Средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура

Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека во текот на денешниот ден беа реализирани одделни средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура, а во врска со предложениот пакет мерки за унапредување на целокупниот образовен систем во земјата. Средбите се дел од планот за детално информирање на сите засегнати страни по однос на новините кои на иницијатива на Министерството за образование и наука ги предложи Владата на Република Македонија. Раководствата на универзитетите, синдикалната организација, како и…

повеќе...

Гимназијалците и годинава зедоа учество на Модел на Европски Парламент

Изминатиот викенд по петти пат во нашата држава се одржа Модел на Европски Парламент (МЕП).  И оваа како и изминатите години, учествуваа учениците од ОСУ „Св. Климент  Охридски. Учесници беа Наум Поп Стефанија (четврта година), Ива Томевска (втора година) и Емилија Симјаноска (втора година), под менторство на проф. Ристо Николески. Симулацијата траеше три денa: петок, сабота и недела (3ти, 4ти и 5ти Октомври).  „Пристигнувањето беше во петок на 3ти Октомври во 3 часот во средното училиште ,,Нова”. На учениците им беше одржано предавање за гимназијата и за симулацијата на европскиот…

повеќе...

Изгласан буџетот за 2015, проекции за економски раст и повисок стандард

Пратениците во Собранието на Република Македонија на денешната 18-та седница по завршувањето на општиот претрес со 65 гласови „за“ го донесоа буџетот за 2015 година. Предлог буџетот за 2015 година е со реални проекции и ги отсликува владините приоритети и политики за економски раст и развој, поддршка на приватниот сектор и на стандардот на граѓаните, оценија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на општата расправа за буџетот за следната година, пренесе МИА. Пратеничката група на ДУИ го поддржа Предлог-буџетот со образложение дека тој е резултат на политичките договори, кои извираат…

повеќе...

Дванаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 12. Седница, како матично работно тело ги разгледа: Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија (второ читање). Предлогот на закон за задолжителни нафтени резерви (прво читање). Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија не биле поднесени амандмани од овластени предлагачи. Во однос на Предлогот на закон за задолжителни нафтени резерви, воведно образложение даде заменик-министерот за финансии, г. Ардиан Џељадини. Тој истакна…

повеќе...

Министерот за надворешни работи на Македонија се сретна со Петерле, член на Европскиот парламент

Во рамките на престојот во Брисел, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари средбa со Алојз Петерле (ЕПП, Словенија), член на Европскиот парламент, и нов ко-претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет. Заеднички беше констатирано дека Мешовитиот парламентарен комитет во претстојниот период треба засилено да се искористи како корисен инструмент за конструктивна дебата и давање визибилитет на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија. Министерот Попоски истакна дека за време на новиот мандат на Европскиот парламент Македонија ќе се подготвува за полноправо членство во ЕУ со оглед дека…

повеќе...

Утврден редоследот на политичките партии на гласачкото ливче

Утврден редоследот на политичките партии на гласачкото ливче за избор на пратеници во собранието на Република Македонија. Социјал Демократски Сојуз на Македонија – СДСМ и коалицијата; Демократска Партија на Албанците – ДПА; Достоинство за Македонија; Демократска Унија за Интеграција – ДУИ; ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата; Национална Демократска Преродба – НДП; Народно Движење за Македонија – НДМ; Коалиција ГРОМ; Коалиција за позитивна Македонија; ВМРО-Народна Партија; Социјал Демократска Партија на Македонија – СДПМ; Партија за Економски Промени 21 – ПЕП 21; Партија за Демократски Просперитет – ПДП; Партија за Европска Иднина – ПЕИ.…

повеќе...

Четиринаесет партии доставија листи на кандидати за пратеници

До 29 март 2014 година до 24 часот, во Државната изборна комисија листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија доставија 14 политички партии меѓу кои се и пет коалиции. За сите шест изборни единици во Република Македонија и за трите изборни единици во странство, листи на кандидати доставија – Демократска унија за интеграција (ДУИ), СДСМ и останатите партии во коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ и останати партии во коалицијата. Демократската партија на Албанците (ДПА) до Државната изборна комисија поднесе листи на кандидати за пет изборни единици (1, 2, 3,…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со листи за апсолутно мнозинство во Парламентот

Познати се носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, со кои владејачката партија ќе атакува на апсолутно мнозинство во Парламентот и 62 пратеника. Премиерот Никола Груевски традиционално е носителот на листата во првата ИЕ, која важи за лидерска единица каде се борат за доверба лидерите на партиите. Откако лидерот на опозицијата Зоран Заев избега од директно соочување со Груевски, според анкетите на гласачките места се очекува победа со три пати повеќе гласови на Премиерот против носителот на СДСМ Рената Десковска и Радмила Шекеринска. Гордана Јанкулоска по трет…

повеќе...

Европарламентот не сака еднаквост меѓу мажите и жените

Европскиот парламент вчера го отфрли со тесно мнозинство извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените , во кој се повикува да се обезбеди подеднаков надоместок за иста позиција. Извештајот е отфрлен со 298 гласа „против“ , главно на конзервативците. За негова поддршка гласале 289 пратеници, главно левичари и либерали, додека 87 биле „воздржани“ , од нив најголем дел зелени пратеници. Во извештајот се бара од земјите членки на ЕУ „да гарантираат почитување на основниот принцип на еднаквост на надоместок при еднаква работа меѓу жените и мажите“, да се забрани принудното…

повеќе...

Груевски: Новиот Европарламент да го задржи континуитетот на проширувањето

Верувам дека и новиот состав на Европскиот парламент и новиот претседател на Европската комисија ќе го задржат континуитетот на политиката на поддршка на процесот на проширување на Европската унија со земјите од регионот и кон Република Македонија. Ова синоќа го изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето пред присутните на конгресот на Европската народна партија што се одржува во Даблин, Република Ирска, а на кој присуствуваат 2.000 учесници, над 800 делегати со право на глас и 12 шефови на влади на земји членки на ЕУ. „Владата на…

повеќе...