Охриѓанец со своето возило удрил сообраќаец

На 14 февруари  во 17:30 часот во Охрид на раскрсницата од бул. „Македонски Просветители“ и ул. „Димитар Влахов“, униформиран полициски службеник од СВР-Охрид при вршење работи од областа на сообраќајот, преупредување на лицето А.Ј.(28) од Охрид поради паркирање на ПМВ на обележан пешачки премин, истиот одбил да го тргне возилото, по што во еден момент го стартувал истото и со предниот браник го удрил полицаецот во пределот на десната подколеница. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

повеќе...

Одбележaна шестгодишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

На спомен обележјето кај катлановско Блаце денеска беше одбележана шестгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ. По повод одбележувањето на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа, венци со свежо цвеќе положија делегации од Генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Министерството за одбрана, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, Првата механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр.

повеќе...

Ловџија од Октиси со повреда во пределот на окото префрлен во Болница Охрид

На 28.12.2013 година околу 07:40 часот во атарот на с.Октиси, струшко Ј.А.(42) од с.Октиси, додека со својот пријател биле на лов на дивеч, при испукување од неговата ловна пушка, сачмата се одбила од камен и го повредила во пределот на окото. Истиот е пренесен во Медицински Центар Струга од каде поради сериозноста на повредата е префрлен во Болница Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Две возила се судрија на влезот од Лескоец

Денес околу 12:30 часот на влезот од Лескоец се случи сообраќајна незгода во која учествуваа две возила, „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблички и комбе „Цитроен“ со прилепски таблички.  „Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила. Причинета е незначителна материјална штета. Нема посериозни последици по човечки животи. Причината за незгодата дополнително ќе се утврдува, но најверојатно станува збор за непридржување на брзината на движење на возилата,“ – изјави за WebOhrid, портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски. Од страна на СВР Охрид направен е увид на лице место, а…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода во близина на струшкото село Велешта

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што во 22 часот и 30 минути по полноќ се случи на регионалниот пат Охрид-Дебар во близина на струшкото село Велешта. Ресул К. (20)  од Велешта им подлегнал на повредите додека со возило на брза помош бил превезуван од општата болница во Струга кон болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.  Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици, со предниот дел директно удрил во задната лева страна на полуприколка од товарно моторно…

повеќе...

Три лица ги загубија животите во сообраќајна незгода во Кичево

Три лица ги загубија животите а две имаат телесни повреди во сообраќајната незгода што рано утрово во четири часот и десет минути се случи на улицата „Ужичка република“ во Кичево.  Адмир В.(25) Јетон Е.(25) и Мурат А.(27) сите од Кичево, на лице место им подлегнале на повредите додека Г.С. (27) и Р.С.(26) од Кичево се здобиле со телесни повреди. Поради сериозноста на повредите Р.С. е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога патничкото моторно возило „Голф“ со кичевски регистарски таблици движејќи се по…

повеќе...

Прегазен пешак на булеварот „Железничка“

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 09 часот и 35 минути се случи на булеварот „Железничка“ во Охрид. Цветко С. (61) од Охрид им подлегнаа на повредите по тешките телесни повреди здобиени од удар на патничко моторно возило марка „Пежо 207“ со охридски регистарски таблици управувано од В.Н. (24) од Охрид. Истиот со возилото се движел по булеварот „Железничка“ кон улицата „15 корпус“. По незгодата, со здобиени тешки телесни повреди, сега починатиот Цветко С. итно бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде по…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Подмоље-Ќафасан

Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што денес, во 16 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Ќафасан непосредно после крстосницата за селото Мислешево.  Љатифа М.(58) од Струга им подлегнала на повредите во општата болница во Струга каде веднаш била пренесена откако врз неа налетало патничко моторно возило марка „БМВ“ со струшки регистарски таблици управувано од Д.К.(41) од Струга. Истиот, по барање на истражен судија е задржан во полициската станица од Струга и земени се крв и урина за понатамошна анализа. Тешката сообраќајна незгода се случила…

повеќе...

Паднатиот чинар и оштетениот мерцедес сè уште чекаат вештачење на елементарната непогода

Дрвото што деновиве падна врз речиси новиот мерцедес во Косел, најверојатно било многу старо и опасноста демнела со години. За жал, укажувањата на  мештаните  дека  несреќата ќе се случи, и се обистини, но сета среќа во оваа несреќа е тоа што немаше човечки жртви. Материјалната штета е голема и сопственикот, како што дознаваме, ќе  испрати тужба до надлежните, кои требало да се погрижат за стариот чинар – кој бил опасен и (сега се виде) катастрофален за околината!

повеќе...

Едно лице го загуби животот при тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 03 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на подвозникот на излезот од градот. Агрон С. (19) од кичевското село Поповјани  на лице место им подлегнаа на повредите додека Ј.Д. (24) од Кичево се здобил со  повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога Ј.Д. управувајќи патничко моторно возило Застава“ со кичевски регистарски таблици, движејки се по магистралниот пат изгубил контрола над возилото и излетало…

повеќе...