Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели. На средбата се разговараше за актуелната политичка криза и за начините и можностите за враќање на земјата во нормален колосек. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека опозицијата има обврска да им гарантира на граѓаните дека Македонија ќе биде држава којашто ќе ги врати европските перспективи, довербата во институциите и правната држава. „Доказите што ги обелоденивме покажаа урнисување на уставниот и правниот поредок на Македонија и кршење на основните човекови права, во што учествувал…
повеќе...Tag: партија
ВМРО-НП: Се гледа крајот на режимот
ОК на ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Резултатот од добрите и успешни политики на ДПМНЕ, како на централно, така и на локално ниво, ги видовме на „големиот народен“ собир на партијата. Дебаклот кој го доживеаја во саботата ги покажа одговорот на граѓаните за нивното работење. Автобусите кои беа донесени од скоро цела западна и централна Македонија не помогнаа да се наполни салата и Груевски да се обрати пред полна сала. Да не зборуваме за охриѓани кои беа во многу мал број иако во изминатите…
повеќе...Заев: Груевски, заедништво ти се случува, да не те лаже умот да го чепнеш
Дел од говорот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Гостивар: „Добровечер добри луѓе, добровечер гостопримливи луѓе, добровечер Гостивар, Македонија е исправена пред крстосница на минатото, на сегашноста и на иднината. И затоа денеска таа мора да се соочи со една голема вистина и со една исклучително важна работа. Таа работа се вика Вистината за Македонија, E Vërteta për Maqedoninë, Makedonya’nın gerçeği, Истина о Македонији, без разлика како звучи на различни јазици, таа е единствена и неприкосновена. За разлика од вистината, лагата денеска во Македонија има едно име изговорено на сите…
повеќе...СДСМ во Гостивар: Вистината ги обедини граѓаните
Денеска, дел до раководството на СДСМ во текот на целиот ден е со граѓаните на Гостивар. Генералниот секретар, Оливер Спасовски, потпретседателката Фросина Ременски, потпретседателот Дамјан Манчевски, организациониот секретар Миле Зечевиќ, членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчески, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Драган Тевдовски, како и претставници на Општинската организација на СДСМ од Гостивар разовараа со граѓаните споделувајќи ја Вистината за Македонија. „Објавувањето на Вистината за Македонија ги обедини граѓаните, овозможи враќање на единството. Тоа е многу значајно за иднината на државата. Сега сите заеднички ќе се избориме против ова зло што…
повеќе...СДСМ: Груевски нарачал пазар со ДУИ за законот за бранители
Претседателот на ОО СДСМ Гостивар, Благојче Трпески, денес одржа прес конференција, на која истакна: „Вистината за Македонија продолжува од Гостивар. Граѓаните на Гостивар, без разлика на својата етничка и верска припадност, се приклучуваат кон враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава. Денеска јавноста ќе слушне за злоупотребите на државните компании во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе слушне за пазарот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за локалните избори но и за партиските вработувања. Денеска јавноста ќе ја слушне вистината за Законот за бранители. Започнуваме со сет од четири разговори…
повеќе...Заев: Докази на илјадници страници до Oбвинителството против Груевски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска до Јавното обвинителство ги предадовме доказите за конструираните случаи Пуч и Поткуп. Нема докази за извршено насилство кон претставници на највисоки државни органи и шпионажа, туку напротив има насилство врз уставниот поредок на Република Македонија од страна на Никола Груевски, Сашо Мијалков и група лица околу нив. Затоа, бараме, јавниот обвинител да се одважи и веднаш да ја запре конструираната постапка за Пуч и да го прекине кривичниот прогон од криминалците, Груевски и неговите соработници. Во овој момент…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев се сретна со извршната директорка на ЦЕИ, Соња Локар
Денес во просториите на СДСМ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, генералниот секретар Оливер Спасовски и претседателката на Форумот на жени, Цветанка Ласкова остварија средба со Соња Локар, извршна директорка на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања и со учесничките на Втората регионална конференција на претседателките/претставнички на Форумите на жени на СДП којашто се одржува во Скопје. Извршната директорка на ЦЕИ, Локар и претставничките на Форумите на жени на СДП во регионот ги поздравија храброста и заложбите на претседателот Заев и на СДСМ и изразија поддршка за проектот Вистината…
повеќе...Делегација на СДСМ се сретна со работната група на земјите – Членки на ЕУ за Западен Балкан
Делегација од СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, во состав Радмила Шекеринска -заменик претседателка на партијата, Оливер Спасовски – генерален секретар и Лидија Димова -претседателка на комисијата за европски прашања, денеска одржа заеднички состанок со работната група на земјите – членки на Европската унија за регионот на Западен Балкан. На состанокот се разменија мислења за длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Р. Македонија и можните излезени решенија. Претседателот Заев истакна дека СДСМ високо го цени ангажманот и поддршката на Европската унија за Република Македонија. Тој изрази очекување дека Унијата…
повеќе...СДСМ: Милионот кај Ивона, Груевски и Мијалков пресудиле за Сопот
Претседателот на ОО СДСМ Велес, Панче Иванов денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија продолжува. Граѓаните на Велес се приклучуваат во враќањето на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија. Денеска од Велес, од центарот на Македонија јавноста ќе ја слушне вистината за три скандали во коишто се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници. Пред да се чуе вистината за овие скандали, ќе слушнеме еден разговор помеѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски и Гордана Јанкулоска. Ќе слушнете како Димовски си нарачува притвор за свои сограѓани од…
повеќе...Заев: Груевски вработувал во МТВ, уредувал во Сител и Канал 5, пишувал и во Вечер
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „На почеток, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, дозволете најостро да го осудам гнасниот, морбиден, кукавички, безобразен потег врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство. Да се испрати погребен венец на домашна адреса на претставник на медиумите, професионалец и отворен критичар на загрозувачките општествени тенденции што и се случуваат на Македонија, е црвен аларм за сите свесни и совесни луѓе во нашата држава за лудилото во коешто е влезена власта и обврската што заеднички ја…
повеќе...