Полетилиште за параглајдери во Галичица

Планината Галичица, која е една од најатрактивните локации за летање со параглајдер во Македонија, во текот на оваа година ќе добие уредено полетилиште и слетилиште за параглајдери. Ова е предвидено во рамки на проектот „Параглајдинг туризам“ кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го реализира во соработка со УСАИД. „Ќе се пристапи кон уредување на полетилиштето со поставување на информативни табли и патокази, како и поставување на ветроказни и метеролошки станици како дел од завршувањето на првата фаза“, пишува во Програмата на АППТ предвидена за 2015 година. Освен полетилиштето…

повеќе...

Кривична пријава против две лица од Велгошти поради нелегална сеча

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти. На 14-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба. Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило-џип марка Нисан Патрол црна боја без регистарски ознаки, а управувано од Д.Б. без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт. Пријавените претходно извршиле…

повеќе...

5 одличја за ЕкоДром на последниот натпревар во планински велосипедизам

Вчера, 5-ти октомври, Скопје градски парк – Гази Баба, се одржа последниот државен натпревар во планински велосипедизам за бодовната ранг листа – сезона 2014. Во организација на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, поддржана од Град Скопје, општината Гази Баба и Велосипедската Федерација. Почесен гостин на натпреварот кој го означи стартот, во спортски дух ги бодреше натпреварувачите и на крај го изврши чинот на прогласување на најуспешните, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски. Патеката традиционално се вози од самиот почеток на развојот на планинскиот велосипедизам во Македонија и истата име е…

повеќе...

Колку се „грижиме“ за Националниот парк Галичица!?

Националниот парк ГАЛИЧИЦА е во наша непосредна близина и претставува неизмерно богатство што ни го подарила природата. Сите ние понекогаш со гордост го кажуваме тоа, обично кога им го презентираме на некои наши гости, пријатели, дојденци од земјава и странство. Но, да се запрашаме колку ние го посетуваме, колку го познаваме, колку сме придонеле за тој да остане природен симбол на нацијата, и на крајот колку се грижиме за него?! Патролата од извидниците-ровери од нашиот извиднички одред ПИОНЕР при своите редовни обиколки на одредени делови од паркот, во саботата на…

повеќе...

Денес ќе биде презентирана ботаничката разновидност на Илинска-Плакенска Планина

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), Скопје, во периодот Јануари 2014 – Јуни 2015 година ќе го спроведуваат проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”. Во состав на проектот, ЕД „Грашница“, денес организира презентација на ботаничката разновидност од Илинска-Плакенска Планина. Настанот ќе се одржи на плоштадот Чинар со почеток од 11.00 ч. и ќе трае до 13.00 ч. Презентацијата опфаќа изложени фотографии и хербариум со видови растенија од планината, давање објасненија и совети за нивно користење…

повеќе...

Пречек на освојувачот на врвот-К2 планинарот Здравко Дејановиќ

Представници од Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на планинарски спортови, денеска на Аеродромот-”Александар Велики” во Скопје, свечено го пречекаа нашиот планинар Здравко Дејановиќ кој го освои еден од најтешките врвови на планетата, врвот К2. Пред претставниците на медиумите и другите присутни кој го пречекаа херојот од К2, Здравко Дејановиќ даде изјава со која го опиша неговит личен и национален подвиг, искачувајќи го врвот К2. Здравко Дејановиќ во мај 2010 година се искачи на Монт Еверест, но ова година на 27јули, го искачи потешкиот врв кон највисоката планина на…

повеќе...

Искачување на највисокиот врв Кораб и Славеј Планина – Илинденски Планинарски Марш

Планинарите на Федерација на планинарски спортови на Македонија и членови на ПСК „Бистра“ – Скопје, како и планиари на ПК “Макпетрол” и ПК „Кораб” беа дел на традиционалниот Илинденски Планинарски Марш 2014 кој по 28-ми пат се одржа под покровителство на АМС.Тоа се дел од активностите на владата на Република Македонија, АМС и неколку спортски федерации со кои ги одбележаа празниците и натамошната посветеност на илинденското празнување. За време на Илинденскиот марш беа организирани следните планинарски трансферзали: „Февруарски поход”, пешачење на дел од патеката од походот со старт во 08.00…

повеќе...

Организиран Еко-караван по патеките на Илинска-Плакенска Планина

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ вчера, на 2 август (Илинден) организираше Еко-караван по патеките на Илинска-Плакенска Планина. Еко-караванот стартуваше од Охрид и опфати сликање и собирање растителни видови за изработка на хербариум од флората на Илинска-Плакенска Планина. Главниот настан беше на локалитетот Илинска црква каде членови од друштвото делеа информативни материјали и се дискутираше со присутните луѓе на народниот собир. Настанот предизвика значителен интерес побудувајќи го интересот на присутните за одржливо искористување на…

повеќе...

Утре се организира Еко-караван по патеките на Илинска-Плакенска Планина

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), Скопје, во периодот Јануари 2014 – Јуни 2015 година ќе го спроведуваат проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”. Во склоп на проектот, „Грашница“. Утре, на 2 август, се организира Еко-караван по патеките на Илинска-Плакенска Планина. Еко-караванот опфаќа тргнување со возила од Охрид, попатно застанување во неколку села во Дебарца, сликање и собирање растителни видови, изработка на хербариум, изложба и одржување информативен ден на локалитетот Илинска Црква. Целта на настанот…

повеќе...

Дејановиќ прв Македонец на К2

Здравко Дејановиќ се искачи на К2, вториот највисок врв на светот – 8.611 метри, и стана првиот Македонец кому му успеало тоа, информираат од Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), кои неговото враќање во Македонија го очекуваат за десетина дена. К2 е вториот врв во светот по височина и втор најсмртоносен (по Анапурна 1), бидејќи секој четврти обид за искачување на него завршува смртоносно. Дејановиќ и лани се обиде да се искачи на К2, но временските услови не му го дозволија тоа и тогаш успеа да стигне до 7.300…

повеќе...