Во рамките на „Младото театарско Охридско лето“ вечерва, во предворјето на Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе биде одиграна театарската претстава „ActOrchestra“, во режија на Хорија Суру, а во изведба на И.Л Карагиале, Национален театар Букурешт. Во претставата играат актерите Петре Анкута, Флорин Калбајош и Емилиан Марнеа. „Ако сега треба да го дефинираме жанрот, не би можеле да го наречеме концерт, музичка драма, импровизација или актерска игра, туку ова е единствено шоу од тројца актери и 20 други партнери … или музички инструменти. ActOrchestra го преобразува концертот во целосна театарска претстава, каде зад сцената…
повеќе...Tag: охридско лето
Виолинистот Џафер Џафери и пијанистката Милана Чернјавска вечерва на Охридско лето
Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе настапат виолинистот од Македонија, Џафер Џафери и пијанистката од Германија, Милана Чернјавска. На програмата ќе бидат изведени дела од В. А. Моцарт, С. Прокофјев, Ј. Брамс. Џафер Џафери своето образование го започнува во родната Македонија, а потоа школувањето го продолжува на Академијата за музика и изведувачки уметности во Манхајм. Чест учесник е на музичките фестивали во светот, а како солист и камерен музичар соработувал со голем број значајни музички имиња. Добитник е на голем…
повеќе...Проекција на филмот „Тетовирање“
Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“ во продукција на Вардар Филм од Скопје. Филмот е снимен во 1991 година, во режија на Столе Попов, а во него играат актерите Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др. Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор,…
повеќе...Промовиран Водичот за Македонија на англиски јазик
Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, како дел од дополнителната програма, синоќа беше промовиран проектот Водич за Македонија на англиски јазик во издание на Издавачката куќа „Љубовта е Петтиот Елемент” од Скопје. Како што беше речено на промоцијата, ова дело што е работено во текот на изминатите 15 години, според обемот и квалитетот може да влезе во енциклопедиските проекти. „Досега немаме репрезентативно издание коешто Македонија може да го покаже секаде низ светот и да покаже дека има длабоки корени и чувство за идентитет. Ова е работено 15 години ако се…
повеќе...Харфистката Мојца Злобко Вајгл и флејтистот Масимо Марчели вечерва на Охридско лето
Во рамки на програмата на фестивалот „Охридко лето“, вечерва во црквата Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе настапат харфистката Мојца Злобко Вајгл од Словенија и италијанскиот флејтист Масимо Мерчели. На програмата ќе бидат изведени дела од Г. Доницети, Ј. С. Бах, Џ. Росини, К. Дебиси, В. А. Моцарт, М. Ниман, П. Рамовш, Ф. Годефројд, М. Мариа Понце, Ж. Масне, Ф. Шопен. Харфистката Мојца Злобко Вајгл е еден од водечките музичари во Словенија, со богата интернационална кариера како солист и камерен изведувач. Како солист досега има настапувано со голем број значајни…
повеќе...Хрватскиот „Судар Перкашн“ атракција на Охридско лето
Со прекрасен концерт на популарниот хрватски ансамбал „Судар перкашн “ вчеравечер во Предворјето на црквата „Света Софија“продолжи музичкиот дел од програмата на Охридско Лето“ . Членовите на овој ансанбл на своите инструменти, вибрафон, маримба, ксилофон, ѕвона, пијано, тапани, бас гитара и перкусии ја разиграа публиката со делата на М. Мештровиќ, В. А. Моцарт, М. А. Менке и Ж. М. Жар. Во нивниот настап кој траеше повеќе од час и половина оправдано го заслужија епитетот – атракција на Охридско лето. „За прв пат сме во Македонија и на овој реномиран фестивал.…
повеќе...Виолинистот Роман Симовиќ и пијанистот Ратимир Мартиновиќ вечерва на Охридско лето
Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето вечерва, со почеток во 21:00 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапат црногорските уметници виолинистот Роман Симовиќ и пијанистот Ратимир Мартиновиќ. На програмата ќе бидат изведени дела од А. Парт, С. Прокофјев, Ф. Пуланк, М. Равел. Неговата брилијантна виртуозност и вродена музикалност, проследени со бескрајната имагинација го носат на најпрестижните музички сцени во светот. Во биографијата на виолинистот Роман Симовиќ впишани се настапи со водечките оркестри и со некои од најеминентните диригенти во светот на музиката. Големиот број награди кои ги добива на интернационалните…
повеќе...Ансамблот „СУДАР“ Перкашн од Хрватска вечерва со концерт на Охридско лето
Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето, вечерва, со почеток во 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе настапи Ансамблот „СУДАР“ Перкашн од Хрватска. На програмата ќе бидат дела на М. Мештровиќ, В. А. Моцарт, М. Менке, Ј. М. Јаре. Ансамблот „СУДАР перкашн“ (SUDAR Percussion) е формиран во 2010 година, со цел да се поттикне развојот и создавањето на музика за удирачки инструменти. Во ансамблот членуваат млади професионални музичари од Самобор кои се стремат кон популаризирање на овие инструменти помеѓу младите преку работа на иновативни проекти. „СУДАР…
повеќе...Проекција на филмот „Планината на Гневот“
Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан филмот „Планината на Гневот“ во продукција на Вардар Филм од Скопје. Филмот е снимен во 1968 година, во режија на Љубиша Георгиевски, а во него играат актерите Ристо Шишков, Бранислав Јериниќ, Дарко Дамевски, Драгомир Фелба, Нада Гешовска, Петре Прличко и други. По Втората светска, социјалистичката револуционерната војна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти.…
повеќе...Балканските рок ѕвезди Ван Гог на концерт во Охрид
Во дополнителната програма на Охридско лето, српскиот рок бенд Ван Гог ќе го прослави својот јубилеј 30 години дел од балканската музичката сцена. На 1ви август, на локација на Долни Сарај, Охрид, еден од најголемите балкански рок состави, ќе одржат концерт, во рамки на дополнителната програма на Охридско лето. За време на концертот Ван Гог ќе ја забавуваат публиката со стари и нови хитови. Групата Ван Гог е формирана во 1986 година кога го објавуваат и нивниот прв сингл „Трагови на минатото“. Досега имаат објавено 9 албуми, а последниот е…
повеќе...