Условот од 3.5 просек на Спортската академија ќе важи од наредната учебна година

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека законската одредба според која учениците од Спортската академија мора да имаат најмалку 3.5 просечен успех за да можат да запишат следна година во тоа училиште, наместо од оваа, ќе се применува од учебната 2016/2017 година. Како што посочи, одлагањето на примената е со цел да се им се излезе во пресрет на учениците и на родителите кои сметаат дека не биле навремено информирани за одредбата, чија што цел е да се унапреди нивото на квалитет на образованието во областа на…

повеќе...

Започна изградбата на нова спортска сала во Лабуништа

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, заменик министерот Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваа на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала во основното училиште „Мурат Лабуништа“ во струшкото село Лабуништа. Салата ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг и гимнастика. За изградбата на спортскиот објект Министерството за образование и наука обезбеди 42 милиони денари, а дополнително се инвестираат и 12 милиони денари за изградба на потпорен ѕид од…

повеќе...

МОН: Просечната оценка за државната матура за учебната 2015/2016 година е 3,42

Оваа учебна година државна матура полагаше деветтата генерација на ученици кои го завршуваат средното училиште, истакна министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, кој денеска ги презентираше резултатите од матурата.Тој рече дека државна матура полагале вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование. „Прелиминарните резултати, кои се и конечни за оние кои нема да приговараат, ќе бидат објавени денес во 12:00 часот на огласните табли во училиштата и на интернет страницата matura.gov.mk. За учениците кои сметаат дека треба…

повеќе...

Oдбрани кандидати кои ќе бидат корисници на стипендијата „Борис Трајковски” за студии од втор циклус

Oдбрани кандидати кои ќе бидат корисници на стипендијата „Борис Трајковски” за студии од втор циклус за Извршната МБА програма на Универзитетот Шефилд за академската 2016/2017 година. 1. Александра Јовеска Ѓорѓевиќ 2. Андријана Тасевска 3. Бисера Јанкулоска 4. Викторија Дамчевска 5. Горјан Митровски 6. Гоце – Гого Стерјадоски 7. Даниела Аврамовска 8. Даница Алачка Дукоска 9. Дарко Караколевски 10. Евгение Петкоски 11. Емилија Ѓероска 12. Зорана Саватиќ 13. Ирина Ризинска 14. Магдалена Митреска 15. Маја Васкова 16. Марија Бојаџиевска 17. Милена Димитровска 18. Тијана Вуковиќ Вуксановиќ 19. Филиз Вели 20. Фисник…

повеќе...

Министерот Лутфиу учествуваше на 5- та конференција на министри „Платформа на Западен Балкан“

Министерот за образование и наука на Република Македонија м-р Пиштар Лутфиу учествуваше на 5-та конференција на Платформата на Западен Балкан за образование и обука на професионален развој на наставниот кадар во образовните установи, што се одржа во Сараево, Република Босна и Херцеговина. На конференцијата, министерот меѓу другото информираше за активностите кои се преземаат од страна на Република Македонија, со цел да се зголеми квалитетот на образованието, особено во областа на обуката на развојот на професионалните капацитети на наставниот кадар во основните и средните училишта. Министерот Лутфиу, истакна дека Република Македонија…

повеќе...

Се инсталираат нови лифтови во студентските домови

Со инвестиција во вредност од 15 милиони денари се врши промена на постоечките лифтови во државните студентски домови. Предвидена е промена на вкупно осум лифтови, од кои два се во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, каде што денес увид во активностите изврши заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Ова ќе биде исклучително значајно за сите студенти зошто во минатото се соочувавме со проблеми околу функционалноста на лифтовите кои главно беа дотраени. Токму заради тоа како Влада и Министерство донесовме одлука да извршиме комплетна замена на лифтовите…

повеќе...

Објавен е конкурсот за упис на јавните универзитети за академската 2016/2017 година

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на конференција за медиумите информираше дека е објавен конкурсот за уписи на јавните високоборазовни установи во Република Македонија за академската 2016/17 година. Конкурсот предвидува вкупно 24.356 слободни места на петте јавни високообразовни установи во државата. 13.536 места се наменети за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти. Ристовски апелираше до сите идни студенти изборот на областа во која ќе студираат да го направат врз основа на сопствените убедувања, афинитети и предиспозиции,…

повеќе...

Во тек вториот уписен рок на Институтот за филм во Охрид, стипендии од 9.000 евра годишно

Како резултат на неколкугодишните владини заложби, кон крајот на минатата година во Охрид се основаше една исклучително квалитетна, специфична и единствена во регионот – образовна институција, а тоа е Институтот за филм – Филмска академија Охрид, која врши трансмисија на долгогодишната традиција, стандардите и принципите на престижната и петта најстара филмска и телевизиска школа во светот – ФАМУ од Прага, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, на денешната прес-конференција. Академската 2015/2016, успешно ја завршија 7 студенти, постдипломци на двете понудени студиски програми – за сценаристика и драматургија…

повеќе...

Конкурсот за усовршување на наставниците во странство отворен до 1 септември

Наставниците имаат можност да се усовршат професионално на некој од најдобрите 200 универзитети од областа на образованието рангирани на шангајската листа на Џиао Тонг универзитет, за што од оваа година Министерството за образование и наука ќе доделува стипендии. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски потсети дека конкурсот за 2016/2017 година трае до 1 септември и дека наставниците сега, по завршената учебна година, можат да размислат да ја искористат можноста да студираат на магистерски и на докторски студии во странство. МОН во целост ќе го покрие трошокот за уписнина во…

повеќе...

Ученици – лидери на струки во 2015/2016 година

Согласно програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018 година, Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, а со поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата, втора учебна година по ред го имплементираа проектот “Лидер“, во чии рамки се организираат натпревари на локално и државно ниво помеѓу ученици од сродни образовни профили во завршните години во средните стручни училишта. Со тоа, по втор пат во една средношколска генерација, се избраа ученици…

повеќе...