СВР Скопје-Единица за имотни деликти – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Центар, Бит Пазар“ до надлежното Основно Јавно Обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Х.(30) од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ предвидено и казниво по член 201 ст.1 од КЗ на РМ. За стореното кривично дело од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од 30 дена. Имено пријавената А.Х. на 31.08.2016 година околу 18,00 часот на ул.,,Аминта Трети“ започнала вербална расправија со…
повеќе...Tag: полиција
Во пештера во кичевско пронајдени десетици черепи
Обвинители, полиција, истражители и форезинчари се уште вршат увид откако вчера во пештера во кичевско биле пронајдени човечки черепи и коски. Од Основното јавно овинителство-Гостивар велат дека кичевската полиција добила анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река има човечки черепи, по што основниот јавен обвинител излегол на терен. Од обвинителството не го соопштуваат бројот на черепи бидејќи се уште трагаат, а поради карактеристичниот терен на пештерата, инаку меѓу народот нарекувана „Череп“, ќе треба повеќе време за да се истражи цела. Од обвинителството соопштија…
повеќе...Нови активности во рамки на оперативната акција Мрежа
Министерството за внатрешни работи во соработка со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција продолжи со спроведување на активности во рамки на оперативната акција Мрежа за сузбивање на дилерски мрежи за дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво. Притоа денеска во раните утрински часови беа извршени претреси кај две лица еден на подрачјето на градот Струга, а другиот претрес беше извршен во с.Велешта. Од спроведеното криминалистичко истражување дојдено е до сознанија дека се работи за организирана криминална група која делувала на подрачјето на Струга, Кичево, Гостивар и Охрид.…
повеќе...Известување – комора на РМ за приватно обезбедување
Комората на РМ за приватно обезбедување организира полагање на стручен испит за физичко обезбедување, кое ќе се одржи на 09.09.2016 година, со почеток во 16.00 ч.
повеќе...Kриминалистичко истражување „БРАНА“
Во рамки на ОА Мрежа, за сузбивање на дилери на дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво, Министерството за внатрешни работи продолжи со преземање на континуирани оперативно- тактички и технички мерки во насока на откривање, документирање и докажување на нивните криминални активности. Во текот на 2015 година, отпочна истражување за организирана криминална група која делувала на национално и меѓународно ниво во вршење кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, а последните криминалистичко разузнавачки информации и докази укажуваат и на коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството.…
повеќе...Кривична пријава за двајца браќа од с. Грчец
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(19) и неговиот 15 годишен брат двајцата од с. Грчец, поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август годинава, користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, во повеќе наврати по електронски пат примиле и на повеќе лица испратиле и прикажале порнографски материјал со 12-годишно девојче од Скопје. За стореното кривични дела „прикажување порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и казниво по член 193 и 193-А, од страна на Судија на…
повеќе...Донација од Чешката Република – 25 „Шкода Јети“ возила за граничната полиција
Граничната Полиција при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска ја прими донацијата од Чешката Република која се состои од 25 „Шкода Јети“ возила. Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков истакна дека и по затварањето на Западно балканската рута, предизвиците со кои се соочува Република Македонија не запреа, односно Македонија и понатаму е изложена на активности поврзани со превенирање и сузбивање на криминални мрежи коишто се актуелни злоупотребувајќи ја неволјата на бегалците. „Имаме набавено 25 возила кои ќе бидат во функција на граничната полиција и тоа ќе биде…
повеќе...Едно лице загина во сообраќајка на патот Струга – Охрид
Вчера околу 06:10 часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.(1977) од с.Оровник и ПМВ „Хјундаи“ исто така со охридски регистарски ознаки управувано од Љ.Ч.(1961) од Охрид. Н.Ј. бил пренесен во болница „Св.Еразмо“, каде им подлегнал на повредите. Увид извршила екипа од СВР Охрид.
повеќе...Лишени од слобода пет лица во рамки на акцијата „Ќелија 3“
Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на оперативно тактички мерки и активности за прибирање сознанија и обезбедување документација за македонски државјани припадници на терористичката Исламска Држава, а со цел превенирање и спречување на нивно учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации согласно Кривичниот Законик на Република Македонија. На 12-ти овој месец во синхронизирана акција и соработка со турската полиција од слобода беа лишени пет македонски државјани, осомничени за членство во Исламската Држава. Акцијата беше спроведена од страна на турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано…
повеќе...Во Струга приведен албански државјанин
Синоќа по полноќ, во 00:15 часот во Полициската Станица Струга, поради нарушување на јавен ред и мир приведен е М.Ф. (45) од Р.Албанија.
повеќе...