Денес на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, Ј.П. „Билјанини Извори“ во соработка со Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид го организираа Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“. Пливачкиот митинг се оддржува после апстиненција од 15 години. На митингот зедоа учество стотина пливачи од Охрид, Струга, Битола, Скопје и Прилеп. Натпреварувачите се натпреваруваа во 5 дисциплини. На настанот се обрати и Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески кој истакна дека Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите спортски настани. Проектот Спортско лето во организација…
повеќе...Tag: пливање
Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон
Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 34 пат, утре, на 02.08.2013 год. (петок), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км. ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 30 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата Горица 1 (поранешен хотел Парк). Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во…
повеќе...Отворен Европскиот младински олимписки фестивал Утрехт 2013
Во периодот 14-19 Јули 2013 година, во Утрехт, Холандија се одржува Европскиот младински олимписки фестивал УТРЕХТ 2013 на кој ќе настапат 2300 млади спортисти од Европа на возраст од 13-18 години кои се натпреваруват во девет спортови. Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Европските олимписки комитети, кои беа во комуникација со Европските спортски федерации, одобрија учество на два млади спортисти од Македонија кои ќе можат да настапат на овие младински Европски олимписки игри. Тоа се Ана Марија Дамјановска (пливање) која водена од својот тренер Милош Ненад ќе настапи во дисциплините…
повеќе...Бакрачески: Пливањето и пливачките спортови во Охрид конечно да го вратат сјајот
Градоначалникот Никола Бакрачески денеска го посети градскиот базен, непосредно пред отпочнувањето со работа на пливачката школа „Делфина 2012“ чии тренинзи ќе се одвиваат на базенот „Атина Бојаџи“. Пливањето и ватерполото се спортови кои што на нeкој начин го одбележуваат спортскиот живот во Охрид во изминатите неколку децении. „Денес на еден свечен начин ја отпочнуваме летната школа за пливање која што претставува еден вид континуитет од школата за пливање која што започна со работа изминатата година и подучуваше дури 200 деца од градот Охрид и околината на почетните техники на пливање.…
повеќе...