава…
повеќе...