ДЗС: Просечната плата во април 22.356 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2016 година изнесува 22.356 денари и бележи раст опд 2,8 отсто во однос на април 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 30,7 отсто, Градежништво 12,7 отсто и Стручни, научни и технички дејности за 12,1 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 35,1 отсто,…

повеќе...

Македонците се наоѓаат во PayPal заблуда

Поминаа точно две години откако PayPal „пристигна“ во Македонија. Но, дали овој сервис функционира за Македонците!? Да, доколку сакате да ставите пари од вашата картичка и да купувате или плаќате на интернет. Не функционира, доколку работите нешто преку интернет и сте заработиле одредена сума на пари кои сакате да ви бидат исплатени на вашата PayPal сметка, или пак доколку некој друг сака да ви префрли средства од негова сметка. На тоа прашање, WebOhrid побара детално објаснение од страна на PayPal. WebOhrid: Дали Македонците не можат да примаат средства на своите PayPal…

повеќе...

Царинската управа доби опрема вредна 52,5 илјади американски долари

Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија, на Царинската управа и врачи опрема -5 видеоскопски инспекциски системинаменети за спречување на незаконско тргување со стоки, во вредност од 52.494,72 американски долари. Станува збор за опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и значително придонесува за остварување на добри резултати во борбата против прекуграничниот криминал, со оглед дека софистицирана и модерна опрема е од примарно значење за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет во откривање и спречување на…

повеќе...

Македонка не успеа да земе 1750 евра награда од обложувалница

Македонката Кети В. не успеа да земе 1750 евра награда од една светски позната обложувалница. Таа не се логираше во текот на изминатите 24 часа, а со тоа не успеа да ја освои вчерашната награда од 1750 евра. Имено, станува збор за промоција на која се доделуваат 50 евра секој ден на случајно избран член на таа обложувалница. Доколку потенцијалниот добитник не се логира во период од 24 часа, тогаш тој ја губи наградата и таа се пренесува на друг член следниот ден, зголемена за нови 50 евра. WebOhrid

повеќе...

Во јануари просечната нето плата изнесувала 22.254 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, изнесува 102.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (14.5%), Административни и помошни услужни дејности (9.7%) и Градежништво (8.7%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15.6%), Информации и комуникации (12.8%) и Преработувачка индустрија (7.2%). Просечната…

повеќе...

Од две возила во една вечер однеле “плен“ вреден над 100.000 денари

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Д.(33) и А.И.(25) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле две кривични дела “тешка кражба“ како и против А.Е.Б.(20) и П.П.(42) исто од Скопје поради основано сомнение дека сториле по две кривични дела “прикривање“. Кривичните дела Ш.Д. и А.И ги извршиле во периодот од крајот на септември до крајот на октомври минатата година, во вечерните часови на подрачјето на Гази Баба. Притоа, на паркинг простор откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого со помош на физичка сила и подесен предмет ги…

повеќе...

Утре трибина „Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“ е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на СВР Охрид. На средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златарници и менувачници од градот. Утрешната средба има превентивен и едукативен карактер, а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители на кражби,…

повеќе...

Во октомври просечната нето плата изнесувала 22.213 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 102.3. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (34.2%), Административни и помошни услужни дејности (9.3%) и Други услужни дејности (8.3%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (3.6%), Рударство и вадење на камен (3.6%) и Трговија на големо и…

повеќе...

За исплата на К-15 во приватниот сектор остануваат уште петнаесетина дена

До крајот на годинава приватниот сектор треба на вработените да им исплати регрес за годишен одмор или попознат како К-15. Работодавачите кои тоа не го сториле досега, ќе треба во следните 15 дена да ја исполнат оваа обврска која е уредена со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Од Сојузот на синдикати на Македонија очекуваат на работниците кои работеле најмалку шест месеци кај ист работодавач да им бидат исплатени средства во висина од најмалку 40 проценти од основицата. Во Спогодбата за измени на Општиот колективен договор (ОКД) што го потпишаа…

повеќе...

Груевски: Исплатени 25 милиони евра субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци

Вкупно 25 милиони евра се исплатени за субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци. Очекувам и откупот кој претстои за годинашната реколта успешно да се спроведе, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по обиколката на манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп. „Очекувам деновиве да започне откупот и апелирам до откупувачите да внимаваат за цените, да бидат реални и согласно квалитетот и вложениот труд на тутунопроизводителите. Државата тоа внимателно ќе го следи. Во однос на субвенциите очекуваме околу 22 до 23 милиони евра да се слеат за…

повеќе...