Општина Охрид со заложба уреденоста и безбедноста на плажите да бидат на завидно ниво

Во екот на припремните активности пред претстојната туристичка сезона Општина Охрид со своите стручни служби презема низа активности, со цел на адекватен начин да се направи припрема за сезоната што следува. Изминативе денови Локалната самоуправа оствари средби со хотелиерите, угостителите и таксистите. Денес вo големата сала на Општина Охрид се одржа средба со концесионерите на плажите на Охридското Езеро. „Ние во изминатиов период составивме комисија од еден електроинженер, од еден градежен инженер и правник, со цел да ја утврдат состојбата на плажите според концесионерските договори и да утврдат дали се…

повеќе...

Охрид домаќин на манифестацијата „Ден на Езерото“

Традиционалната манифестација која неколку години наназад ја негуваат трите крајезерски града: Охрид, Струга и Поградец и која традиционално се одржува на 21 Јуни насловена како „Денот на езерото“ годинава ја организира локалната самоуправа од Охрид. „Свечената програма ќе започне вечерва со Воениот оркестар на АРМ кој во19 часот „Кај Чинарот“ ќе настапи со промотивен концерт. Со овој промотивен концерт на Воениот оркестар во Охрид, АРМ ја продолжува реализацијата на проектот за интензивирање на соработката со Локалната Самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење Армијата да се доближи…

повеќе...

Работна средба помеѓу Билатералниот Секретаријат за Охридското Езеро и ГИЗ

Билатералниот Секретаријат за Охридското Езеро ги продолжи подготовките за имплементација на Дримскиот проект кој е одобрен од страна на Глобалниот Еколошки Фонд во Вашингтон. После инаугурацијата на проектот која се одржа во Тирана минатиот месец денеска во Охрид е одржана работна средба на македонскиот претставник во Секретаријатот Дејан Пановски и претставниците на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и програмскиот директор Херман Плум. На работната средба беше утврдена динамиката и планот за остварување на комуникациската стратегија, кампањата и учеството на интересентите во имплементацијата на Дримскиот басен.  „Првата цел е запознавањето…

повеќе...

Едриличарски клуб „Бофор“ врши упис на нови членови

Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови на возраст од 8 до 12 години кои ќе земат учество во школата за едрење која започнува на 15.06 (сабота). Уписите се во тек и се вршат секој работен ден од 10 до 12 часот во просториите на клубот кој се наоѓа до мостот на каналот Студенчишта. Други детали и информации можат да се добијат на тел. број 078 269 041. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и…

повеќе...

Одржано првото коло од Куп лигата на Македонија во кајак на мирни води

Во организација на кајак кану клуб „Ехо“ од Охрид се одржа првото коло од Куп лигата на Македонија во кајак на мирни води. Охридските кајакари во првото коло постигнаа забележителни резултати. Првото коло се одржа на патеката од пристаниште до плажа Потпеш. На натпреварот кој се одржа во сите категории зедоа учество сите кајакарски клубови од Македонија. Второто коло ќе се одржи за две недели повторно на водите од Охридско Езеро. „За жал на овој спортски настан од водените спортови не присуствуваше претставник од Општина Охрид“. – велат организаторите. Овој…

повеќе...

Од први јули oграничување нa пловидбата со пловни објекти – чамци и скутери

Министерството за транспорт и врски информира дека Владата на Република Македонија донесе одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Одлуката се однесува на пловидбата на чамци и скутери и истата е со цел заштита на природната средина, подобрување на безбедноста во пловидбата, како и безбедноста на капачите во периодот  на летната туристичка сезона. Исто така, ограничувањето на пловидбата на чамци е заради оневозможување на рибокрадството кое е често констатирано по езерата и се врши во ноќните часови. Ограничување на пловидбата со пловни објекти…

повеќе...

Пронајдете ја вашата куќа од соништата во Елшани – порачува холандската телевизија „Мах“

Вчера, во Елшани, во куќата на тетка Трајанка Наќоска се снимаше дел од емисијата ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА КУЌА ОД СОНИШТАТА, која во продукција на холандската  национална MAX  TELEVISION се снима во голем број на земји во светот, од каде на средовечните парови од Холандија и од други западни земји им се нуди избор од три куќи каде би го поминале остатокот од својот заеднички живот. Во секоја емисија среќата да бидат извлечени некои од паровите е да  имаат  необична и незаборавна љубовна приказна. Во една од емисиите за Dream House…

повеќе...

Водата од Охридското Езеро е од прва класа

Во согласност со надлежностите и активностите за континуиран здравствено-еколошки надзор, екипа на Центар за јавно здравје Охрид, пред почетокот на туристичката  сезона, втора половина на месец мај, изврши земање и физичко-хемиска и микробиолошка  анализа на 29 примероци на површинска вода од крајбрежниот дел на Охридското езеро од македонска страна, на мерни места од “Св. Наум”  до с. Радожда, како и на 3 примероци на вода од реките што се вливаат во Охридското езеро-Велгошка, Коселска, Сатеска. Примероците на вода од Охридското езеро  земени се во три етапи и тоа: – Во…

повеќе...

Се чисти локвањот

Денеска екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ вршат чистење на локалитетот кој претставува обновено живеалиште на жолтиот локвањ, во областа Мазија на кејот од Охридското Езеро. Подигнати се  3 м³ трска, како и комунален отпад во кој најзастапена е пластиката. „Апелираме до граѓаните, овој локалитет со раритетниот локвањ треба сите заедно да го заштитиме покажувајќи поголема еколошка свест“. – истакнуваат од Ј.П. „Охридски Комуналец“. Ваквите акции не се опфатени со редовните активности, туку припаѓаат во вонредните активности од Програмата за работа за 2013 година и се извршуваат по претходно добиен налог…

повеќе...

Пловните објекти од „Сараиште“ да се отстранат најдоцна до 9-ти јуни

Се известуваат сите сопственици на пловните објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас кај „Сараиште“, истите да ги отстранат најдоцна до 9-ти јуни (недела). Доколку тоа не го направат, Комуналната инспекција принудно ќе ги дислоцира, а трошокот и евентуалното оштетување ќе биде на терет на сопствениците.

повеќе...