Груевски: Индустрискиот раст показател за исправните политики

Растот на индустриското производство во ноември од 11,1 процент претставува продолжување на стабилниот и континуиран раст што го имаме веќе подолг период, а беше краток период запрен поради политичката криза, оцени денеска премиерот Никола Груевски. Растот, како што посочи, е показател дека има исправни политики во делот на поддршка на економијата и реформи кои даваат резултати. „Веќе долг период имаме висок раст на индустриското производство. Имаше само прекин од неколку месеци во екот на политичката криза, но по нејзиното завршување продолжуваат високите стапки на раст. Токму растот на индустриското производство…

повеќе...

Домашната компанија „Технопласт“ ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик

Технопласт е првата домашна компанија која денеска потпиша договор за инвестирање во Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 – Бунарџик. Станува збор за инвестиција од 10 милиони евра со која ќе се отворат 200 нови работни места. Инвестицијата ќе се реализира во две фази, при што во првата фаза ќе бидат инвестирани шест милиони евра за изградба на објектот и за набавка на нова опрема, а во втората фаза ќе бидат вложени четири милиони евра и ќе се инвестира во развој на технологии. Во двете фази ќе бидат вработени…

повеќе...

Груевски: ИТ зоните ќе отворат неколку илјади работни места

Со основање ИТ зони во наредните години очекуваме да отвориме неколку илјади работни места за информатички инжинери и да овозможиме вработување на невработениот кадар од оваа област, изјави премиерот Никола Груевски. Со Законот за слободни ИТ зони што го усвои Владата пред неколку дена се овозможува влез во зоните на компании од областа на информатичката технологија, кои ќе користат бенефиции и ќе отвораат нови работни места. Остварени се контакти со повеќе компании од различни држави кои пројавиле интерес по стапувањето во сила на Законот да инвестираат во Македонија односно, посочи…

повеќе...

Груевски: Даночни осолободувања за развој на здравствениот туризам

Даночни осолободувања најмалку десет години кои ќе ги поттикнат инвеститорите да вложат во развој на здравствениот туризам, предвидува Владата. За оваа цел, како што информира денеска премиерот Никола Груевски, изготвено е и законско решение. „Со законот сакаме да мотивираме и охрабриме инвеститори кои се занимават со инвестиции во болници, клиники, во здравството, да инвестираат во овие слободни здравствени зони пред се заради создавање здравствен туризам“, рече Груевски по пуштањето во употреба на новата катна гаража „Кресненско востание“ и плоштадот „Мајка Тереза“, во близина на објектот на Македонската опера и балет.…

повеќе...

Промовирани 12 нови дела од три капитални проекти

Нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“ денеска беа промовирани во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На промоцијата се обратија премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Онака како што работевме цела година, така ја заокружуваме и оваа 2015 година, со нова промоција на два тома од проектот „Антологија на светската поезија“, седум дела од едицијата „Антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и три книги од проектот…

повеќе...

Изградени 40 мали хидроцентрали, инвестирани околу 130 милиони евра

По донесената одлука за изградба на 65 мали хидроцентрали, досега целосно се изградени и ставени во функција 35, а пет ќе бидат завршени и пуштени во работа во јануари. Досега во изграбата на малите хидроцентрали се инвестирани околу 130 милиони евра. Како што информираше денеска премиерот Никола Груевски во тек е изградба на уште 15 мали хидроцентрали кои треба да проработат во текот на наредната година, а уште 10 се подготвуваат со документација, проектирања … „Можам да кажам дека досега од сите овие 40 изградени, во кои ги сметам и…

повеќе...

Груевски: Четири капитални културни објекти ќе се градат во 2016

Следната година ќе се градат четири капитални објекти во областа на културата, Драмскиот театар-Скопје, Театар Комедија, Конгресен центар на местото на Универзална сала и стариот римски театар кај археолошкиот локалитет Скупи. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“. „Готов е проектот за Драмскиот театар-Скопје и во текот на јануари ќе се објави тендер за изведувач за градба. Во јануари веројатно ќе…

повеќе...

Премиерот Никола Груевски на Божиќна миса

По повод големиот христијански празник – Божиќ, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, присуствуваше на божиќна миса во католичката црква „Пресветово Срце Исусово“ во Скопје. Повеќе во фотогалеријата: http://vlada.mk/node/11650

повеќе...

Божиќна честитка од премиерот Груевски

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, како и Д-р. Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија. „Почитуван г. Стојанов, Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монашки заедници и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој…

повеќе...

Груевски: Го задолживме МВР целосно да го обезбеди Специјалното обвинителство

Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи целосно да го покрие со обезбедување објектот во кој се наоѓа Специјалното обвинителство, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „На денешната седница Владата донесе заклучок и го задолжи МВР да овозможи 24-часовно обезбедување на објектот каде што се наоѓа специјалниот јавен обвинител. Да го покрие целосно со обезбедување. Министерот потенцираше дека досега се што побарала обвинителката во однос на обезбедувањето и било овозможено. Му кажавме доколку нешто повеќе побара во однос на обезбедувањето на објектот да и биде овозможено“, изјави Груевски. Службата за општи…

повеќе...