Ненадоместлива загуба за МВР – четворица врвни професионалци трагично ги загубија животите

„Синоќа се соочивме со едни од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството за внатрешни работи.  Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството. Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните. Дозволете да им изразам најдлабоко сочуство на семејствата на: 1. Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.  2. Марјан Трајковиќ роден…

повеќе...

Се сруши полициски хеликоптер во Струмица, четворица загинати

Полициски хеликоптер се урна вечерва во близина на Струмица. Точниот број на патници во хеликоптерот не се знае, но според неофицијални информации загинале две или четири лица. Противпожарните екипи ги гаснат остатоците од хеликоптерот, а увидот уште е во тек. Според првичните информации од очевидци на терен, хеликоптерот најверојатно закачил предавателски антени во близина на Кванташкиот пазар во Струмица. Хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. Извор: Нет Прес

повеќе...

Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново Село

Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 17 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново Село.  Поради сериозноста на повредите, по првично пружената неопходна медицинска помош во болницата „Св.Еразмо“, доцна синоќа во ургентниот центар во Скопје испратени се П. К. (48) и С.П. (46) двајцата од Охрид. Во болницата „Св.Еразмо“ задржан е И.П. (24) од Охрид кај кого биле констатирани скршеници во левата натколеница.  Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Мерцедес“…

повеќе...

Повредени повеќе лица во судар на воз и автобус на патот Штип-Велес

Како последица на сообраќајната несреќа која се случи утрово на патниот правец Штип-Велес на железничкиот премин во близина на с.Лозово помеѓу воз и автобус, во штипскиот клинички центар се донесени 16 повредени лица од кои 11 се задржани на хирургија додека останатите 5 на ортопедија. Во општата болница во Велес се примени 16 повредени од кои 3 потешко и веднаш истите се препратени во Скопје, 11 задржани на болничко лекување а 2 полесно повредени се пратени на домашна нега. Министрите за здравство и за транспорт и врски, Никола Тодоров и…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Струга-Дебар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта. Ветон Ш. (19) од струшкото село Горно Татеши на лице место им под- легнал на повредите додека  со телесни повреди се здобил сопатникот Б.А.(18) од истото село. Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Опел вектра“, поради неприлагодена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот а откако го вратил возилото на коловоз повторно…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што утрово околу 9 часот се случи на регионалниот пат Гостивар-Кичево кај месноста „Сатеска“ во близина на кичевското село Зајас. Младица С. (80) од Скопје на лице место им подлегнала на повредите, со тешки телесни повреди се здобила В.П.(59) од Скопје додека лесни повреди биле констатирани кај  В.К. (53) од Скопје.  Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“ кое се движело во правец кон Кичево, а било управувано од В.П. излетало од патот удирајќи ја…

повеќе...

Ефикасна акција на охридската противпожарна единица

Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Охрид  на бензинската пумпа што се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“, вчера се спасени тројца охриѓани на возраст од 64, 55 и 46 години. Инцидентот се случил утрото кога тројцата охриѓани чистејќи го 12 метри долгиот резервоар за дизел гориво паднале во бесознание поради штетното испарување и недостиг на кислород. Како што информираа од охридската Територијална противпожарна единица тие вчера околу 8. 22 ч. добиле дојава за случајот од Секторот за внатрешни работи од Охрид, по што…

повеќе...

Македонија во „шок“ по трагичната вест за Милошевски

Со неверување македонската јавност ја прими веста за загинувањето на директорот на фудбалската репрезентација Петар Милошевски кој го загуби животот синоќа во стравична сообраќајна несреќа во близината на Куманово. Според информациите Милошевски со претседателот Ѓорѓиоски и со уште две лица, возачот Зоран З. и вработената во федерацијата Рахила А., кои биле во возилото марка „Пежо“ се судриле со џип, а судирот бил фатален за поранешниот голман, додека првиот човек на федерацијата, кој управувал со возилото, се здоби со скршеница на раката. По веста на „Телеграф“ истата беше како лавина пренесена…

повеќе...

Одбележана 10-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

Со комеморации во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска беше одбележана десетгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Семејството и бројни делегации положија венци на гробот на Трајковски во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел. Македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов присуствуваше на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски во Ротимље, на местото каде што се урна авионот. – Македонија загуби голем државник и визионер со европска и евроатлантска стратегија, регионот миротворец посветен…

повеќе...

Се одбележуваат 10 години од смртта на претседателот Трајковски

Денеска се одбележуваат десет години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Мостар. Во Босна и Херцеговина ќе присуствува македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, а во тој состав ќе биде и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, како и претставници на АРМ. Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положи собраниска делегација составена од Светлана Јакимовска, Сузана Салиу, Силвана Бонева, Игор Ивановски и Рејхан Дурмиши. Претседателот Борис Трајковски загина на денешен…

повеќе...