Градоначалникот Бакрачески донираше за граѓаните од поплавените региони во Македонија

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес ги посети пунктовите кои се поставени за собирање на помош за граѓаните од поплавените региони во Македонија. „Денес, како и секогаш кога е најпотребно, општина Охрид зема активно учество во акциите за помош на настраданите во Република Македонија, како што тоа го правевме за настраданите од поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина. Денес дадовме свој личен придонес во донирање на вода и средства за лична хигиена, но и извршивме координација со претседателот на Црвен крст – Охрид, Сашо Точков за што…

повеќе...

Хуманоста на градоначалникот Бакрачески повторно на дело – Помош за Мармачоски чиј дом беше опожарен

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески денеска на лице место направи увид на куќата од охриѓанецот Димко Мармачоски што беше опожарена пред два дена. Градоначалникот заедно со својот тим ја констатираше направената штета и потенцираше дека општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе му помогне на Мармачоски. Со тоа продолжува праксата која веќе две години ја води актуелното локалното раководство да дава несебична поддршка за семејствата чии домови биле опожарени . „Изразуваме жалење за сета штета , но секогаш сме тука да им помогнеме на граѓаните на Охрид.…

повеќе...

Министерот Спасов во посета на настраданите семејства во Кичево

Пакет со хигиенски средства, ќебиња и вода денеска од Црвениот крст добија 72 семејства главно од ромска националност зафатени со поплавите на улица „Прилеска“ во близина на Зајашка река во Кичево. Семејствата денеска ги посети министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во придружба на директорот на Центарот за социјални работи во Кичево, Дашмир Лимани, пратеникот Благоја Деспотоски и секретарот на општината Рамиз Реџепи. Спасов упати апел до сите граѓани кои имат можност да донират средства отворените телефони за таа намена. Во наредните денови ќе се формира комисија која…

повеќе...

Министерката Јанкулоска во посета на поплавените села во кумановско

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес ги посети селата Доброшане, Довезенце и Јачинце од кумановскиот регион коишто во изминативе денови беа погодени од поплавите предизвикани од поројните дождови. На средбата со жителите од овој регион Јанкулоска истакна дека овие населени места по течението на реките Пчиња и Кумановка се всушност најдиректно погодени од излевањето на речните води. „Дел од куќите се под вода и голема површина на земјоделско земјиште. Она од што луѓето од овој крај ја обезбедуваат својата егзистениција е поплавено и голем дел од овие површини и…

повеќе...

Груевски: Во Битолско интервенцијата навремена и вистинска

Навремената и вистинска интервенција на надлежните на централно и локално ниво придонесоа штетите во поплавеното битолско подрачје да не се големи во делот на куќите, но се големи на земјоделските површини. Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Новаци, каде по обилните врнежни се излеа Црна Река. „Се сретнав со доста мештани што живеат тука и сите истакнаа дека вистинска и навремена реакција постоеше особено со доаѓањето на помошта од Владата и од заедничкото спојување со локалниот кризен штаб. Една од клучните одлуки беше да се…

повеќе...

Младите од охридската гимназија организатори на хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Македонија

Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење. Во оваа акција се приклучија и наставниците кои исто така донираа средства за помош, но и организирано се донираа парични средства на телефонските броеви наменети за хуманитарната акција. Собраните средства ќе бидат доставени до Црвен крст – Охрид, од кадешто истите ќе бидат дистрибуирани до потребните места. „Се надеваме дека оваа акција на младите хуманисти од…

повеќе...

Најмладите охриѓанчиња со помош за своите врсници од земјава

Во рамките на проектот, „Од дете за дете“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“во соработка со МТСП, родителите и Центарот за социјални работи, реализира хуманитарна аукција на меки кукли. Собраните средства во текот на денот, во форма на вода за пиење, во соработка со АД „Пелистерка“ ќе бидат дистрибуирани во градинките „Вера Циривири“, „Трена“ и „Астибо“ од Штип. Со надеж дека барем малку ќе им помогнеме на нашите другарчиња во градинките од Штип, во текот на наредните неколку дена во соработка со Црвениот Крст ќе се реализира собирна акција на парични средства од…

повеќе...

За неполни 24 часа донирани 620 илјади денари за поплавените подрачја

Во координација и соработка на Црвениот крст на Македонија и надлежните институции во тек е хуманитарна акција за помош и поддршка на поплавените подрачја во Македонија. На отворените телефонски броеви за донации до денеска се собрани 620.000 денари, донирани се вода за пиење, средства за дезинфекција и за хигиена, ќебиња, душеци… За потребите на акцијата отворена е и девизна сметка на барање на македонски граѓани кои живеат во странство. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов потенцира дека сите активности се преземаат координирано, со цел најефикасно да се искористат…

повеќе...

ЕВН Македонија донираше помош за населението во поплавените подрачја

ЕВН Македонија се приклучи на акцијата на Црвениот Крст за помош на најпогоденото население во поплавите што ја зафатија Македонија. Донирани се флаширана вода за пиење и средства за дезинфекција како најнеопходни во овој момент за населението во Струмица, Штип, Чешиново-Облешево, Прилеп и другите подрачја во кои поради излевањето на реките водата не е за пиење или воопшто ја нема. Соработката со Црвениот Крст за помош на поплавените подрачја ќе продолжи и натаму, согласно потребите на населението во кризните подрачja.

повеќе...

Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. Црвениот крст на РМ согледувајќи…

повеќе...