ПОПГМ: Крајно време е власта мирно да се повлече и да ослободи простор на други експерти

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија испрати соопштение до нашата редакција во кое стои: „Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), најостро го осудува обидот на власта со манипулации, заташкување на вистината и заплашување и на пензионерите, да го оправда неуспешниот обид за недомаќинско и необјасниво задолжување на Република Македонија со нови 650.000.000,оо ЕУР. Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), не е изненадена од паничната реакција на самобендисаната и аздисана Власт по неуспешниот обид, заради клиентелистичкиот начин на владеење и исполнување на егоцентрични…

повеќе...

Одбележан 20 јуни – Денот на формирање на ЗП Охрид и Дебрца и јубилејот 70 -години од СЗПМ

ЗП Охрид и Дебрца со пригодна свеченост го одбележа 20 јуни-Денот на формирање на здружението и јубилејот 70 -години од СЗПМ. Со рецитации и хумор за пензионерите, дедовците и бабите, се преставија членовите на Драмско-рецитаторската секција при ЗП Охрид и Дебрца, составена од ученици од сите етнички заедници од охридските основни училишта, под раководство на Ристана Мојсоска. Со една музичка точка на виолина се преставија и ученици од Музичкото училиште „Методи Патче“. Потоа следуваше врачување на подароци и Благодардници. Уметнички фотографии со мотиви на Охрид му беше врачена на СЗПМ…

повеќе...

Охридските пензионери најуспешни во 16 дисциплини

Вчера во Дебар се одржаа 21-те Регионални спортски натпревари на ЗП од четвртиот регион на кој настапија 32о спортисти –пензионери од градовите Охрид и Дебрца, Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод, Вевчани и домаќинот Дебар.Спортистите пензионери и другите годти престваници на здруженијата најпрво ги поздрави претседателот на пензионерите на ДЕбар Џеват Карпузи, потоа градоначалникот на Дебар Ружди Лата ,замнеик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев,а за отоврени ги прогласи претседателот на Сојузот на пензионерите на Макеоднија Драги Аргироски. Пензионерите спортисти се натпреваруваа во стандардните 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција…

повеќе...

Аргировски: Пензионерите задоволни од владините проекти наменети за нив

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска заедно со претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите Драги Аргировски и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов посети група корисници на пензија коишто се дел од проектот „Бесплатна бањска климатска рекреација“ во Негорски Бањи. „Овој проект што го реализира Владата на Република Македонија од 2010 година е еден од најпозитивните и најприфатените проекти од страна на корисниците на пензија. Проектот постигна голем успех, пример којшто почнаа да го следат и држави од нашето опкружување,“ рече Спасов. Информира дека со…

повеќе...

Почна проектот за бесплатна бањска рекреација за 5.500 пензионери

Проектот „Бесплатна бањско-климатска рекреација“ досега имаа можност да го искористат над 32.600 пензионери. Годинава ќе бидат опфатени 5.500 пензионери. Буџетот за реализација на овој проект е 38 милони денари, од кои 35 милони се за покривање на шест полни пансиони, бањско-климатска рекреација и соодветни здравствени прегледи и околу три милони денари за покрување на трошоците за превоз на корисниците на оваа услуга. Ова денеска го истакна заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој ја посети Катлановска бања. „Проектот продолжува и понатаму да се реализира. Очекуваме бројот да се…

повеќе...

Исплатени пензии на околу 300 илјади пензионери

Пензии во вкупен износ од 3 милијарди 844 милиони денари денеска се префрлени на сметките на 301.000 пензионери. Министерството за финансии информира дека просечната пензија што е исплатена во декември изнесува 13.095 денари. „Владата останува посветена на редовната исплата на пензиите на почетокот од секој месец“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Извор: МИА

повеќе...

Груевски:Најниската пензија од 2006 година зголемена за 94 отсто, просечната за 79 проценти

За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти со кое од доаѓањето на оваа Влада во 2006 година најниската пензија е зголемена за 94 проценти, а просечната за 79 отсто. Ова го истакна премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Според премиерот, ова претставува огромно зголемување за пензиите. „За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти кое ќе биде со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври кога…

повеќе...

Исплатени пензиите на 300.047 пензионери

Владата денеска ја исплати пензијата за овој месец. На сметките на 300.047 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 13.077 денари. „Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно во секоја прва недела од месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии. Извор: МИА

повеќе...

Меѓугенерациска средба на пензионерите и учениците во ОУ „Христо Узунов“

Во заедничка кординација на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца и Основното училиште „Христо Узунов“ синоќа се одржа петата по ред Меѓугенерациска средба на пензионерите од Месниот огранок „Горна Влашка Маала“ и учениците од училиштето. На оваа традиционална Меѓугенерациска средба што е проект на Европската унија а ја реализира СЗПМ, присутните ги поздравија претседателот на Месниот огранок Милан Малчески, директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски, претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, а од Локалната самоуправа заменик-градоначалникот, Ангел Јанев. По заедничката средба на пензинерите и учениците на тема:…

повеќе...

Превентивни и едукативни проекти за зголемување на безбедноста на пензионерите

Подигнување на степенот на безбедност и на јавната свест кај пензионерите и повозрасните лица како ранлива категорија учесници во сообраќајот и мислења за поактивен придонес за безбеден сообраќај, беа темите на работниот состанок што денес, на иницијатива на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, се одржа со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Како што истакна Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, пензионерите се специфична категорија учесници во сообраќајот не само поради возраста и бројноста…

повеќе...