На 19ти септември околу 16:30 часот од домот во непознат правец се одалечила В.М. (31) од с.Могорче–дебарско. СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Tag: полиција
Кривична пријава за прилепчанка поради измама
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ч. (29) од Прилеп. Пријавената, со намера да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување односно со прикривање факти, ги довела во заблуда лицата Д.Н. од Охрид и Л.А. од струшкото село Ложани, ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД до Република Македонија. Од нив, пријавената побарала и добила вкупно 779,000,оо денари по што на Д.Н. му обезбедила карти само во еден правец а Л.А. воопшто не добила авионски билети. Во текот на…
повеќе...Кривична пријава за недозволена трговија со дрога
СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Д.Т.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана. За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Имено на 14.09.2016 година околу 20,45 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов„ поточно на паркинг од страна…
повеќе...Приведен албански државјанин поради фалсификување патна исправа
Вчера околу 16.15 часот на ГП-Табановце на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Н.З. (50) од Р.Албанија истиот на увид покрај патната исправа приложил и шпанска дозвола за престој на негово име. УПС се посомневале дека патната исправа и дозволата за престој се фалсификувани, односно на патната исправа и била отстранета оргинална хартија на страница и била залепена оргинална хартија од друга патна исправа, додека дозволата за престој е целосно фалсификувана, односно изработена од несоодветна хартија. Истиот бил приведен и предаден на УПС од СВР Куманово за понатамошна постапка.
повеќе...Приведено лице од Лабуништа поради нанесување телесна повреда врз неговата сопруга
Вчера во 14.15 часот во Основното јавно обвинителство-Струга од страна на полициски службеници од ПС ОН-Струга бил спроведен А.Ќ. (56) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ врз неговата сопруга Р.Ќ. Околу 15.30 часот во канцеларијата на Јавниот обвинител настанала вербална расправија помеѓу сопружниците и нивниот син Ј.Ќ., по што истиот скршил стаклена чаша која ја држел во рака. Јавниот обвинител побарал А.Ќ. да го изведат надвор од канцеларијата, на што тој се противел и одбивал да излезе давајќи активен отпор. Истиот почнал да…
повеќе...Непознат сторител извршил кражба во сувенирница во Вевчани
Во периодот од 11.00 часот на 10.09.2016 година до 10.00 часот на 13.09.2016 година во с.Вевчани, струшко, во сувенирница, сопственост на Музеј и Завод на Охрид при Министерството за култура на Р.Македонија, непознат сторител извршил кражба. Сторителот од заштитната ограда, која е поставена на објектот, извадил осум алуминиумски делови. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Лишен од слобода албански државјанин поради фалсификувана патна исправа
На 11.09.2016 година во 12.25 часот на ГП Ќафасан за влез во Р.Македонија се пријавил странски државјанин, кој на увид покажал грчка патна исправа на име Л.С., која евидирала како украдена и била предмет на потрага. Од тие причини бил направен детален преглед на багажот и лицето и била пронајдена албанска патна исправа на име Ф.С. (22) од Корча, Р.Албанија, кој е точниот идентитет на лицето, како и возачка дозвола на име Л.С., која била фалсификувана во делот кај фотографијата. Поради ова Ф.С. бил лишен од слобода, а патната исправа…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради кражба
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево. Пријавениот, на 28 јули годинава, од џип со американски ознаки одзел една кожна женска ташна во која имало 9450 евра и 4720 американски долари во разни апоени, поголем број златни ланци и друг златен накит како и четири патни исправи. Кражбата се случила во ноќните часови на паркинг простор на улицата „Маршал Тито“ во близина на угостителски објект. Тогаш, пријавениот искористил згодна прилика и неовластено влеголол во патничкиот…
повеќе...ОА „Гора” – Поднесени шест кривични пријави
Во текот на минатиот месец во рамките на ОА Гора од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесени се шест кривични пријави против седум лица поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела од кои две „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, три кривични дела ,,кражба“ и по едно дело „помагање“ и ,,пустошење на шума“. Во првиот и вториот случај поднесена е кривична пријава против А.З.(40) и А.Г.(24) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „вршење на јавен превоз…
повеќе...Кичевчанец си ја пријавил ќерката за исчезната
Вчера во ПС-Кичево, С.А. (55) пријавил дека на 31ви август од домот во непознат правец се оддалечила неговата 13 годишна малолетна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...