Во Охрид се одржа показна вежба „Спречување на нарушен јавен ред и мир на концерт“

„Полицијата уште еднаш покажа дека успешно и безрезервно ја остварува својата уставна и законска обврска-гарантирање на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија. Особено во последната деценија, со зголемување на бројот на полициските службеници, Министерството за внатрешни работи демонстрираше подготвеност одлучно да се спротивстави на сите видови криминал, да го одржи јавниот ред и мир и да ја зголеми безбедноста во сообраќајот на патиштата“, истакна министерот за внатрешни работи, м-р Митко Чавков денеска во Охрид, каде што присуствуваше на показна вежба „Спречување на нарушен јавен ред и мир на…

повеќе...

На ГП Табановце презентиран Мобилниот систем за снимање со камери

На Граничниот премин Табановце се одржа презентација на Мобилниот систем за снимање со камери, кој има за цел подобрување на квалитетот на полициското работење. Според министерот за внатрешни работи, м-р Митко Чавков, кој присуствуваше на презентацијата, интенцијата на операционализацијата на овој проект е подигнување на интегритетот на полициското постапување, односно обезбедување на законитост во преземањето на секое службено дејствие. Како што рече министерот Чавков тоа е практично на иста линија како и многуте политики кои што во рамките на МВР, досега се донесени, утврдени и операционалиозирани преку различни стандардни оперативни…

повеќе...

Пронајдено безживотно тело на патот Гостивар-Кичево

Вчера околу 20:15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај м.в.„Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркирано ПМВ „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат М.З. (63) од с.Трапчин Дол, кичевско, со прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

повеќе...

Оперативна акција „Којот“

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи ја започна оперативната акција „Којот“, при што беше разбиена криминална група на подрачјето на Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје. Во текот на минатата ноќ па се до утринските часови извршени се претреси на дом и други простории на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје кај повеќе лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Разбојништва, Лажно претставување, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, Криумчарење…

повеќе...

Кривична за албански државјани поради напад врз службено лице

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М. (29) и Р.М. (25), двајцата од Р Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 04.07.2016 година, во Охрид во кафе бар пријавените под дејство на алкохол дошле во конфликт со вработените во кафе барот, а откако пристигнале полициски службеници пријавените физички ги нападнале удирајќи ги со раце по телата нанесувајќи им видливи повреди. Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 денови.

повеќе...

Пронајдено тело во распаѓање во куќа во Охрид

Вчера околу 20:15 часот телефонски во СВР-Охрид, И.М. (38) од Охрид пријавил дека од куќата на Б.Ѓ. (81) во нас.Чекоштина,Охрид, се чувствувала непријатна миризба. По консултација со Јавен обвинител полициски службеници извршиле насилно отварање на влезната врата од куќата, при што во внатрешноста било пронајдено телото на Б.Ѓ. во фаза на распаѓање. Екипа на Итна медицинска помош излегла на местото на настанот. Увид извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

повеќе...

Мала сообраќајка на крстосницата на „Галичица“ и „8ми Септември“

Мала сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Галичица“ и „8ми Септември“ се случи денес нешто по 10:00 часот, во која учествуваа охридски пикап и српски голф. За среќа, и двете возила поминаа само со гребнатинки. Сообраќајот на оваа крстосница се одвиваше со мал застој, поради тесниот премин покрај возилата и увидот кој беше во тек од страна на полициските службеници. WebOhrid

повеќе...

Во пресрет на безбедносните закани и предизвици, МВР ќе се засили со нови 600 полициски службеници

Во ова турбулентно време секојдневно сме сведоци и се соочуваме со специфични предизвици кои бараат сериозен пристап и потполна посветеност. Ризиците од безбедносни закани и тероризам, мигрантската криза како глобален предизвик чиј втор бран се очекува во наредните месеци, бараат соодветен ангажман кој ние како Министерство за внатрешни работи, без никакви компромиси мораме да го задржиме во континуитет гарантирајќи ја и понатаму безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија, велат од МВР. „Како резултат на овие предизвици со кои се соочува не само нашата земја и земјите во регионот,…

повеќе...

Стартува велосипедската полициска патрола во Охрид

Од денеска, СВР Охрид, во своето редовно полициско работење ја ангажира велосипедската полициска патрола. Патролата има тројца полицајци-велосипедисти кои активно ќе се вклучат во превентивното и репресивното делување пред се во реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје. Велосипедистите-полицајци ќе работаат на реализација на мерките за одржување на јавниот ред и мир за што, имаат посебна полициска обука. Велосипедската полиција е модерна замисла за нова и современа форма…

повеќе...

Кривична пријава за скопјанец кој нелегално поседувал оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Ј. (23) од Скопје. При вршење работи од областа на безбедноста, полициските службеници го забележале пријавениот во чекалната од железничката станица во Кичево. При извршен преглед, кај него пронајдени се и одземени едно огнено оружје-ловна пушка марка “ТОЗ БМ” со калибар 16 милиметри од руско производство, шеесет и четири куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, дваесет куршуми калибар 5,56 милиметри, пет…

повеќе...