Продолжува обуката на младите од Црвен крст Охрид за штетноста од конзумирање алкохол

Денес во просториите на Црвен крст Охрид, продолжува реализацијата на обуката на младите волонтери на Црвен крст Охрид за штетноста од конзумирање алкохол и начините за превенција на алкохолизмот особено кај младите луѓе. Обуките, под водство на Владимир Панзов Претседател на Здружението на апстиненти „Здрав Живот“ од Скопје, започнаа на 13 февруари, а имаат за цел да го подигнат нивото на знаења кај младите волонтери на Црвен крст Охрид за алкохолот како порок и зависност, кои понатака своите знаења ќе ги шират помеѓу своите врсници. Дел од учесниците на овие…

повеќе...

Црвен крст Охрид започна со изведување обуки по прва помош со вработените во образовните институции во Охрид и Дебарца

Во рамките на своите активности во делот на првата помош, со цел освежување на постоечките и стекнување на нови знаења за укажување на прва помош, Црвен крст Охрид започна со изведување обуки по прва помош со вработените во образовните институции во Охрид и Дебарца. Обуките ги содржат најновите знаења, вештини и техники за укажување прва помош според стандардите на Велика Британија, а ги водат меѓународни инструктори на Црвен крст Охрид. Повеќе детали и информации за тоа можете да добиете на обуката која денес, утре и задутре во периодот од 10…

повеќе...

Припадниците на пСО покажаа врвна обученост за извршување на борбени дејства во зимски услови

Денеска Министерот за одбрана Талат Џафери, во придружба на заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини и државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, ги посетија припадниците на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на локалитетот покрај регионалниот пат Маврово-Ростуше демонстрираа обука во зимски услови. „Тука уште еднаш се уверивме во способноста на полкот за специјални операции. Можам да кажам дека тие се одлично подготвени и можат да извршуваат активности во многу сложени услови“, истакна министерот Џафери во рамки на посетата. Воедно, министерот додаде дека она…

повеќе...

На конкурсот за пилоти досега 91 пријавен кандидат

Деведесет и еден кадидат, меѓу кои и девет жени, досега се пријавени на неодамна распишаниот конкурс на МВР за прием на 12 пилоти. Ова го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. – Огласот трае 28 дена и до финалниот рок остануваат уште цели три недели. Очекуваме, како што се доближува истекот на рокот, бројот на кандидати да расте. Наша претпоставка е дека дел од кандидатите се уште прибираат документација и оти ги прават оние неопходни административни подготовки за да ја поднесат финалната апликација, појасни Јанкулоска. Голем број млади луѓе,…

повеќе...

Обуки за е-Даноци во месец февруари

Среда, 05.02.2014 – Среда, 26.02.2014, Битола, Скопје, Струмица, Кочани, Богданци, Тетово, Прилеп, Градско, Виница, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Штип, Струга, Валандово, Гостивар, Демир Капија, Куманово, Демир Хисар и Дебар Период: Од 5 до 26 февруари 2014 година Локација: Битола, Скопје, Струмица, Кочани, Богданци, Тетово, Прилеп, Градско, Виница, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Штип, Струга, Валандово, Гостивар, Демир Капија, Куманово, Демир Хисар и Дебар. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките…

повеќе...

Започнаа обуките за основен курс по англиски јазик во ОУ „Св.Климент Охридски“

Во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид започнаа обуките за основен курс по Англиски јазик. Обуките се наменети за сите вработени од училиштето вклучувајќи го и техничкиот персонал. „Поради учеството во повеќе меѓународни проекти како и за подобрување на квалитетот на наставата беше увидено дека вработените имаат потреба за усовршување и учење на англискиот јазик. Овој курс започна минатата недела и ќе трае се до 15 јули оваа година. Обуките се бесплатни и ги изведува професорката по Англиски јазик Марина Шокева. Целта е наставниците да стекнат знаења од англискиот…

повеќе...

Ѓуровски и Стратев предавачи на едукативни тренерски семинари низ фудбалските региони

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски и координаторот на младинските национални селекции, Зоран Стратев во петок во Велес ќе започнат со реализација на едукативениот семинар за тренери кои ќе имаат прилика за учење и стручна анализа. Едукативниот семинар ќе се реализира низ сите фудбалските региони во државата.  Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Бошко Ѓуровски ќе претстави програма за работа на екипите во фаза на подготовки, а главниот фокус во практичниот дел од семинарот ќе биде претставување на дефанзивна и офанзивна фаза во систем 4-2-3-1. „Сите ние кои сме…

повеќе...

Македонски менаџери на практична обука во странство

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на прес-конференција истакна дека пред неколку денови за прв пат се информираше за втората фаза од реализација на Проектот за ангажирање на странски експерти за потребите на домашните компании. Тие странски експерти со своите знаења, вештини и способности ќе помогнат на домашните компании кои пројавија интерес за тоа на јавен повик на кој се пријавија стотина компании. Втората фаза од проектот „Топ менаџмент“ значи поддршка за нашите, домашните менаџери да одат на практична обука, која ќе се спроведува во странски компании, проект со…

повеќе...

Продолжуваат обуките на општинската администрација за изготвување на проекти

Денеска во општинската зграда се одржа втората работилница за едукација за изработка и менаџирање на проекти  на која присуствуваа вработените од општинската администрација и јавните претпријатија. Пред присутните беа презентирани основите за аплицирање, имплементација и финансико работење на проекти од европските фондови. Пристапот до европските фондови и искористувањето на средствата од нив претставуваат голема придобивка за граѓаните и општеството во целина. Токму од овие причини во управувањето со ЕУ, во  фондовите мора да се следат строги финансиски, контролни и ревизорски процедури кои произлегуваат од позитивните законски норми на Унијата. Целта…

повеќе...

Македонски лекари ќе се обучуваат во израелскиот медицински центар Шнајдер

Министерот за здравство Никола Тодоров, кој придружуван од директорката на Универзитетската клиника за детски  болести д-р Аспазија Софијанова, е во еднодневна посета на Израел, потпиша Меморандум за соработка со реномираниот Детски медицински центар Шнајдер, со седиште во Тел Авив. Детскиот медицински центар Шнајдер, соопшти Министерството за здравство, од своето основање во 1991 година е претпознатлив како институција за медицински и академски достигнувања. Меморандумот е со важност од пет години, со можност за продолжување и подразбира соработка во делот на медицинската едукација и обука во следните области: педијатриска кардиологија и кардиохирургија,…

повеќе...