Зголемувањето на пензиите и на социјалните додатоци за пет проценти предвидени за 2015 година ќе се реализира согласно планот на Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Планот согласно подготвениот и усвоен буџет е во октомври да дојде до зголемување на пензиите, значи за пензионерите кога ќе ја земат пензијата во октомври да биде зголемена, а во месец јули да бидат зголемени социјалните надоместоци. Станува збро за 2015, како што имаме и ветено практично,“ рече премиерот Груевски на новинарско прашање по промоцијата на новонабавена медицинска опрема во Клиниката „Свети Наум Охридски“…
повеќе...Tag: помош
Дистрибуирана помош на семејствата во отсечените села во Дебрца и стариот дел на градот
Тим на Црвен крст Охрид од Единицата за спасување на планина и непристапни терени заедно со претставници на Центарот за управување со кризи-регионална канцеларија Охрид, денес од раните утрински часови дистрибуираа помош во прехрамбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до четири семејства во отсечените села во општина Дебрца, с.Црвена вода, с.Издеглавје и с.Годивје и за уште две фамилии во с.Слатино. Поради високиот снег за транспорт на помошта беа користени и коњи од месното население Волонтерите на Црвен крст Охрид се активни и во градската средина, особено во стариот…
повеќе...Охридскиот лајонс клуб „Десарети“ ќе помага на неколку социјално-ранливи семејства
Препознавајќи го бенефитот и хуманата страна од купувањето на уличното списание „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“, а како одраз на високата општествена одговорност, охридскиот лајонс клуб Десарети од денес започнува со континуирано, годишно помагање на неколку социјално-ранливи семејства од Охрид, преку годишна претплата на неколку броја од ова списание. „Лице в лице“ е улично списание кое третира општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци. Магазинот го промовира моделот на социјално претприемништво, а тоа значи дека од секој продаден број (кој чини 100 денари), половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина…
повеќе...Потребни се средства за итна уролошка операција на охриѓанецот Петкоски Јовче
Потребни се средства за итна уролошка операција на охриѓанецот Петкоски Јовче. Операцијата чини 4 илјади евра, а Петкоски треба да се оперира во Белград. Сите хумани луѓе можат да донираат средства на Жиро сметка во Охридска Банка: 530500003562961. Донациски број од мрежата на Т-мобиле: 070 143 111. Дополнителни информации на телефон 076/817511.
повеќе...Повисоки плати, пензии и социјална помош со буџетот за 2015 година
Поголеми плати во јавниот сектор од годинава и поголеми пензии и социјална помош од следната година предвидува буџетот за 2015 година, кој помина синоќа на владина седница. Ова денеска на прес-конфернција го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го презентираше Предлог буџетот за догодина. Според него, од ноември годинава со исплатата на октомвриската плата примањата во јавната администрација ќе се покачат за 4 проценти. Од јули со јунската исплата социјаната помош ќе се покачи за 5 отсто, додека пензиите од октомври со исплатата на септемвриската пензија ќе…
повеќе...Правилник за работа за итната медицинска помош
Практична обука на итната медицинска служба, посебни обрасци за предавање и прием на пациент по извршен транспорт, како и олеснето комуницирање меѓу тимот кога се наоѓа во превозното средство и тимот за прием на повиците за итна медицинска помош се новитетите во Правилникот со кој се уредени организацијата и начинот на вршење на работите на итната медицинска помош во Република Македонија. Ова на прес-конференција го кажа министерот за здравство Никола Тодоров каде појасни дека со овој Правилник се уредени повеќе аспекти на функционирањето на итните медицински служби со цел да…
повеќе...Финансиска помош за работодавачите кои вработуваат приматели на социјална помош
Годинава Владата на Р.Македонија донесе законски решенија со кои доколку еден работодавец вработи лице коешто е примател на социјална парична помош, истиот да добива во период од 24 месеци 80 отсто од сумата којашто лицето ја добивало по основ на социјална парична помош. „Сакаме да ја актуелизираме оваа владина мерка и да ја претставиме пред работодавците затоа што таа нуди исклучително добри можности за нив во смисла на финансиска помош од страна на државата со којашто тие би заштедиле дел од трошоците за плати, а од друга страна и да…
повеќе...Реализирана показната вежба за укажување на прва помош и извлекување повредени од возило
По вчерашната јавна показна вежба на Градскиот плоштад и Пристаништето во Охрид, на која припадниците на територијалната противпожарна бригада од Охрид и тимовите за укажување на прва помош при Црвен крст Охрид во соработка со инструкторите на Операција Флоријан ги покажаа своите знаења и техники за извлекување на повредени од возило во сообраќајна незгода и укажување на прва помош. Црвен крст Охрид ви најавува и ве поканува на уште една показна вежба на која ќе учествуваат институциите надлежни да дејствуваат при несреќи на вода, а која ќе се случува на…
повеќе...Спасов: Продолжува поддршката на СОС Детско село
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов присуствуваше на одбележувањето на Денот на СОС детските села при што му беше врачено признание за досегашната поддршка за СОС Детско село Македонија. Заблагодарувајќи се за добиеното признание, министерот Спасов рече дека истото е потврда за заложбите што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика во однос на децата без родители и родителска грижа. „Во последниве неколку години во Република Македонија интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита која се применува долг…
повеќе...Концерт на младите музичари за спас на еден детски живот
Со вечерен концерт синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, младите музичари од Охрид се приклучат кон акцијата „Заедно за спас на еден детски живот“. На сцената настапија Петар Маркоски, Бојан Трајчески, Ана Марија Кунеска, Кирил Нически, Антонио Малчески, Климент Јанкоски, и секако најмладите охриѓанчиња од Распеано рибарче. Сакајќи токму преку музиката да помогнат, порачаа дека децата се најголемиот благослов и дар од бога, тие се највредното и најдрагоценото нешто и токму затоа посакаа да бидат дел од хуманоста со која Охрид живее изминатиов месец дена. Организаторите најавија…
повеќе...