Гордана Јосифова Неделковска одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција

Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“ заради нејзините достигања во промоцијата на уметноста во Македонија, промоција на македонската уметност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција и го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот допринос во ширењето на француската култура и уметност. „Француската Влада сака да ѝ оддаде признание на г-ѓа Јосифова Неделковска, посебно во областа…

повеќе...

Светската музичка атракција 2CELLOS во Метрополис Арена

Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Скопје. 2CELLOS ќе настапат пред македонската публика на 4. декември на сцената на Метрополис Арена. Концертот е дел од офф-програмата на „Таксират“ кој за своето 17. издание подготвува повеќе настани кои ги задоволуваат различните музички вкусови. Во тоа име, на овој концерт на „Таксират“ кој е организиран во сорабтока со културната манифестација „Охридско Лето“, маестралните 2CELLOS гарантираат незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус. Дотолку повеќе…

повеќе...

„Како што милувате“ носи драма и танц на „Охридско лето“

Спој од глума и танц ќе има можност да види охридската публика утревечер во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ со почеток во 21 часот каде ќе биде изведена театарската претстава „Како што милувате“ на текст од Вилијам Шекспир, а во режија на Брајан Мајклс. Претставата ќе ја донесат актерите и танчерите од Одделот за драма и танц Битом од Полска. „Интересно е што оваа претстава е напишана во 1599 година, во годината кога е напишан и „Хамлет“. Ја работевме во Полска, во ноември и декември минатата година. Луѓето…

повеќе...

Поезија на Димоски и документарен филм на Вељаноски утревечер на Охридско лето

Утревечер во рамките на Охридско лето со почеток од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Поезија – ткаења“ од Славе Ѓорѓо Димоски и документарниот филм на Антонио Вељаноски„Поет на мал народ“. Во книгата „Поезија – ткаења“ во издание на Панили од Скопје содржани се досегашните објавени поетски книги на Славе Ѓорѓо Димоски: Гравири (1979), Проект (1982), Студен порив (1985), Последните ракописи (1988), Спореден пат (1991), Предмети и аргументи (1994), Форми на страста (1998 и 1999), Темно место (1999) и Мерач…

повеќе...

ДУО „Кадеша“ од Албанија, вечерва на Охридско лето

Вечерва на програмата на „Охридско лето“, концерт ќе одржи ДУО„Кадеша“ од Албанија. Со многубројните награди кои ги стекнува на интернационалните соло и камерни натпревари, младиот виолинист Јонијан Илиас Кадеша постојано докажува дека е еден од највозбудливите и најинтересните музичари на денешницата. Своето деби го има уште на 12-годишна возраст, кога заедно со Оркестарот на Тоскана го изведува Виолинскиот концерт бр. 2 на Хенрик Вјењавски. Дипломирал на Атинскиот конзерваториум  „Лида Леуси“ со златен медал и посебни одлики. Своето образование го продолжува на Универзитетот за музика во Вурцбург, Германија, каде што во…

повеќе...

Драмски театар ја отслика лакомоста што владее насекаде во светот

Алчноста, материјализмот, лакомоста како универзални и актуелни теми претставени на гротескен јазик, не ја оставија рамнодушна публиката на „Охридско лето“ која синоќа имаше чест премиерно да ја види театарската претстава „Ждрело“изведба на Драмски театар-Скопје. Претставата на текстот е универзална и актуелна. Се однесува на она што во моментов се случува буквално низ целиот свет-материјалистичко-лакома алчност. Беше доловен порокот на потрошувачката психологија којашто му е наметната на светот, со лакомоста, алчноста за пари, како компензација за нешто што недостасува. Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето“,  Ѓорѓи Јолевски, оваа тема…

повеќе...

Ерменско-Казахстанското дуо ја воодушеви публиката во „Света Софија“

Во исклучително акустичниот простор на црквата „Света Софија“ незаборавен концерт вечерва понудија познатиот ерменски виолончелист Нарек Хахназарјан и казахстанската пијанистка Оксана Шевченко. Воодушевени од акустиката на просторот, тие уживаа во нивното музицирање, истовремено воодушевувајќи ја и публиката на „Охридско лето“. Пијано-виолончело дуото изведе познати композиции на Чајковски, Шуман, Бетовен, Шостакович, Ростропович и Рахмањинов. Ерменскиот виолончелист Нарек Хахназарјан е претставник на помладата генерација музичари кој на интернационалната сцена се пробива на 22-годишна возраст. Критичарите го опишуваат како музичар со „извонредна комбинација на техника и музикалност“. Со неговиот настап во Охрид, уште…

повеќе...

„Ждрело“ -урбана бајка утревечер на „Охридско лето“

„Ждрело“ е театарската претстава на Драмски театар од Скопје што премиерно ќе биде изведена утревечер на фестивалот „Охридско лето“ во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Претставата е работена според текст на Жанина Мирчевска, а е во режија на Зоја Бузалковска. Сценограф еЉупчо Јованов, костимограф Лила Грабул, кореограф Кренаре Невзати Кери, а музиката ја напиша Огнен Анастасовски. Според селекторот на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“  Ѓорѓи Јолевски:, Драмски театар се грижи за промовирање на македонските текстови, и како што рече, годинава доаѓа на фестивалот со…

повеќе...

Ерменскиот виолончелист Нарек Хахназарјан и пијанистката Оксана Шевченко од Казахстан на „Охридско лето“

Вечерва, на фестивалот „Охридско лето“ концерт ќе одржи познатиот ерменски виолончелист од помладата генерација Нарек Хахназарјан, заедно со пијанистката Оксана Шевченко од Казахстан. „Ова е неповторлива можност да се чуе еден музичар со „извонредна комбинација на техника и музикалност“, фраза со која што светските критичари го опишуваат виолончелистот Нарек Хахназарјан. Овој вторник, уверете се и самите во тоа.“ вели селекторката на Фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска. Хахназарјан и Шевченко веќе подолго време настапуваат заедно. Во 2011 година постигнале голем успех на натпреварот „Чајковски“ во Москва, каде Хахназарјан освоил прва награда и златен…

повеќе...

„Танец“ на „Охридско лето“ – вистински подвижен историски музеј

Ансамблот на народни игри и песни „Танец“ од Скопје синоќа, уште еднаш пред публиката на Античкиот театар во Охрид покажа дека е вистински репрезент на македонската култура и традиција. Програмскиот концепт на концертот се состоеше од македонски ора и песни кои синоќа имаше можност да ги видат и младите кои исто така беа дел од бројната публика на „Охридско лето“. „Танец“ покажа уникатни носии со кои настапува како вистински подвижен историски музеј кои содржат уникатни народни везови врежани во потсвеста на Македонецот. Синоќешниот концерт на ансамблот на народни игри и…

повеќе...