Дванаесеттото издание на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите вчера се одржа во Универзалната сала во Скопје. Манифестацијата на која секоја година учествуваат пензионери од сите градови во Република Македонија во континуитет ја афирмира македонската традиција и староградскиот фолклор. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на отворањето на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите рече дека манифестацијата е одраз на силната желба на пензионерите, посветеност и длабока почит кон трајните вредности на културата како наше национално обележје. Таа упати благодарност до Сојузот на пензионерите…
повеќе...Tag: пензионери
Утре ќе се одржат 19-те по ред општински пензонерски спортски натпревари
Утре – сабота на Спортскиот центар ,,Билјанини извори“ ќе се одржат 19-те општински пензионерски спортски натпревари на ЗП Охрид и Дебрца. За учество во натпреварите се пријавени околу 200 спортисти –пензионери, кои ќе се натпрваруваат во екипна и поединечна конкуренција во традиционалните 11 спортски дисциплини, стрелаштво, шах, двобој, тробој, трчање на 60 и 80 метри, фрлање ќуле, домино, табла, пикадо, влечење јаже и скок од место. Овие натпревари се квалификациони бидејќи, од нив ќе се изберат најдобрите кои ЗП на Охрид и Дебрца ќе го преставуваат на Регионалните пензионерки натпревари…
повеќе...Во Охрид ќе се одржи работилница наменета за едукација на пензионерите
На 22 април (вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување, како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за правата од здравствено осигурување, како и за превенција на нивното здравје за трите најчести незаразни…
повеќе...Општина Охрид и Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца потпишаа Меморандум за соработка
Заменик- градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се утврдува рамката во која се остварува соработката меѓу потписниците, за планирање, организирање и спроведување на активностите. „Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име Ве уверувам дека Локалната самоуправа и Владата, особено внимание посветуваат на пензионерите и дека тоа го покажаа со реализирање на повеќе проекти. Така ќе биде и во иднина, а Меморандумот што го потпишавме ќе биде основа за продлабочување на заедничката…
повеќе...Одржана свечена приредба по повод Денот на пролетта
По повод Денот на пролетта, вчера во Домот на пензионерите, Активот на пезнионерки и Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца организираше свечена приредба со група ученици од Охрид. На приредбата учениците се потрудија да внесат радост и ведро расположение пред присутните со рецитирање и пеење песни за пролетта. Приредбата ја подготви пензионерката, поранешен наставник по одделенска настава, Ристана Мојсоска. „Ова што спремав со децава ми беше доста познато и решив да се ставам на тест дали можам со овие поминати пензионерски мои години, со дечињата кои многу ги сакам,…
повеќе...Годинава уште 5.500 пензионери на бесплатна бања
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посети пензионерите во Катлановска бања кои ја користат бесплатната услуга за бањско климатска рекреација што им ја овозможува државата. „Годинава планираме да опфатиме бројка од околу 5.500 пензионери кои што ќе ја искористат оваа бесплатна услуга, што се состои од шест полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани. Особено е важно што пензионерите кои досега ја користеа оваа услуга и пензионерите со кои денеска остварив средба се навистина задоволни од реализацијата на овој проект, но исто така и…
повеќе...Спасов: Унапредување на правата на пензионерите, наш приоритет
Старите лица и пензионерите имаат право да бидат рамноправни граѓани и да бидат заштитени од дискриминација. Сите членови на едно општество се способни на одреден начин го дадат својот корисен придонес во заедницата. Затоа обврска на државата, а особено наша заедничка човечка обврска е да направиме сé за обезбедување услови старите лица и пензионерите да имаат достоинствена старост, порача министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната трибина за правата на пензионерите по повод Денот на жената – 8 Март. Вие, порача Спасов, сте патоказот и совест на…
повеќе...Ставрески: Пензиите зголемени за 600 денари, го исполнивме ветеното
Пензионерите денеска добија зголемени пензии за 600 денари што според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е исполнување на ветеното. „Како што им ветивме на пензионерите, денеска ја извршивме исплатата на пензиите. Секој пензионер во Република Македонија доби зголемена пензија за 600 денари и тоа секако е значајно за заштитата на нивниот животен стадард“, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Агенцијата за катастар на недвижности. Тој нагласи дека просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и оти за разлика од…
повеќе...Од овој месец повисоки пензии, од 2006 зголемени за 62 отсто
Пензионерите од овој месец ќе добијат покачување пензиите за 600 денари. Средствата во висина од милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбедени во Буџетот. Ова беше договорено на средбата на министрите за финансии и за труд и социјална политика Зоран Ставрески и Диме Спасов претставници од Сојузот на здруженија на пензионери што се одржа во февруари. Спасов истакна дека со зголемувањето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе се зголеми за 62 процента во однос на 2006 година кога изнесувала 7.683 денари. „ Најниската пензија во…
повеќе...Денес завршува повикот за бањско климатска рекреација на корисниците на пензија за 2014 година
Се известуваат заинтересираните корисници на пензија дека повикот за поднесување на барање за користење на услугата „Бањско климатска рекреација на корисниците на пензија за 2014 година” завршува денес, 14 февруари. Барањето за користење на услугата се поднесува уште денес во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Изборот на корисниците на пензија коишто ќе користат услуга на бањско климатска рекреација за 2014 година ќе го врши Комисија за разгледување и рангирање на корисници на пензија за бањско климатска рекреација, составена од претставници од повеќе институции. Рангирањето на…
повеќе...