Отворена детска градинка во Пештани

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , Заменик министерот за труд и социјална политика , Диме Спасов и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Р. Македонија Теодор Русинов, денеска ја ставија во употреба детската градинка во посебни просторни услови во село Пештани. Станува збор за четвртата по ред детска градинка од ваков тип во охридскиот регион. Таа е сместена во ОУ „Св. Наум Охридски“ и во нејзини рамки функционираат занимална , кујна, пред простор , санитарни јазли и трпезарија. Вкупната вредност на проектот кој заедно го реализираа Локалната самоуправа, Министерството за…

повеќе...

Се расчистуваат јавните површини во Пештани

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведуваат широко-опфатна акција за средување во Пештани. „Се расчистуваат јавните површини во центарот на селото и пристапните улици, расчистен е и подигнат натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат.“– велат од претпријатието. „Силниот ветер и големите бранови и на плажата во Пештани исфрлија големи количини отпад (пластична и картонска амбалажа, остатоци од друг тешко разградлив отпад, како и големи количини трска). Отпадот од крајбрежниот појас е подигнат и транспортиран.“- додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Верниците во Пештани го одбележаа Бадник

Денес во храмот „Св.Врачи Кузман и Дамјан“ во Пештани, вернците го прославија празникот Бaдник-Коледе.  По богослужбата младите верници ја кажаа молитвата Вечниот бог. Со молитивата богослужеше парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. WebOhrid

повеќе...

Се расчистуваат јавните површини и плажата во Пештани

По машинското расчистување на наносите од земја, песок и одрони во Пештани, од денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со темелно расчистување на јавните површини и плажата во оваа туристичка населба. „Поради големите количини од земјени наноси акцијата ќе се реализира и во наредните два дена. Рачно со шпакли се одстранува земјата од централните улици и пешачки патеки, а потоа јавните површини се метат. Силните врнежи по своето течение донесоа со себе и големи количини од тешко разградлив отпад (пластични шишиња, најлон кеси и др.комунален отпад) кои испливаа по…

повеќе...

Библиотека на тркала во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани

Во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, денес, училиштето „Св. Наум Охридски“ во Пештани, беше посетено од Библиотеката на тркала. Во активностите што ги реализираа од фондацијата активно учество зедоа учениците од прво до петто одделение од централното училиште, заедно со своите наставници и родителите.Со учеството во повеќето групни активности за забавно учење, учениците поминаа повеќечасовно учење и дружење заедно со координаторите од фондацијата каде преку игра го развиваа логичкото и проблемското размислување и го вежбаа изразното читање и изразување. Во групната активност за забавно…

повеќе...

Интензивно се санираат поплавените подрачја во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните служби и јавните претпријатија, денеска ги посети поплавените подрачја и направи увид на на зафатите за итно санирање на критичните места. „Имаме сериозини последици од обилните врнежи кои ноќеска паднаа од 90 до100 литри на метар квадратен. Штети има на неколку локации во градот и во селата.На улицата „Железничка“ има поплавени куќи веднаш под патот, кои се под вода поради ниската положба на земјиштето и малиот капацитет на одводните канали кои ја дренираат водата од…

повеќе...

Одбележан почетокот на учебната година во ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани

Со свечена приредба која ја подготвија учениците и наставниците во ОУ „Св.Наум Охридски“, Пештани се одбележа почетокот на новата учебна 2015/2016 година. Учебната година највозбудено ја дочекаа околу 20 првооделенчиња. Учениците добија нови униформи. Директорот на училиштето, Илија Стојаноски ги посети подрачните училишта и на сите ученици им посака добар почеток. Со среќа првачиња! WebOhrid

повеќе...

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистуваа во Св.Стефан, Горица 3, Елшани и Пештани

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денес го расчистуваа просторот во близина на плажата „Горица 3“, паркинг просторот и пристапните патеки. „Од паркингот и од тревниот дел околу пристапните патеки се расчисти расфрланиот комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)“- информираат од претпријатието. Исто така расчистен е просторот во населбата Сфети Стефан, тревниот дел на потегот опфатен со магистралниот пат Охрид – Св.Наум и крајбрежните објекти во оваа населба. Овие активности се реализираа по налог на општинскиот инспекторат. „По силното невреме кое го зафати источниот…

повеќе...

Притворени прилепчанец и скопјанец кои продавале дрога на техно забави во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Нив одредена им е мерка притвор до 30 дена. Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети „Екстази“, опојна дрога „Амфетамин“ и „Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид но и на други лица-туристи, а посебно на лица посетители на…

повеќе...

Во Пештани на зајдисонце

И ова лето: Во Пештани на зајдисонце. Не станува збор за некаква манифестација како онаа во Трпејца, туку само собир на жедни души, кои пиејќи пиво се освежуваат покрај Езерото. „Колку потопол ден – толку поголем број празни шишиња“. – велат пештанци. WebOhrid

повеќе...