ДЗС: Просечната плата во јули 22.334 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 102.2. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.0%), Административни и помошни услужни дејности (6.7%) и Информации и комуникации (6.2%). Зголемувањена просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.6%), Преработувачка индустрија (3.4%)…

повеќе...

„Водовод“ Охрид: Задоволни сме од програмата за електронска наплата на сметки

Од РЕ Водовод Охрид изразуваат задоволство од програмата за електронска наплата на сметките на домаќинствата преку www.evodovod-ohrid.com.mk изработена од Ентер ДОО Охрид и во соработка со Тутунска банка која започна во мај 2016. Оттаму велат дека бројот на корисници постојано се зголемува. На овој начин се врши: – Пратење на современите трендови за електронско плаќање, – заштеда на време на корисниците на услугите на РЕ Водовод – Охрид, – избегнување на шалтери по банки, пошти, наплатни центри, – придонес во унапредување на екологијата, укажувајќи дека се опфатни целните групи, не само…

повеќе...

Почна исплатата на авансната помош за поплавените

Почна авансното обесштетување на семејствата од поплавените подрачја. Вкупно 2.154 лица, кои беа опфатени во евиденцијата на Комисијата за проценка на штетите во скопскиот и тетовскиот регион можат да ги подигнат парите на шалтерите на банките со документи за идентификација – лична карта или пасош. Министерството за финансии вчера ги префрлило парите на посебните наменски сметки во деловните банки. „Исплатата ќе продолжи и во наредниот временски период, согласно податоците кои ќе ни бидат доставувани од Комисијата за надомест на штети. Се работи за префрлање средства на 2.154 граѓани“, изјави вчера…

повеќе...

Владата целосно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја во скопско

Владата на Република Македонија, денес усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. „Имајќи ја во предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број на домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош и поддршка на настраданите, опфаќајќи различни сегменти, кои директно или индиректно ќе бидат од полза и конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани, на кои во…

повеќе...

Пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/16). Кованата пара „Мајка Тереза“ ги има следниве карактеристики: на аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. на реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани…

повеќе...

Спасов: Се разгледува можноста за авансна исплата на оштетените

На синоќешната седница на Владата било разговарано авансно да им се исплатат средствата на оштетените, а потоа од кога ќе се направат проценките да им се исплати целата сума. Ова го соопшти минситерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на новиот пункт на Црвениот крст во ОУ „Наум Наумовски Борче“ во Маџари заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. „Комисиите се веќе започнати да одат на терен. Се заклучи во наредните два дена да се направи план за да се испитаат можностите и да се провери…

повеќе...

Општина Охрид со помош за настраданите во Скопје

Со 300. 000 денари парична помош, со човечки и технички ресурси кои и се на располагање Општина Охрид ќе го даде својот придонес за надминување на последиците од елементарната непогода која изминативе денови го зафати скопскиот регион понесувајќи човечки жртви и материјални штети. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната Вонредна Седница на Советот на град Охрид упатувајќи сочувство до семејствата на настраданите и заблагодарувајќи се на Советниците кои позитивно одговориле на повикот за вонредно заседавање истакна дека предвидената помош е првична. На барање на градоначалникот утрово заседаваше и комисијата за финансии…

повеќе...

МФ: Јавниот и државниот долг во вториот квартал намалени за над 50 милиони евра

За над 50 милиони евра се намалени државниот и јавниот долг во вториот квартал годинава. Согласно податоците кои ги објави Министерството за финансии на својата веб-страница, државниот долг заклучно вториот квартал годинава е 36,9 отсто од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 59,5 милиони евра. Јавниот долг, пак, е 45,3 проценти од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 56,9 милиони евра. Во вториот квартал годинава, Владата изврши исплата на обврзниците за денационализација во висина…

повеќе...

Пуштена во промет фалсификувана банкнота од 500 денари

Во февруари годинава, во „Еуро Стандард Банка“ во Охрид, непознат сторител пуштил во промет фалсификувана банкнота од 500 денари, информираат од МВР. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

повеќе...

Просечната нето-плата во мај изнесува 22.324 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 101.1. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (8.7%), Административни и помошни услужни дејности (7.6%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.7%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Стручни, научни и технички дејности (15.2%) и Административни и помошни…

повеќе...