Нова дигитална опрема во Кинотеката на Македонија

Кинотеката на Македонија денеска го одбележа Светскиот ден на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО со пуштање во употреба на новата дигитална опрема за прикажување филмови. Опремувањето на киното со дигитален проектор ќе овозможи соодветна презентација на филмови и на аудиовизуелниот материјал кој Кинотеката го дигитализираше во изминатите години, како дел од нејзината работа за заштита на филмското наследство. Новата опрема и реновирањето на киносалата се поддржани од Министерството за култура со 4,1 милиони денари. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека новиот дигитален проектор наменет за киното во Кинотеката на Македонија…

повеќе...

Груевски: Нови 1,1 милион евра инвестиција во опрема во здравството

Дополнителни 1,1 милион евра ќе се инвестираат во здравството до крајот на годината. Ќе биде набавена опрема за клиниките за детски болести и за гинекологија и за поликлиниката „Јане Сандански“ во општина Аеродром. Ова го најави премиерот Никола Груевски по денешното пуштање во употреба на новиот објект на ОУ „Живко Брајковски“. „Континуирано вложуваме во здравството. Имавме еден проект за вложување на 100 милиони евра во набавка на опрема и тој проект во најголем дел е реализиран. Сега започнавме нова набавка на опрема за неонатална интензивна нега за Универзитетската Клиника за…

повеќе...

Комплетна реконструкција и нова опрема во клиниката „Св. Наум Охридски“- Скопје

Со реконструкција, според најсовремени стандарди и со набавка на нова медицинска опрема се заокружува целата инвестиција во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров. „Ќе инвестираме околу 140 милиони денари или околу 2,3 милиони евра во комплетна реконструкција на внатрешноста на установата и за набавка на нова медицинска опрема за хируршките сали и за Центарот за изгореници“, рече Тодоров. Отпочнавме, како што посочи, постапка за набавка на нова медицинска опрема за Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.…

повеќе...

Слободни локации за поставување на урбана опрема

Согласно Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 год. („Сл.гласник на општина Охрид“ бр 17/2014), и решението бр. 09-9947/1 од 10.07.2015 година општина Охрид ЕЛС издава слободни локации за поставување на урбана опрема. Слободните локации ќе се издаваат врз основа на поднесено барање за издавање на слободна локација. Барањата се поднесуваат во Архивата на општина Охрид. Цените по кои ќе се издаваат локациите се утврдени во Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 година и Законот…

повеќе...

САД и додели опрема на Царинската Управа вредна 145 илјади американски долари

Денес, Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија свечено ја врачи донацијата на опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Опремата која денес ѝ беше донирана на Царинската управа се состои од рачен рентген скенер од најнова генерација, вреден 50 илјади долари, потоа фиберскопи, бастери, детектори за радијацијаи друго. На свеченоста по повод примопредавањето, која се одржа на граничниот премин Блаце присуствуваа директорката на Царинската управа, г-ѓа Наташа Радеска Крстевска, помошник директорот на Секторот за…

повеќе...

Поставувањето урбана опрема под засилен општински надзор

Општинските инспекциски служби од денес ќе вршат засилена контрола, за проверка на начинот и условите под кои се поставува урбаната опрема. За сите прекршители на законскита регулатива нема да има толеранција. Против сите субјекти кои немаат одобрение, а имаат поставено маси и столици пред угостителските објекти на јавна или приватна површина, како и против оние чие одобрение не соодветствува со фактичката состојба и одобрениот проект, ќе следат соодветни прекршочни пријави. „Потсетуваме дека за првпат оваа година, на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, а со цел да се излезе во пресрет…

повеќе...

Почна да функционира он лајн-регистар на медицинска опрема

Сите апарати со кои располага јавниот здравствен систем во Република Македонија се внесени во он-лајн регистар на медицинска опрема, кој е во рамките на апликацијата „Мој термин“, информираше на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Системот, што функционира од почетокот на овој месец, ги содржи сите неопходни податоци за Министерството и здравствената установа да знаат во секој момент со која опрема располага, во каква состојба е и слично. Според овој регистер на медицинска опрема, евидентирани се 7.912 апарати во целото јавно здравство во земјава во 120 јавни здравствени установи. „За…

повеќе...

Хуманитарна акција на Црвен крст „Вашиот прилог – значајна помош“

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 20 – 26-ти април, под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца. Од Црвениот крст Охрид апелираат и…

повеќе...

За реконструкција на болници и набавка на опрема 210 милиони денари

За реконструкција на Битолската и Прилепската болница и изградба на нов Ургентен центар во Кумановската болница, како и за набавка на опрема, Владата ќе инвестира 210 милиони денари, информира министерот за здравство Никола Тодоров на отворената владина седница. „Практично со оваа информација денеска почнуваме со имплементација со носење одлука за повеќегодишна набавка за распишување најпрво на проекти за реконструкција во Прилеп, реконструкција во Битола, изградба на нов ургентен центар во Куманово и распипување тендери за набавка на шест мамографи и опрема за Св. Наум Охридски, односно старата Градска болница во…

повеќе...

Американска донација во опрема за АРМ во вредност од 850 илјади долари

Во скопската касарна „Илинден“ денеска беше презентирана опремата донирана од САД за АРМ во вредност од 850 илјади американски долари, која ќе биде наменета главно за мировни операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН. Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој заедно со Барт Путни, заменик американски амбасадор во Република Македонија присуствуваше на предавањето на опремата, нагласи дека донацијата е насочена кон остварување на плановите за развој поголеми способности на воената полиција во АРМ. „Оваа донација е дел од широка и сеопфатна соработка во духот на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија…

повеќе...