Кривична пријава за 19 годишно момче од Слатино поради изнуда на пари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш. (19) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда”. На 12.03.2017 година околу 05.00 часот, помеѓу ул. „Цар Самоил“ и ул. „Боро Шаин“, К.Б. (45) од Охрид бил пресретнат и нападнат со боксови од страна на пријавениот. Во тој момент К.Б. паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а пријавениот му побарал 2000 денари. К.Б. му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4000 денари. На 24.03.2017 година околу 21.00 часот пријавениот,…

повеќе...

Лишен од слобода албански државјанин кој бил баран со меѓународна потерница

На 12.06.2017 година во Полициска станица Охрид бил задржан A.П. (48) од Корча-Република Албанија, кој претходно бил лишен од слобода на ГП „Ќафасан“ по издадена меѓународна потерница. Истиот ден лицето е изведено пред Основен Суд Струга каде му е изречена мерка притвор во траење до завршување на постапката за екстрадиција. Веднаш потоа, од страна на полициски службеници е предаден во Казнено поправната установа – Затвор Охрид.

повеќе...

По расправија, жител од кичевско с.Туин зел пушка и пукал во воздух

На 09.06.2017 година околу 08:15 часот во дворното место од куќата сопственост на Б.С.(26) с.Туин-кичевско, додека истиот седел со неговото семејство, во еден момент дошло ПМВ Мерцедес“ од кое излегле И.А. и М.А. од с.Туин, по што настанала вербална расправија и во еден момент Б.С. влегол во куќата и од вториот спрат зел ловечка пушка која ја поседувал со дозвола од неговиот татко и од прозорецот испукал еден патрон во воздух, при што нема повредени лица ниту е направена материјална штета. Од страна на УПС по овластување од ОЈО Кичево…

повеќе...

Пронајдена дрога кај 31 годишен стружанец

ПС Струга поднесе кривична пријава против лицето Д.М. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.03.2017 година во 23:30 часот на ул. „Пролетерски Бригади“ во Струга од страна на полициски службеници бил извршен преглед над пријавениот при биле пронајдени и одземени 1,4 грама марихуана.

повеќе...

Пронајдена дрога во возило кај Рача – приведено едно лице, другото е во бегство

Вчера околу 04:50 часот на ул. „Наум Охридски“ во н.Рача – Охрид, од страна на полициски службеници бил даден знак за застанување на ПМВ„Шкода Фабиа“ со скопски регистарски ознаки. Возилото не застанало, туку ја намалило брзината, а две лица излегле од возилото и побегнале. По преземени мерки во врска со настанот, во ПС Охрид бил приведен С.Д.(65) од Битола. При прегледот, во возилото била пронајдена и подигната за вештачење поголема количина опојна дрога, најверојатно „марихуана“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и за целосно расчистување на настанот.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец и правен субјект поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б. (52) од Охрид и против правно лице „Градинар” ДЗППП увоз извоз АД Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на 2016 и 2017 година на парцела на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за градба издадено од надлежен орган, извршиле надградба на објект.

повеќе...

Тепачка во кафе бар во Охрид

На 28.05.2017 година во 04:10 часот во ПС од ОН-Охрид, В.О. (26) пријавил дека околу 01:45 часот, тој заедно со неговите другари Ж.М. и Н.П. сите од Струга дошле во Охрид поточно во кафе бар, додека неговото возило го паркирал во непосредна близина. Во кафе барот му пришол А.А. од Охрид со кого се познавал и побарал да излезе надвор, а во еден момент физички го нападнал и го удрил со тупаница во пределот на стомакот. Во тој момент неговите другари го отргнале, но А.А. физички го нападнал Н.П. удирајќи…

повеќе...

Сопственик и управител на погребално претпријатие од Охрид телата ги чувал во возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ш. (51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба”. Пријавениот, во својство на сопственик и управител на погребалното претпријатие „Мирен сон” од Охрид, кое е овластен оператор за вршење погребални услуги, подолг временски период работел на начин што (за да има поголема добивка) починатите лица, за кои вршел погребални услуги, наместо да ги однесе во капела ги оставал во комбето кое го паркирал во кругот на неговото претпријатие и другиот ден ги пренесувал и ги погребувал…

повеќе...

Кривична пријава за сириски државјанин и правен субјект од Охрид поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (47) од Сирија и против правно лице ДТУ „РАНА ЈК” Охрид ДООЕЛ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на 2017 година во катастарска општина Велгошти во Охрид, на ул. „Прва МУБ” пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за доградба издадено од надлежен орган, на семејна куќа бесправно доградиле приземје и поткровје.

повеќе...

Маскирани сторители ограбиле безниска пумпа во Мешеишта

На 23.05.2017 година околу 02:40 часот во с.Мешеишта, охридско, двајца непознати маскирани сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа. Сторителите со пиштол се заканиле на вработениот и од касата одзеле 3. 000 денари. После тоа со пластични стеги го врзале вработениот, му го одзеле мобилниот телефон и избегале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...