Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во тепачка“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против И.П. (41) и К.П. (34), двајцата од Кичево. Пријавените, на четврти минатиот месец најнапред вербално, а потоа и физички го нападнале А.С. (51) од Кичево. Настанот се случил околу 15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Откако го пресретнале во близина на неговиот дом, двајцата пријавени најпрвин започнале вербална расправија со А.С., а потоа физички го нападнале со тупаници задавајќи му повеќе удари по целото тело. Физичкиот напад од…
повеќе...Tag: полиција
Кривична пријава за жител од струшко с.Биџево кој нелегално градел
ПС Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од с. Биџево, струшко, и против правниот субјект ГТД „ТРИМ“ ДОО Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот како управител на ГТД „ТРИМ“ увоз извоз Охрид ДОО, како инвеститор, без согласност од станарите и без решение, започнал со градба на настрешница-гаража во двор на колективна станбена зграда, која се состои од метална конструкција затворена од три страни. Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за отстранување на градбата.
повеќе...Охриѓанец и скопјанец краделе во повеќе цркви во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (33) во Охрид и А.С. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба” од кои две во обид. Во периодот од јуни 2016 година до 17.02.2017 година на подрачјето на селата Лескоец, Старо Лескоец, Горно Лакочереј, охридско, пријавените во повеќе наврати со употреба на погоден предмет извршиле тешки кражби во цркивте Свети Илија, Света Петка, Свети Спас, Свети Наум и Свети Тома, од каде одзеле околу 2.000 денари.
повеќе...Опожарено возило во Струга
На 08.04.2017 година во 06.53 часот во ПС ОН-Струга, пријавено било дека на ул.„Партизанска“ непосредно до фудбалскиот стадион „Караорман“, опожарено било ПМВ„СААБ“, без регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од ТППЕ-Струга, а увид на лице место извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи -Струга, при што е констатирано дека возилото во целост е опожарено, а пожарот најверојатно е подметнат со лесно запалива материја од страна на засега непознато лице. ПС-Струга презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Ограбени албански државјани на улицата „Крум Точко“ во Охрид
На 06.04.2017 година во 21:40 часот во ПС-ОН Охрид, А.Д.(32) од Тирана- Р.Албанија, пријавил дека истиот ден околу 20:10 часот додека задно со неговите пријатели С.М.(38) и Г.Г.(37) двајцата од Елбасан-Р.Албанија се движеле по ул. „Крум Точко“ биле престретнати од патничко возило „Фолксваген Голф 5“ со непознати регистарски ознаки од кое излегле две непознати машки лица. Според кажување на пријавителот едно од лицата имало елек на кој пишувало полиција, а другото лице било вооружено при што сторителите им кажале да легнат на земја и им извршиле претрес и одзеле две…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец кој нападнал полицаец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(29) од Охрид за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност”. На 09.03.2017 година, во 17,20 часот, додека полициски службеник превземал мерки за физичко сообраќајно обезбедување на собир на граѓани „За заедничка Македонија” на ул. „Јане Сандански” со Булевар „Туристичка” пристигнал пријавениот, се паркирал и возилото го оставил на коловозната лента, со што го загрозил нормалното одвивање на сообраќајот. Од страна на полицискиот службеник му било дадено наредба да го отстрани возилото и да продолжи со движење, но пријавениот…
повеќе...Притворен охриѓанецот кој опожари возило на ул. „Климентов Универзитет“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Р.(30) од Охрид за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ а од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. На 31.03.2017 година околу 01:00 часот во Охрид на ул. „Климентов Универзитет“, пред куќа сопственост на Н.Д. (42), од непознати причини опожарено било ПМВ „Волксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, негова сопственост, по преземени мерки утврдено е дека сторител е П.Р.
повеќе...Пронајдена дрога кај жител од Вевчани
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од с.Вевчани, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсорси”. На 13.11.2016 година, во 17,30 часот, од страна на полициски службеници, на ул. „Васил Стефоски” при преглед на пријавениот пронајдена е кеса со 5,1 грама марихуана и нож.
повеќе...Кривична пријава за лице од Лабуништа поради измама
НККР Струга поднесе кривична пријава против С.Ќ.(51) од с.Лабуништа, за сторено кривично дело „измама“. Во текот на јули 2016 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда три лица со лажно прикажажување на факти и можности дека за одреден паричен надомест може да им обезбеди државјанство за Р Чешка. По ова лицата му исплатиле по 3.500 евра или вкупно 10.500 евра а остатокот од парите се договориле да му бидат исплатени после 120 дена откако ќе им ги обезбеди документите. По одредено време откако…
повеќе...Охриѓанец крадел велосипеди, апарати за домаќинство и дел од покуќнина
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Во периодот од 26 јануари до 09 март 2017 година, на ул. „Дејан Војвода” во куќа сопственост на С.М., пријавениот насилно влегол и одзел неколку велосипеди, повеќе апарати за домаќинство и дел од покуќнината со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.
повеќе...