Заврши 57то издание на фестивалот „Охридско лето“

Со театарската претстава „Ничија земја“ ,во изведба на Македонскиот народен театар, синоќа завшри, годинешното 57. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата, на која присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, градоначалникот Никола Бакрачески и заменик- министерот за култура Владимир Лазовски, беше изведена на просторот на некогашната воена касарна во Охрид, амбиент кој се вклопи во темата на поставката. „Ничија земја“ , која е работена по филмското сценарио на Денис Танковиќ, а ја режираше Александар Морфов е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како…

повеќе...

„Охридско лето” со нов Управен одбор

Со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозоски, сменет е претседателот на ОУ на Меѓународниот музичко сценски фестивал “Охридско лето”, Зоран Вељаноски – Летра и членот на Одборот, Тошо Чочороски. За нов член, воедно и претседател на УО именувана е Оливија Пирузева- Јанева, просветен работник од Охрид, инаку член на Советот на општина Охрид. Вториот, нов член на УО е Маре Ристеска, педагошки работник од Охрид. Од редот на вработените во установата преставници се Катарина Митреска и Субија Изеироски. Во УО останува членот кој е на предлог на Локалната, Љупчо…

повеќе...

Отворена изложба од Драган Спасески Охридски

Синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во рамки на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ беше отворен мултимедијален проект со ликовни дела на македонскиот уметник Драган Спасески Охридски. Отворајќи ја изложбата, историчарот на уметност, академик Цветан Грозданов подвлече дека циклусот насловен како „Мајка и дете“ содржи 30 изненадувачки експонати создадени од уметникот Спасески. „Овие експонати изненадуваат. Има голем циклус на мајка и дете.Тоа е циклус на Христос и Богородица. Тоа е циклус на обичен човек. Во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ го има еден од најголемите вакви циклуси во светот, дело…

повеќе...

Светската атракција од Кина „Гласот на Јунан“ гостува во Скопје и во Охрид

Охридско лето“ со гордост ги претставува концертите на „Гласот на Јунан“ – светската атракција од Кина која го прикажува диверзитетот и восхитувачката уметност на етнички најбогатата кинеска провинција! Овој музички ансамбл од Пекиншката академија на традиционалната музика гостува во Македонија и тоа со два концерти кои ќе се одржат во Скопје, во Македонска опера и балет на 26 јануари и во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 28 јануари. Кинеската музика може да се пофали со историја која се протега и до неколку илјади години во минатото, а токму…

повеќе...

„Света Софија“ блесна со убавината на проектот „На светов убавина“ на Горан Трајковски

Затворањето на 56то издание на Охридско лето се случи како алхемиски проект на Горан Трајковски насловен како “ На светов убавина “ кој својата театарска музика од последнава декада ја преточи во концерт на театарска музика, идеален проект за симбиозата театар и музика – суштината на Интернационалниот фестивал Охридско лето. Предворјето на Света Софија беше совршениот простор за музиката на Трајковски кој инспириран од големите автори, својата единствена музика, базирана на византиското пеење и македонскиот фолклор но во современ и само за него карактеристичен музички стил не пренесе во театарските…

повеќе...

„На светов убавина“ за крај на Охридско лето

Во предворјето на Св. Софија, вечерва во 20 часот свечено ќе биде затворен фестивалот „Охридско лето“ со концертот „На светов убавина“ – песни од театарски претстави на Горан Трајковски напишани во периодот од 2003 до 2013 година. Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена. И не е само обична фраза исказот дека „кога зборовите се немоќни да го изглаголат неискажливото, тогаш на сцената зачекорува песната“. Театарот е…

повеќе...

Концерт на виолинистот Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробејников на „Охридско лето“

Спектакуларно затворање на музичката програма на 56-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Вечерва во црквата Света Софија, со почеток во 21 часот, неповторлив настан – концерт на едни од најдобрите руски изведувачи , виолинистот Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробејников. На програмата ќе бидат изведени дела на А. Шнитке, С. Прокофјев, И. Стравински, П. И. Чајковски. Рускиот виолинист Вадим Репин на музичката сцена се појавува многу млад. Само до 17-годишна возраст во својата биографија запишува голем број награди на национални и интернационални натпревари, вклучувајќи го и Златниот медал на натпреварот „Виенавски“ кој…

повеќе...

Театарската претстава „Спобудалената локомотива“ вечерва на Охридско лето

Во рамките на драмскиот дел од програмата на Охридско лето вечерва на програмата е „Спобудалената локомотива“од Станислав Игнаси Виткиевич во режија на Јернеј Лоренци. Претставата, во изведба на Словенечки народен театар – Драма, Љубљана, Р.Словенија се игра во Центарот за култура со почеток од 21:00 часот. Поставувањето на самата претстава е вистински предизвик – како да се одржи експериментална, авангардна драма од 1923 година, претстава базирана на едвај одредена доктрина на „чиста форма“. При изведбата чистата форма е исполнета со моќни музички експресии. Конзистентноста, убедливата и точната тимска глума, храбрите решенија…

повеќе...

Концерт на пијано-дуото „Четири раце“ вечерва на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Црквата Св.Софија, со почеток во 21 часот концерт ќе одржи пијано-дуото „Четири раце“ со Марко Скиаво и Серџо Маркеџани од Италија. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, Ј. Брамс. Пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ (Schiavo – Marchegiani) се смета за едно од најактивните и најценетите пијано-дуа денес. Извонредната координираност, техника, експресивност, убавина на звук, интензивност и прекумерна енергија со која се одликуваат нивните настапи, ја плени публиката низ целиот свет. Дуото го сочинуваат Серџо Маркеџани и Марко Скјаво,…

повеќе...

Концерт на рускиот пијанист Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, М. Мусоргски. Петр Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, соработувајќи притоа со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Чест гостин е и на некои на најпрестижните фестивали во Русија и Европа, меѓу кои и…

повеќе...