Митровиќ: Центарот за комуникации секогаш водеше позитивна политика и тоа ќе остане како наш симбол

Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ, денес на прес-конференција на охридските медиуми од името на Центарот за комуникации при ОК на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари за досегашната соработка, пред се во овие 40 денови додека траеше изборната кампања за Претседател, меѓутоа и за парламентарните избори. „Од 2012 година кога се формира овој тим на Центарот за комуникации до денес е изградена една меѓусебна доверба, една комуникација меѓу новинар и она што значи Центар за комуникации и затоа искрено ви благодариме. Од 2012 година, ако се направи ретроспектива од…

повеќе...

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на предвремените парламентарни избори одржани вчера освои 61 пратеник. Опозициската СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, а по едно пратеничко место во идниот собраниски состав ќе имаат ГРОМ и НДП. Овие резултати се од објавените информации на Државната изборна комисија по 99,91 отсто од обработените гласови. Според ДИК, за ВМРО-ДПМНЕ гласот на овие избори го дале 480.588 граѓани со право на глас, за СДСМ се определиле 283.869 гласачи, а за ДУИ гласале 153.577 избирачи. ДПА собрала 66.392 гласа, ГРОМ добил 31.610 гасови, а на контото…

повеќе...

Михаилов: Уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Има голема демократска свест дека охриѓани знаат да го ценат трудот, знаат да ја ценат работата, знааат да ги ценат успешните, во мирни во фер, коректни, во демократски избори, без ниту една забелешка од избирачките места, со записници кои се перфектно чисти, изјави синоќа претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Атанаско Михаилов. „Изборниот ден заврши без никакви забелешки. Ова е од еден од примерите кога  изборните резултати претставуваат и одраз на волјата на граѓаните, посебно на волјата на охриѓани. Ова е резултат на чесното, на посветеното, најискреното работење, работењето кои граѓаните…

повеќе...

Заев: Не го признаваме изборниот процес, техничка влада за фер избори

На неколку минути по затворање на избирачките места, кога пребројувањето на гласовите од денешниов изборен ден не е ниту започнато, излегувам пред вас да ви го соопштам нашиот став, истакна на прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев.  „СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА НЕ ГО ПРИЗНАВААТ ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС, НИТУ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ, НИТУ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА.  Граѓаните на Македонија се измамени.Власта на чело со Никола Груевски покажа дека нема минимум волја да спроведе елементарен демократски изборен процес во Република Македонија.Власта на чело со Никола Груевски,…

повеќе...

Блажески: Граѓаните да размислат уште еднаш дали на оној анимозитет кој што го покажува ДПМНЕ кон Охрид, треба да дадеме амин

ОО на ЛДП Охрид, денес одржа прес конференција на која зборуваше претседателот на партијата Дејан Блажески. Како претседател на општинскиот огранок на Либерално демократската партија, како советник во Општина Охрид и како човек кој што сака промена на оваа власт, Блажески рече дека има обврска уште еднаш да ги повика граѓаните на Охрид, да одлучат разумно. „Впрочем секогаш зборувам со факти и ајде да погледнеме само неколку факти пред овој изборен молк. Што придонесе Антонио Милошоски како носител во 5-та избора единица и пратениците кои што се повторно кандидати? Распределбата…

повеќе...

Костоски: Гласајте за враќање на демократијата во Македонија во сите сегменти и во обичниот живот и во бизнисот и во медиумите

ОК на ВМРО-НП Охрид одржа прес конференција на која зборуваше престседателот на ВМРО-НП и носител на 5-тата ИЕ, Ванчо Костоски. „Деновиве, овие 20-тина дена ширум 5-та изборна единица поминавме многу терен, посетивме многу домаќинства, само на ниво на општина Охрид посетивме 3 до 4 илјади домаќинства, нашата тактика овој пат беше многу поинаква, не со масовни собири, бидејќи знаеме во какво време и со каква Влада живееме во Р.Македонија, и со каква Локална самоуправа која и ден денес врши притисок врз вработените, односно ги повикува еден по еден по сите…

повеќе...

Настоски: Ние сме храбри и подготвени да го исполниме она што ќе го ветиме

Јас сум  стар Охриѓанец и целиот мој живот не помислив да се одделам од  македонскиот Ерусалим и југозападниот дел од Македонија.  Моите сограѓани многу добро ме знаат и веќе во два наврати досега ја добивав нивната доверба и си помагаме и се почитуваме. Но еве сега, Граѓанската опција за Македонија ме донесе пред еден пресврт во мојот живот. За прв пат излегувам надвор од мојот град  во поширокиот регион пред сите граѓани од 5-ката, од Битола-градот на конзулите, од Струга-градот на поезијата, од Кичево, од Ресен, од Дебар и од…

повеќе...

Николоски: Во недела да победи демократијата, да победи Охрид, да победи Македонија

Со Вториот круг на претседателските избори како и парламентарните избори се заокружува изборниот процес во Република Македонија, затоа би сакал од името на кандидатите за пратеници, носителот на листа во изборна единица г. Антонио Милошоски, од целиот ОИШ Охрид, да ги повикам граѓаните во што помасовен број да излезат на гласање во недела 27 април и својот глас да го дадат за кандидатите кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ, да гласаат за број 5 Антонио Милошоски носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и број 1  проф. д-р Ѓорѓе Иванов за претседател, истакна…

повеќе...

Тунтев: Во недела гласајте-не онака како што ви вели, присилува и наредува власта, туку онака како што чувствувате во вашата душа

Изборната кампања стигна до својот крај – остана уште во недела масовно, гордо и достоинствено охриѓани да излезат на гласање и да го дадат својот глас за промените, за новниот почеток, за новите луѓе и за новите идеи, рече на прес конференција претседателот на ОО на СДСМ Охрид и  носител на пратничка листа во 5-тата ИЕ, Томислав Тунтев. „Да гласаат за претседател каков што Македонија заслужува, да гласаат за враќање на средната класа, за враќање на слободата и демократијата, за враќање на нашата иднина. Да гласаат за Стево Пендаровски за…

повеќе...