Охрид СОС: Општина Охрид го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема!

Фрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрај официјалниот приговор против градење медитеранска плажа што го потпишаа 99% од сопствениците на имоти во с. Лагадин, а МЗ Лагадин го достави до Општина Охрид уште во мај минатата година! Отпорот од јавноста ја принуди Општина Охрид на најподмолен начин да го расцепка некогашниот проект за морска плажа на езеро и перфидно и незаконски да го протурка како поставување урбана опрема. Со оваа процедура се избегнуваат и потребните градежни дозволи, како и водостопанската дозвола што претставува чиста манипулација…

повеќе...

Отворено писмо до ЈУНП Галичица

Ние, активистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, ви се обраќаме откако повеќе граѓани до нас доставија поплаки за нефункционирањето на делот Документи, т.е. Documents (EN верзија на страницата) на официјалната страница на Националниот парк. Охрид ЅОЅ упорно и континуирано ги повикува граѓаните да ги користат механизмите за вклучување во процесот на донесување одлуки што е императив во едно нормално демократско општество. На наше огромно задоволство таквите примери се сѐ почести. Токму затоа и граѓаните ја забележаа оваа неправилност на страницата, која, мора да признаеме, изгледа многу симптоматично ако се земе…

повеќе...

Писмо: Еколошка заштита на источниот брег на Охридското Езеро

Почитувани граѓани на Охрид, Струга и Дебрца почитувани претставници на централната власт од РМ, почитувани претставници на локалните власти на Охрид, Струга и Дебрца Почитувани медиуми , независно кому му припаѓате, државни или приватни, ТВ , радио или печат Охридското Езеро со неговото сливно подрачје претставува голем економски потенцијал за Централната власт од РМ, како и локалните власти од Охрид, Струга и Дебарца -Охридско Езеро со вкупна површина од 358км2 и водена маса од 58км3 вода -Годишно производство на електрична енергија од 500 милиони киловат часови преку централите Глобочица и…

повеќе...

Писмо: НЕ за експресниот пат

Почитувани сограѓани на општина Охрид и пошироката јавност, љубители на ендемската ни Галичица или Спиридон како што милуваме да ја нарекуваме ние во клубот. Неможев да останам рамнодушен и да не го споделам својот револт кон одговорните во Националниот Парк Галичица, Министерството за Животна Средина, Агенцијата за Просторно Планирање, Јавното Претпријатие за Државни Патишта и претставници од Владата кои беа присутни на денешната јавна расправа, измени во планот за управување на НПГ односно ревидирање на развојните зони и нивни измени, се со цел незаконски да се издејствува решение за градба…

повеќе...

Писмо: Да се отвори поширока дебата за начинот на доделување на највисоките општински признанија

Како одговор на некои шпекулации и инсинуации кои произлегуваат од одлуката на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при советот на Општина Охрид, за недоделување на Повелбата –Патрон на Охрид за 2015 година би сакал како нејзин Претседател да информирам дека: Конкурсот за доставување на пријави за доделување повелба завршен е на 20 Ноември 2015 година и оваа година беше со најдолг рок за доставување на апликации. Комисијата согласно својата пракса закажа состанок на 24 .Ноември за отворање и увид во пристинатите апликации и…

повеќе...

Писмо: Да се потсетиме на 29-ти Ноември – Денот на Републиката

Чест ни е и задоволство да се потсетиме на државниот празник 29 Ноември – Денот на Републиката, празник кој се славеше и беше почитуван и респектиран на целата територија на СФРЈ заедница од сите граѓани на републиките – држави на СФРЈ. Ако не беше НОВЈ и ПОМ предводени од КПЈ и КПМ во која учествуваа социјалисти, комунисти и други граѓани во антифашистичката војна против фашистичкиот окупатор предводени од легендарниот Ј.Б. Тито 1941-1943 немаше да биде ни АВНОЈ ни АСНОМ ни 8-ми Септември. РМ ака сака да гради посигурна иднина и…

повеќе...

Колумна: Голема ќе биде цената за дискриминацијата на Египќаните, Македонија ни е се што имаме

Како индивидуалец, како лојален граганин на Р.Македонија, како Охриѓанец, како Египќанец од Р.Македонија, како интелектуалец, активист за човекови слободи и права, но пред се и над се, како човечко битие, кој се вложил себеси, својата младост и знаење, притоа ризикувајки се она што значи слобода на духот и битисувањето имам морална обврска да потенцирам што е она што значи вистина за Египќаните, а притоа истата да е аргументирана, како одраз на една објективна стварност. Денес, слободно можеме да констатираме дека Египќаните се најдискримираниот, најмаргинализираниот, најобесправениот етникум, генерално, во Република Македонија.…

повеќе...

Писмо: Вo предвечерието на втората недела од штрајкот на просветните работници

Отворено писмо до Министерството за необразование околу штрајкот, контра штрајкот, чаушите во министерството и СННН (синдикатот за необразование, ненаука и некултура). Свесен сум дека ова мое писмо кај многу медиуми нема да види бел ден ама ги разбирам. Знам дека голем дел новинари, главни уредници-мои добри  пријатели, веќе утре ќе почнат мене или преку мои пријатели да ни се правдаат и да се извинуваат што нема да го објават ова, но што да се прави. Ги жалам но неможам да им помогнам. На никого лично ни по име ни по…

повеќе...

Писмо со сочувство до Претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до Претседателот на Француската Република, г. Франсоа Оланд. „Почитуван господине Претседателе, Со шокираност, длабока тага и со чувство на огорченост ја примив веста за масакрот во Париз и искрено жалам за загубените животи од овој злосторнички чин. Нападите против „Шарли Ебдо” претставуваат и ги доживуваме како напад на демократијата, како напад против принципите и слободата на мислата и на говорот. Господине Претседателе, овој грозоморен чин спроведен од поединците со затворени умови, чија цел е сеење страв и чувство на…

повеќе...

Телеграма со сочувство од Груевски до францускиот премиер Валс

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати телеграма со сочувство до францускиот премиер Валс. „Почитувана Екселенцијо, Дозволете во името на граѓаните и на Владата на Република Македонија, и во свое лично име, да Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство заради загубата на човечки животи предизвикана од варварскиот терористички напад во Париз. Се молиме за спокој на душите на жртвите, а нашите мисли се со мислите на семејствата на жртвите и со целиот француски народ. Република Македонија најостро го осудува овој терористички чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските…

повеќе...