Просечната исплатена нето – плата во јуни изнесува 22.025 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 103.7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.6%), Други услужни дејности (11.5%) и Рударство и вадење на камен (8.6%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (7.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и…

повеќе...

20-годишна охриѓанка пазарела со фалсификувани пари

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М (20) од Охрид. Пријавената, во периодот од 28 април до 17 мај оваа година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, на подрачјето на Охрид пуштила во промет четири лажни банкноти од по петстотини денари со исти сериски број. Иако знаела дека банкнотите се фалсификивани односно дека се лажни пари Е.М. две фалсификувани банкноти од по 500 денари пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една…

повеќе...

Просечната плата во Македонија изнесува 22.071 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, изнесува 102.7. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.8%), Други услужни дејности (7.5%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5.0%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.1%), Уметност, забава и рекреација (5.4%) и…

повеќе...

Исплатена зголемената парична помош за 10 насто и помошта за згрижувачки семејства за 25 насто

Владата ја исплати зголемената социјална и постојана парична помош за социјално ранливите категории за 10 проценти и зголемениот надомест за семејствата кои згрижуваат деца без родители за 25 проценти. Зголемената социјална помош е исплатена пред десетина дена, а вчера се исплатени средствата за постојаната парична помош и за згрижувачките семејства. Ветувањето на Владата кон примателите на социјална помош и семејствата што згрижуваат деца без родители е исполнето, а поддршката ќе продолжи и во наредниот период. Ова го истакнаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и…

повеќе...

Исплатена е социјалната парична помош зголемена за 10%

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, го посети Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во кој во изминатиот период беа инвестирани околу 1,2 милиони денари во реновирање и создавање на посебни станбени единици во којшто ќе престојуваат децата, во реновирање на кујната и во правење на фитнес центар, односно набавени се и справи за спортување на младинците сместени во Домот. „Во оваа прилика би сакал да изјавам дека денеска веќе ја исплативме социјалната парична помош зголемена за 10% на околу 30.000 семејства во Република…

повеќе...

Можност за вработување на корисници на социјална парична помош

Субвенционирано вработување лица во социјален ризик, како и помош за приватниот сектор со директни субвенции да отворат нови работни места за овие категории на граѓани, предвидува новата мерка на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување. Мерката денеска ја најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на дисперзираната канцеларија на Центарот за вработување – Скопје, во општина Ѓорче Петров. „Со мерката субвенционирано вработување на лица во социјален ризик ќе ги опфатиме примателите на социјална парична помош, жртвите на семејно насилство, лицата…

повеќе...

Лице од Албанија на шопинг во Струга со фалш банкнота од 20 евра

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија. На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра односно истата ја пуштил во платен промет. Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот купил електро опрема во…

повеќе...

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 100.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (8.6%), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.0%) и Образование (4.0%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на…

повеќе...

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, февруари 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 101.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (9.2%), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4%) и Уметност, забава и рекреација (4.6%). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа…

повеќе...

Поднесена кривична пријава против татко и син заради сторено кривично дело „фалсификување пари”

Секторот за внатрешни работи-Струмица до ОЈО-Струмица поднесе кривична пријава против В.Л (53) и В.Л (21) татко и син и двајцата од с.Прдејци, општина Гевгелија, поради постоење основано сомнение дека истите сториле кривично дело “фалсификување пари” за што од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд Струмица на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Именo, на 24.04.2015 година во продавница за авто делови во Струмица, првопријавениот купил моторно масло за кое платил со банкнота во апоени од 100 евра, за која продавачот се посомневал…

повеќе...