Високиот водостој на Охридското Езеро допринесе да се наталожат големи количини отпад по крајбрежјето, притоа најзастапени се пластични отпадоци, хартија и трска. Од тие причини екипите на „Јавна Хигиена“ презедоа акции за чистење на крајбрежниот појас на потегот од населба Лагадин до Пештани и потегот на Градска плажа од Калето до вливот на река Грашница. Со расчистување на локациите се започна вчера и ќе се работи три дена со 15 ангажирани работници. Според претходно сондираниот терен, надлежните очекуваат да се соберат околу 100 вреќи отпад.
повеќе...Tag: охридско езеро
Јавните чешми во Охрид редовно се под контрола и се здравствено безбедни
Зголемениот водостој на Охридското Езеро и на подземните води влијае и врз јавните чешми, но за среќа само со матност во одредени случаи. Според сите други индикатори, микробиолошки и хемиски, водата е здравствено безбедна и квалитетна за пиење. Од Центарот за јавно здравје Охрид велат дека се вршат редовни контроли и врз јавните чешми, но и врз чешмите кои се под нечија сопственост, во дворовите од куќите. Доколку има потреба им укажуваат на граѓаните да се воздржат од користење на водата. „Контролирани се сите јавни чешми во овој период токму од…
повеќе...Во тек е санација на бекатон-плочките на Кејот
Како резултат на високиот водостој во Охридското Езеро и невремето проследено со големи бранови кои го погодија Охрид, делови од Кејот беа оштетени. Од Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид информираат дека започнаа со санација на бекатонската подлога по „Кеј Маршал Тито“. WebOhrid
повеќе...Акција за подигнување на зелен отпад
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 13.04.2013 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Маршал Тито“ и населба „Охридати“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата,…
повеќе...Точков: Водата е здравствено безбедна и квалитетна за пиење
На денешната прес средба која се одржа во просториите на Центарот за јавно здравје беа презентирани резултатите од анализата на водата за пиење и површинските води од регионот на Охрид, Струга и Дебар за периодот на првото тримесечје од 2013 година, кога се соочуваме со зголемен доток и количество на вода во водните базени. „Лабораториите на Центарот за јавно здравје за испитување на квалитетот на сите видови на вода се акредитирани по стандардот 17.025, со соодветно решение од институтот за акредитација на Р.Македонија, така да од месец јануари и овој…
повеќе...ВМРО-НП: Што поскоро да се најде решение за проблемот со високиот водостој
ВМРО – Народна партија пред месец и половина предупреди за високото ниво на водата во Охридското езеро. „Поучени од минатите години, предупредивме дека во наредниот период нивото на водата ќе се зголемува со цел да се избегнат штети на објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на езерото. Уште еднаш сакаме да упатиме апел во Владата на Република Македонија и до ЕЛЕМ, како едно од решенијата на овој сериозен проблем, да го уредат старото речно корито на реката Сатеска. Тоа корито, од селото Волино се до вливот во Црн Дрим…
повеќе...Центарот за управување со кризи испрати препораки до надлежните институции
Поради драстично зголемениот водостој на Охридското езеро, во изминатите денови, (Водостојот на Охридското езеро ја надмина за 24 см. максималната кота „693,75“) Центарот за управување со кризи на Р.Македонија, во изминатите денови испрати препорака до надлежните институции, од аспект на превенција да преземат мерки за регулирање на водостојот. Во тој контекст, во просториите на РЦУК – Струга во изминатиот период беа одржани два состаноци на регионалниот штаб за управување со кризи и донесени се заклучоци врз основа на кои се дадени препораки до МЗШВ, Управата за водостопанство, надлежниот Сектор за…
повеќе...Врнежите не дозволуваат намалување на нивото на вода во Охридското Езеро
Новите врнежи од дожд како и топењето на снегот предизвикано од високите температури во изминатиов период, значително го зголемија дотокот на вода, а тоа влијаеше на порастот на водостојот на Охридското Езеро и останатите природни и вештачки езера во Македонија. Од АД ЕЛЕМ информираат дека секојдневно внимателно ја следат состојбата на хидроакумулациите, а со цел стабилизирање на порастот на нивото на акумулациите, прават соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Исто така и понатаму континуирано ќе ја следат состојбата…
повеќе...„ПЕТ“ Охридско Езеро
Езерото никако не може да се доискашла. Она што го исфрлаат брановите на достапните места, релативно лесно може да се собере, но многу често отпадот заглавува во трските и на други недостапни делови од крајбрежјето на Охридското Езеро. Најчест отпад се пластичните ПЕТ шишиња. Еколошката свест дефинитивно мора да проработи, пред да биде доцна и Охридското Езеро со сите свои ендемични видови да добијат „титула“ ПЕТ Езеро, или пак ПЕТ локвањ, ПЕТ трска, ПЕТ охридска пастрмка и сл. Без разлика на тоа кој е виновен и од чија страна доаѓа…
повеќе...Доброто управување со водата – сигурност за државата и нацијата
Еколошкото друштво „Грашница“ се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на водите – 22 март. Овој ден е усвоен со Резолуција на ОН во 1992 год. во Рио, а декадата 2005 – 2015 г. е прогласена за декада за акција наречена „Вода за живот“. Да направиме едно резиме како стојат работите во нашиот регион: го имаме Охридското Езеро – едно големо сино око без кое веројатно Охрид и не ќе постоеше. Веднаш до нас, не помалку е значаен Црн Дрим за Струга. Како синото да остане сино? Еден од врвните…
повеќе...