Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени се прекршочни пријави за управување…
повеќе...Tag: охридско езеро
Одржано државното првенство во кајак на мирни води
Денес во Охрид се одржа Државно првенство во кајак на мирни води. Охридските кајакари на ККК „ЕХО“ од Охрид по 20 години успеаа да го вратат приматот на Охрид за најдобра екипа во кајак на мирни води во Република Македонија. Државното првенство се одржа во организација на Комитетот за спринт (кајак на мирни води), а домаќин беше кајакарскиот клуб „ЕХО“ од Охрид. Постигнати се следните резултати: Првото место и со злато се закити екипата на ККК „ЕХО“ од Охрид, второто место и сребрен медал го освои екипата на ККК „Црн…
повеќе...Забележани низа неправилности кај одредени концесионери на плажи во Охрид
Локалната самоуправа од Охрид почнува со реализација на јавно искажаните заложби за ставање ред во почитувањето на договорите за коцесија на плажите кои се потпишани со концесионерите, а кои со години наназад не се почитуваат и не се исполнуваат обврските кои произлегуваат од договорите за концесионерите. Инспекторатот деновиве вршел контроли на повеќе плажи и констатирано е дека плажата „Потпеш“ целосно го прекрила просторот со лежалки за кои се наплатувало од страна на лица ангажирани на плажата, без притоа воопшто да се остави слободен простор. Оваа состојба е уредно документирана од…
повеќе...При контрола во водите на Охридското Езеро затекнати рибокрадци од Пештани
На 10.07.2014 година околу 05,00 часот, од страна на униформиран полициски службеник од полициската станица за граничен надзор-Охридско Езеро, при вршење патролна служба во водите на Охридското Езеро, во близина на населба Лагадин, во чамец како ловат риба биле затекнати се З.В.(52) и С.Р.(32) двајцата од Пештани, охридско. Со потврда за привремено одземени предмети, уловот бил одземен, а лицата се приведени во Полициската станица. Се работи на целосно документирање на случајот.
повеќе...Исчистени дел од некомерцијалните плажи на Охридското крајбрежје
Преку 30 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, како и вработени во ЈП „Охридски Комуналец“ и претставник на Лионс клубот „Gathenhielm“ од Гетеборг, Шведска од раните утрински часови ги чистеа некомерцијалните плажи на Охридското крајбрежје. Почнувајќи од просторот кај Велгошка Река, на потегот од Грашница до населбата Даљан и во делот на трските кај Холандскиот парк, за само 2 часа беа собрани преку 30 вреќи со најразличен отпад, во кој преовладуваше пластичниот – шишиња и најразлична амбалажа, гума и сл. Акции од ваков тип во соработка со ЈП…
повеќе...Завршна вежба од обуката на полициските службеници за спасување давеници и давање прва помош
Во завршниот дел од обуката на на полициските службеници од Регионалните центри за ГР- „Запад“ и „Југ“ за спасување на лица давеници и пружање прва помош на крајбрежјето од Охридското езеро помеѓу двете пристаништа, пред хотел Палас во Охрид беше изведен завршната вежба од обуката на спасување давеник, во која учествуваа 14 полициски службеници поделени во две групи. По однапред подготвено сценарио се симулираа мерките за спасување на давеник и давање прва помош, што воедно значеше и практично оценување на полициските службеници кои учествуваа на обуката за нивните стекнати вештини…
повеќе...Безживотно машко тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
По добиеното телефонско јавување за пронајден давеник утрово во водите на Охридското езеро, СВР Охрид ги презеде сите мерки за идентификација односно утврдување на идентитетот на удавеното лице. Александар Ѓ. (25) од кочанското село Зрновци е лицето што во безживотна состојба утрово во 07 часот и 20 минути е забележано во водите на Охридското езеро. Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри. На местото на настанот увид…
повеќе...Од 1 јули ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата
Од 1 јули почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Ограничувањата за пловидба на скутерите, според првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата. Инспекторите, како што посочи, постојано се на терен, без разлика на викенд или паразник.…
повеќе...Обука за гранична полиција за спасување на вода
Специјалистичка обука и вежби на тема „Спасување на давеник во вода“ и „Обука за укажување на прва помош“ се изведуваат овие два дена за полициските службеници од полициските станици за граничен надзор „Охридско езеро“, „Стар Дојран“, „Маркова нога“ и “Стење“. Обуката за спасување на давеник во вода ја спроведуваат сертифицирани инструктори од Црвениот Крст – Охрид, а обуката за укажување на прва помош ја реализираат инструктор од Англија и инструктор од Црвен крст од Охрид. Теоретскиот дел од обуките за припадниците на граничната полиција се изведуваат во просториите на Црвениот…
повеќе...Колумна: 15 години, Езерото против другите демони
When you feel my heat, look into my eyes it’s where my Demons hide it’s where my Demons hide (Imagine Dragons) Не дека пред тоа немаше борба,но 15 години од првиот 21 Јуни- Ден на Охридско Езеро сепак е веќе традиција. Во време кога се уништуваат вредности, кога е тешко да се создадат нови позитивни датуми и традиции, Охридското Езеро го издржува и тој притисок на несвесноста. Притисокот на демоните на неразбирањето, на некомуникацијата, на некоординација, кои му штетат. Дали ние кои го создадовме овој Ден ќе го издржиме таквиот…
повеќе...