Хворостовски на прошетка со брод го разгледа Охрид и Охридското Езеро

Светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски, денеска имаше едночасовна прошетка по Охридското езеро. Од  бродот „Свети наум“ се воодушевуваше на секоја глетка од езерската шир. Рече дека немал зборови со кои можел да ја опише убавината. Едноставно посака да ужива во природата. Најголем впечаток му остави живописната црква Канео за која рече дека е најуникатното нешто што досега го видел. Во друштво на неговиот десетгодишен син Максим и диригентот Константин Орбелиан заедно со директорката на Охридско лето Елизабета Јанкуловска и музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, маестро Хворостовски…

повеќе...

Нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов

На 03.07.2013 година во 05:10 часот од страна на УПС од ПС за ГН „Охридско Езеро“, при вршење патролна дејност долж водената граница на Охридското езеро, бил затекнат пловен објект „Томос 4“ управуван од А.Д.(65) од Р.Албанија, кој нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов. Од страна на УПС, со потврда за привремено одземени предмети одземени се пловниот објект, две дрвени весла, едно кепче, една пластична канта за гориво и 21 жила со по 6 блинкери.

повеќе...

Презентација на техниките за рехабилитација на колекторскиот систем

Денеска во големата сала на општина Охрид, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Јапонската агенција за меѓународна соработка и Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро се одржа Семинар за презентација на Извештајот на наодите за унапредување на состојбите со колекторскиот систем на Охридското Езеро и презентација на техниките за рехабилитација на колекторскиот систем. Оваа соработка со Јапонската агенција за меѓународна поддршка е поттикната пред се од разговорите на премиерот на Владата на Р. Македонија и премиерот на Јапонија во кои разговори беше заклучено дека Јапонската…

повеќе...

Дејан Пановски на работна средба за водените басени во ОН во Женева

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро учествува на работна средба за водените басени во Обединетите Нации во Женева. Пановски ќе го презентира напредокот околу проектот за дримскиот басен со осврт на неопходноста на уште поголем меѓународен интерес и внимателност посебно околу заштита на Охридското Езеро како изворен дел на басенот. За басенот веќе се одобрени 4,5 милиони долари за три земји, што е најголема обезбедена инвестиција во басенот преку ГЕФ, а плус се работи за инвестицијата од ГИЗ за климатски промени и нивна адаптација во басенот.

повеќе...

Сакате да возите трактор по Охридско Езеро?!

Сакате да возите трактор по Охридско Езеро?! Зошто да не!? Сега и тоа е можно. Новата содржина „трактор-педалинка“ која за прв пат оваа година се појавува во Охрид и претставува вистинска атракција, буди интерес и кај нашите сограѓани и кај туристите. „Тракторите работаат на систем на педалинка, нови се, произведени се во Тексас, Невада, цената им е 5200 долари, а ги донесовме од Америка, од Флорида. Сигурни се, обезбедени со појаси. Интерес има, затоа што се нови, секој сака да ги проба, значи градов има потреба за ваква содржина, затоа…

повеќе...

Одржано второто коло од Куп лигата на Македонија во кајак на мирни води

Во организација на кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид се одржа второто коло од Куп лигата на Македонија во кајак на мирни води. Охридските кајакари после двете кола се во благо водство пред другите кајакарски клубови. Второто коло се одржа на патеката од старото пристаниште  пред хотел Палас до трските пред хотел Милениум. На натпреварот кој се одржа во сите категории зедоу учество  сите кајакарски клубови од Македонија. Третото последно коло ќе се одржи за две недели на Прилепско езеро. Овој прекрасен спортски настан го проследија  голем број на домашни…

повеќе...

Показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош

Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што Црвен крст Охрид и Операција Флориан, Манчестер, Англија ги спроведуваа во втората половина на месец јуни со повеќе субјекти од Охрид и пошироко, денес на старото пристаниште во Охрид,  се одржа и заедничка показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош, според соодветно сценарио, во која учествуваа Единиците на Езерскта полиција Охрид, Територијалната противпожарна единица од Охрид, Итната медицинска помош и Единицата за безбедност на вода и прва помош на Црвен крст Охрид и инструкторите од Операција…

повеќе...

Одбележан 21 јуни – Денот на Охридското Езеро

По повод годинешното одбележување на 21.Јуни – Денот на Езерото чиј домаќин е општина Охрид, денеска градоначалникот Бакрачески организира прием за градоначалниците на двата крајезерски градови Струга и Поградец. „Оваа манифестација е всушност своевидна соработка на градовите од двете страни на Езерото со цел преку низа форми да се даде поттик во неговата заштита, но истата и да се потврди како начин на однесување и имплементирање на таквата грижа“, – рече градоначалникот Бакрачески. „Меѓуграничната соработка е исклучително важна особено на планот на заштитата на Охридското Езеро и неговиот басен и…

повеќе...

Колумна: Напредокот не смее да ги загрози вредностите на Езерото

Повторно e Ден на Езерото. По 14-ти пат следено од денот кога во февруари 2000 година како Борд за заштита на Охридското Езеро донесовме одлука секој  21 Јуни, најдолгиот ден и денот на почетокот на летото, да се слави во име на Езерото без кој најверојатно ние не ќе ни бевме овде каде што сме. Не верувам дека би биле интересни искажување со епитети за Езерото  кои се повеќе од јасни, ниту пишување историјати на мерките кои се преземени или НЕ-преземени за неговата заштита, унапредување, подобрување. Ниту веќе фамозните повици…

повеќе...