Ристовски: Се е подготвено за почетокот на новата учебна година

Во основните и средни училишта во земјава се врши дистрибуција на учебниците, за кои беше пријавено дека се оштетени. Завршена е и реконструкцијата на 60 училишта во земјава, за почетокот на новата учебна 2016-2017 година се е подготвено и учениците и наставниците со настава почнуваат на први септември, истакна заменик министерот за образование Спиро Ристовски кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на ново спортско игралиште кое е дел од спортската сала „Јордан Мијалков“ – Штип. „Во наредните неколку денови се очекува сите училишта да бидат снабдени со нови препечатени…

повеќе...

Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програмата

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните…

повеќе...

Ристовски: Заврши комплетната замена на лифтовите во студентските домови

Заврши комплетната замена на старите лифтови со нови во студентските домови во Скопје за што Министерството за образование инвестираше 15 милиони денари. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека веќе е направен технички прием на лифтовите со што тие се ставени во употреба. „Ова е исклучително значајно затоа што на овој начин ќе се подобри целокупната фреквенција и функционалност во студентските домови, а тоа пред се е во интерес на студентите“, истакна Ристовски. Во однос на сместувањето на студентите во студентските домови, Ристовски очекува целосно да бидат…

повеќе...

Во тек е доставувањето документи за престој во студентските домови

Од вчера започна доставувањето на документите за сместување и престој во државните студентски домови. Сите студенти од втора и повисоките години на студирање на јавните и приватните високо образовни установи во Република Македонија, кои во периодот од 18 јули до 12 август доставиле електронска пријава за сместување и престој во студентски дом во Скопје, документацијата согласно конкурсот потребно е да ја достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 23 август. Оние што конкурирале за сместување во студентските домови во другите градови, потребните документи ги доставуваат до Комисијата за прием…

повеќе...

Започнаа уписите на државните универзитети

Денес започнаа уписите за додипломски студии во академската 2016/2017 година на три од вкупно петте државни универзитети. Кандидатите се пријавуваат за прием во прва година од прв циклус на студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Првиот уписен рок на Државниот универзитет во Тетово започнува утре, а на „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во четврток. Согласно годинашниот конкурс, предвидени се вкупно 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота,…

повеќе...

Започна санацијата на културниот дом во Лешани

Во присуство на Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, претседателот на Советот на Општина Дебрца, Даниел Огненоски, претставници од Основното училиште од општината и локалното население започна санацијата на Културниот дом во Лешани. Како што велат од Општината, Културен дом кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ „ДЕБРЦА” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар.  Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население. Инаку од пожарот што во ноември…

повеќе...

Вкупно 700.000 евра достапни за средните стручни училишта

Стимулативната грант програма чија цел е поврзување на средните стручни училишта со бизнис заедницата, заради унапредување на практичните вештини и знаења на учениците и создавање на квалитетен кадар, подготвен за настап на пазарот на трудот, започна со реализација, информираше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Тој додаде дека на јавниот повик објавен во месец април, аплицирале 43 училишта со вкупно 110 предлог проекти, за доделување на неколку типови на грантови во висина од 5.000 до 20.000 евра и тоа: за финансирање на проекти за реализација на практичната настава…

повеќе...

Продолжува проектот за бесплатни учебници

Проектот за бесплатни учебници за основци и за средношколци за кои во изминатите години се дадени околу 40 милиони евра ќе продолжи оваа година. Се планира за таа цел да бидат вложени 11 милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. „Проектот е воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, не беше ветен во програмата, но сепак, година две откако дојдовме на власт оценивме дека тоа би била значајна помош за семејствата затоа што илјадници семејства плаќаа околу 100 евра за учебници за своето дете. Оние што имаа по две или три…

повеќе...

Условот од 3.5 просек на Спортската академија ќе важи од наредната учебна година

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека законската одредба според која учениците од Спортската академија мора да имаат најмалку 3.5 просечен успех за да можат да запишат следна година во тоа училиште, наместо од оваа, ќе се применува од учебната 2016/2017 година. Како што посочи, одлагањето на примената е со цел да се им се излезе во пресрет на учениците и на родителите кои сметаат дека не биле навремено информирани за одредбата, чија што цел е да се унапреди нивото на квалитет на образованието во областа на…

повеќе...

Започна изградбата на нова спортска сала во Лабуништа

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, заменик министерот Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваа на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала во основното училиште „Мурат Лабуништа“ во струшкото село Лабуништа. Салата ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг и гимнастика. За изградбата на спортскиот објект Министерството за образование и наука обезбеди 42 милиони денари, а дополнително се инвестираат и 12 милиони денари за изградба на потпорен ѕид од…

повеќе...