РК „Моби Дик“ доби подарок – спортска опрема од РК „Радан“ од Србија

Женската ракометна екипа „Моби Дик“ од Охрид како подарок доби спортска опрема за ракометарките. Откако пред неколку седмици, започнаа одлична соработка сосрпската екипа ЖРК „Радан“ од Лебане кои гостуваа во Охрид, управата на клубот пред неколку денови на охриѓанки им подари тренерки за сите ракометарки и за стручниот тим. „Немаме зборови како да им се заблагодариме на нашите пријатели од Србија. Навистина многу пријатно не изненадија и не знаеме како ќе им се оддолжиме. Колку за информација, Лебане е мал град во Србија со околу 15.000 жители. Значи, кај нас…

повеќе...

Од утре задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре (15.11.2014) ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година. Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило…

повеќе...

Задолжителна опрема за во возило или на велосипед

Возилото во сообраќајот на патиштата треба да биде технички исправно, односно треба да има исправни пропишани системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема и да ги исполнува пропишаните барања во поглед на заштита на животната средина. Возилото што е регистрирано во странство може да учествува во сообраќајот на патиштата на територијата на Република Македонија доколку има исправни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се пропишани со ратификуваната Конвенција за сообраќајот на патиштата. Покрај возилата и велосипедите и велосипед со помошен мотор, во сообраќајот на патиштата треба…

повеќе...

Тригодишен проект за опремување на театрите со сценска, светлосна и тонска опрема

Драмскиот театар, Битолскиот театар, Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се првите четири национални установи каде што е доставенa современа техника, дел од проектот на Министерството за култура за набавка на сценска, светлосна и тонска опрема наменета за театрите … Во рамките на тригодишниот проект кој е во контекст на заложбите за унапредување на состојбите во областа на театарската дејност, предвидено е опремување на девет од постоечките 15 театри во Република Македонија. До крајот на 2015 ќе се осовремени и техниката…

повеќе...

Поднесување барања за поставување урбана опрема – најдоцна до понеделник

Од општинскиот инспекторат апелираат до сопствениците на угостителските објекти кои се уште до инспекторатот не поднеле барање со комплетна проектна документација  за поставување урбана опрема  пред ресторанот односно кафулето, истото да го сторат  најдоцна до понеделник,19-ти мај. Во спротивно инспекторатот од понеделник ќе започне акција на подигање на нелегално поставената урбана опрема ( маси, столици)  поставена на јавни површини. Воедно, истите се потсетуваат да го почитуваат одбележаниот простор ограничен со жолти линии до каде може да се постави урбаната опрема,  со цел да се избегне нагрдувањето на просторот и слободното…

повеќе...

Започна постапката за добивање одобренија за поставување на урбана опрема за угостителските објекти

Врз основа на одлуките за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година за угостителските објекти, за зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување столови и маси и за утврдување на висината на комуналната такса за користење простор пред деловни простории за вршење дејност, општина Охрид го објави упатството за добивање на одобренија. Барањата за поставување урбана опрема за оваа година може да се поднесуваат за период од минимум 3 месеци, со можност за продложување и тоа со поднесување…

повеќе...

Брзи, прецизни операции без конци и крварење на Торакална хирургија

Брзи, прецизни хируршки интервенции без употреба на конци и крварење овозможува апаратот за препарирање ткива што првпат е набавен на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија. Овој т.н. генератор за фузионирање крвни садови, вреден 2,975 милиони денари, е веќе пуштен во употреба. Се користи при интервенции за хранопровод, бели дробови, дојка и тироидна жлезда. Мобилен е, што овозможува, кога е потребно, негово користење и на другите клиники. „Станува збор за најсоврмен апарат, вид златен стандард во васкуларната хирургија. Овозможува поголема безбедност при интервенциите преку минимизирање на евентуалните грешки и…

повеќе...

Набавена опрема за ЈПК Дебрца

Општина Дебарца денес изврши набавка на камион и багер кои ќе бидат наменети за потребите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта. Имено, изминатиот период беа набавени контејнери и алати за сечење на гранки, а како што велат од општината, со тоа ќе бидат подобрени условите за работа на претпријатието и навремено ќе се решаваат зададените проблеми. Покрај тоа, општина Дебарца изврши и субвенционирање на Јавното претпријатие во висина од 50.000,00 денари. „Општина Дебарца, откако е предводена од градоначалникот Игор Трајкоски до денес има вложено 3.700.000,00 денари за…

повеќе...

МОН и АМС донираат спортска и техничка опрема во училиштата во руралните средини

Министерството за образование и наука (МОН) и Агенцијата за млади и спорт (АМС) со одлука на Владата на Република Македонија започнаа акција за распределба на спортска и техничка опрема на општините за потребите на основните училишта во руралните средини. „Се работи за поголема количина на спортска и техничка опрема којашто неодамна беше во сопственост на Агенцијата за млади и спорт. Станува збор за околу 1.000 фудбалски, кошаркарски, ракометарски и одбојкарски топки, 28 пинг-понг маси, 200 шаховски табли, 208 домино сетови, 280 бекгејмон дрвени табли, 123 „Guess who adult“ игри, како…

повеќе...