Проектот за обука на лекарите и останатиот медицински персонал во современите медицински центри во странство се спроведува успешно. До август веќе се испратени околу 600 лекари и медицински персонал, а до крајот на годината се очекува да бидат пратени на обука уште 400 со цел да се заокружи бројката од 1.000 лекари и медицински персонал, оцени премиерот Никола Груевски. Одговарајки на новинарско прашање, премиерот Груевски посочи дека две години по ред во познатите болници во странство се испратени по 500 лекари и медицински персонал, а оти од годинава согласно законот…
повеќе...Tag: обука
Едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош
Како дел од обуката по прва помош која под водство на инструктори по прва помош од Операција Флориан, Англија и Црвен крст Охрид се реализира деновиве во Црвен крст Охрид, предвидено е да се реализира јавна, едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош. На презентацијата којa ќе се одржи вечерва во 19 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, стекнатите знаења по прва помош ќе ги презентираат оние кои беа дел од обуката по прва помош: членови од противпожарните бригади од Охрид и Струга, претставници на…
повеќе...Обуки за укажување на прва помош и за спасување и извлекување на давеници на брзи води
Во рамки на своите активности во делот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, Црвен крст Охрид својата пет годишна плодна соработка со Операција Флоријан, од Манчестер Англија, ја продолжува и оваа година со организирање на обуки за укажување на прва помош и обука за спасување и извлекување на давеници на брзи води. Обуките ќе ги водат реномирани инструктори за прва помош и безбедност на вода на Операција Флориан и Црвен крст Охрид, а ќе бидат наменети за припадниците на Граничната полиција, членовите на Противпожарните бригади од Охрид и Струга, припадници…
повеќе...Меѓународен курс за управување со чамци
Со поддршка на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје беше реализран меѓународен курс за управување со чамци на Крајбрежната стража на САД. Курсот беше одржан минатиот месец во водите на Охридското Езеро и езерското крајбрежје. На меѓународниот курс учествуваа полициски службеници од РЦ за ГР-Запад и Југ и царински службеници од Царинската управа на Р. Македонија и полициски службеници од Р. Албанија и Р. Косово. Курсот е наменет за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Курсот…
повеќе...Обука за напредни ИТ вештини за 220 невработени лица
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на Агенција за вработување на Република Македонија Влатко Поповски на прес конференција за медиумите информира за Јавниот оглас за долгорочно невработени лица за учество во Обуки за напредни ИТ вештини. „Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување и министерството за информатичко општество и администрација ја овозможуваат оваа обука за напредни ИТ вештини коишто се побарувани на пазарот на трудот, односно од коишто имаат потреба работодавачите од вакви…
повеќе...„Акватика“ врши упис на нови членови во школата за едрење
Клубот за спортови на вода „Акватика“ врши упис на нови членови на возраст од 7 до 12 години во школата за едрење која започнува на 15- ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето. Уписите ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа на плажа Горица 1, до поранешен х.Парк (Голден Бич) од денес 10-ти до 14-ти јуни, од 11:00-17:00 часот. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. „Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски…
повеќе...Започна „Обуката за обучувачи“ – Односи со јавност“
Министерството за внатрешни работи-Секторот за односи со јавноста и информации од јавен карактер во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје од денеска започна со реализација на првиот од двата модула на “Обуката за обучувачи: Односи со јавност”. Целта на обуката е лицата од Министерството за внатрешни работи кои имаат искуство и знаење од односите со јавноста да се стекнат со вештини истото да го пренесат и на други вработени во организацијата. Инаку по завршување на обуката предвидено е учесниците да бидат компетентни и самите да спроведуваат успешни обуки на…
повеќе...Објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери
Семинар за родова обука за офицери и подофицери
Денес во касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за прв пат се реализира родова обука со офицерскиот и подофицерскиот кор. Вкупно беа обучени 85 припадници. Фокусот на семинарот за родовата обука за офицерите и подофицерите беше на Родови поими и дефиниции, Меѓународните правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста, Националниот акционен план на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325…
повеќе...Во Струга се одржува обука за изработка на локални младински стратегии за општинската администрација
Од 24-ти до 26-ти април во Струга се одржува обука за локалната администрација од општините Гази Баба и Бутел за водење на процесот за изработка на локалните младински стратегии за двете општини. На обуката се дефинира методологијата за изработка на локалните младински стратегии согласно со прирачникот за креирање на локални младински стратегии, во издание на Коалиција СЕГА. Во рамките на проектот и активностите кои беа реализрани до сега, идентификувани се состојбите, потребите и приоритетите на младите во општините Гази Баба и Бутел, врз база на фокус групи со млади и…
повеќе...