Пронајдени гранати во Охридското Езеро

Вчера во 07.00 часот во ПС Охрид, И.А. (35) од Охрид пријавил дека на околу 50 метри од плажата до ПС за ГН Охридско езеро забележал две експлозивни направи, најверојатно гранати од постар временски период. Полициски службеници од ПС за ГН Охридско езеро извршиле преглед при што на околу 50 метри од брегот на длабочина од околу три метри забележани се две гранати. За настанот бил запознаен и Центарот за управување со кризи.

повеќе...

Пронајдена дрога кај охриѓанец и кај лице од Велес

На 04.10.2016 година во 21.50 часот на ул. „Марко Несторовски“ во Охрид во такси возило, управувано од Г.Н. (33) од Охрид, било затекнато и лицето Д.Д. (26) од Велес, а со постојано живеалиште во Охрид. Врз двајцата бил извршен преглед при што кај Д.Д. биле пронајдени едно најлонско пакување со непозната растителна материја, една кутија со цигари во која имало и една рачно изработена цигара од непозната растителна материја и едно целофанско пакување со непозната растителна материја. Веднаш потоа лицето било приведено. Истиот ден врз основа на судска наредба, бил…

повеќе...

Едно лице загина, три се повредени во сообраќајка на патот Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 17 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Охрид-Струга во близина на „Оровничка плажа“. Од здобиените повреди, на лице место почина Александар С.(26) од селото Горенци општина Дебрца. Со тешки телесни повреди се здобил Р.А.“(39) од Охрид кој поради сериозноста на повредите е префрлен во болницата „Св.Еразмо во Охрид. Лицата И.С. (29) и В.Т.(55) двајцата од Охрид се здобиле со лесни повреди и по извршениот медицински преглед во болницата „Св.Еразмо“ се пуштени на домашно лекување. Сообраќајната незгода…

повеќе...

Во Охрид приведени кумановчани кај кои била пронајдена дрога

Вчера во периодот од 14.30 до 16.20 часот, по претходно издадена наредба од Основен Суд Охрид, полициски службеници извршиле претерес во дом и помошни простории, кои како потстанари во Охрид ги користеле С.Н. (30) и А.М. (38 ), двајцата од Куманово. При претресот биле пронајдени и со потврда за одземени предмети биле одземени: три најлонски пакувања со непозната прашкаста материја и една дигитална вага. Лицата се приведени и по целосно расчистување и документрање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

повеќе...

Забранет влез во Македонија на 23 албански државјани кои збирале костени кај струшко Франгово

Вчера во 16.30 часот на подрачјето на струшко с.Франгово, кај м.в. „Фериште“, била забележана група на луѓе како берат костени, при што од страна на полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, биле затекнати и приведени 23 лица-албански државјани. Кај лицата биле пронајдени 17 вреќи со костени, кои со потврда за привремено одземени предмети им се одземени и се наоѓаат во ПС за ГН-Франгово. На лицата им е изречена мерка „забрана за влез во Р.Македонија“ и во 21.00 часот биле предадени на ПС за ГП „Ќафасан“.

повеќе...

Лице од струшко Биџево заработи кривична пријава поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево. Пријавениот, во текот на август оваа година, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во место викано „Еленско“ во близина на хотелот „Макпетрол“ кај струшкото село Калишта. Се работи за доградба на 11 единечни објекти, бесправно започнати со градба во 1993 година кои пријавениот сакал да ги догради и да прикаже дека се изградени пред 2011 година со цел да ги легализира…

повеќе...

Ставени во функција семафорите кај ОУ „Христо Узунов“

По извршена контрола што СВР Охрид, на шести овој месец ја изврши со надлежните служби од општина Охрид, ставени се во функција светлосните сообраќајни знаци-семафори на раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во Охрид. На овој потег во близина на основното училиште „Христо Узунов“, семафорите ќе работаат во следниве интервали: 15 секунди црвено светло за возачите од сите страни на раскрсницата, а за тоа време зелено светло дозволено за минување на пешаците на сите страни, трепкаво жолто светло за сите возачи во траење од 65 секунди, а за…

повеќе...

Пронајдени човечки коски во двор кај лице од с.Зајас, кичевско

На 10.10.2016 година во периодот од 10.55 до 14.15 часот во с.Зајас, кичевско, во дворното место сопственост на А.А. , бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од НККР-Кичево. Увидот бил извршен по пријава дека на 09.10.2016 година при изведување на градежни работи – ископ на земјиште од страна на градежни работници со градежна машина, во стар неупотребуван бунар, на длабочина од 6,9м, биле пронајдени и извадени човечки коски (делови од скелети, делови од черепи, коски и сл.). Пронајдените предмети се подигнати и по наредба на…

повеќе...

СВР Охрид со честитка по повод 11ти Октомври

По повод 11ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, од СВР Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник. „Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските борници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на безбедносни предизвици. Неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи стандарди за проактивен и транспарентен концепт за соработка со…

повеќе...

Притворени две лица кои сакале да прошверцуваат 40 килограми дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од гостиварското село Лакавица и Б.Р.(34) од Гостивар. Нив, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. На осми овој месец, околу 21 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид, во патнички автомобил „Порше Ка-ен“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.И. пронајдени се околу 4о килограми непозната зеленкаста тревкаста материја. Акцијата е изведена во…

повеќе...