Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во рамки на посетата на Кина, освен средбите на политичко ниво во Пекинг оствари и повеќе средби со компании, меѓу која е и посетата на седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија Хуавеи. Компанијата е водечки бренд нa телекомуникацискиот пазар, производите од информатичкото општество и панирање, која се рангира во 500-те најголеми компании на Global Fortune. Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев остварија средба со раководството на компанија и генералните менаџери Џим Лу и Џорџ…
повеќе...Tag: премиер
Политички и бизнис средби на премиерот Груевски во Суџоу
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес, на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу, оствари поголем број на билатерални средби и разговори со политичките претставници на другите присутни држави, како и средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во нашата земја. Премиерот Груевски оствари средба со претседателот на Владата на Република Естонија, Тави Роивас. Двајцата премиери ги поздравија меѓусебните пријателски односи кои се карактеризираат со стабилност, меѓусебно почитување и взаемна…
повеќе...Премиерот Груевски во работна посета на Кина
Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и заменик министерот за економија Христијан Делев се во неколкудневна посета на Народна Република Кина. Претседателот на македонската Влада ќе учествува на 4-тиот Самит на шефови на Влади на земјите на Централно Источна Европа и НР Кина (16+1) и 5-тиот Економско-трговски форум во Суџоу, кој ќе се отвори денес, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис секторите на 16-те земји…
повеќе...Промовирани 20 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“
Дваесет нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ беа промовирани во Музејот на македонската борба – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација, Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, продеканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Kирил и Методиј“, професорот Александар Атанасовски од Катедрата по историја на Филозофскиот факултет, историчари, преведувачи…. Најголем дел од книгите што беа промовирани денеска, односно 12 се од делот на светската филозофија и тоа, според премиерот Груевски, реномирани изданија,…
повеќе...Премиерот Груевски се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска, во Будимпешта, Република Унгарија, оствари средба со Виктор Орбан, премиер на Република Унгарија. На средбата беа поздравени одличните политички односи кои постојат помеѓу двете земји во сите сфери од взаемен интерес, кои се карактеризираат со континуиран и интензивен дијалог на највисоко ниво. Стана збор за поголем број на теми, како што се интеграциите на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, можностите за зголемување на билатералната економска соработка, можностите за превенција и минимизирање на заканите од глобалниот тероризам, и механизмите за…
повеќе...Груевски: Почнуваме заедно со граѓаните да ја пишуваме новата програма
Денес почнуваме заедно со граѓаните да ја пишуваме новата програма. Посакувам бомбардирање со идеи на кои силно ќе се посветиме и ќе се фатиме во костец да ги реализираме истите. Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. „Нашата програма граѓаните ја чувствуваат како своја бидејќи знаат дека се што во неа ќе биде реализирано. Како резултат на барањата и идеите на граѓаните досега се реализирани многу проекти во сите градови во Македонија. Денес треба да се стремиме кон напредок“, додаде Груевски кој денес побара граѓаните…
повеќе...Груевски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево согласно утврдената динамика
Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на охридскиот регион изврши увид и во градежните активности што се во тек за изградбата на автопатот Охрид – Кичево во должина од 57 километри, со проектирана вредност од 374 милиони евра. Тој притоа истакна дека градежните активности се одвиваат одлично, согласно утврдената динамика. „Речиси е пробиена целата траса, еден дел почна да се асфалтира како што може да се види на лице место. Планот е накаде до крајот на следната 2016 година дел од автопатот да биде завршен. Осумнаесет километри веќе да…
повеќе...Груевски: Отпишани 30 милиони евра долгови на граѓаните
Отписот за долгови заврши. Отпишани се долгови во вредност од 30 милиони евра, со што е исполнето уште едно предизборно ветување, изјави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарски прашања по увидот на градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, Груевски нагласи дека државата преземала отплата на долговите во период кога завршуваше европската должничка криза. „Тоа беше наше предизборно ветување во период во кој завршуваше европската должничка криза на која и претходеше светската глобална криза и тогаш решивме дека на најранливите категории на граѓани кои ги ставивме во…
повеќе...„Ван Хул“ и „Технохозе“ ќе градат нови објекти во Македонија
Производителот на автобуси „Ван Хул“ и италијанската компанија „Технохозе“, кои имаат изградено свои капацитети во Македонија планираат проширување, односно градба на нови објекти, што значи и отворање нови работни места, најави денеска премиерот Никола Груевски. По посетата на охридскиот регион и увидот на градежните работи на автопатот Кичево – Охрид одговарајќи на новинарски прашања, Груевски истакна дека има најави и за други нови инвестиции во земјава, но според барањата на инвеститорите не може да ги соопшти имињата. „Производителот на автобуси „Ван Хул“, некаде во првиот квартал од следната година веројатно…
повеќе...Премиерот Груевски ја посети новоотоворената Филмска академија во Охрид
Работната посета на Охрид премиерот Никола Груевски ја искористи за да ја посети високоообразовната установа – Јавна научна установа „Институт за филм – Филмска академија“, каде минатата седмица отпочна и наставата во првата година од постдипломските студии по филмска драматургија и сценаристика. За отворањето на Филмската академија во Охрид Груевски нагласи дека тој проект е резултат на долгогодишна работа и личен негов ангажман, како преку реализираните посети на Филмската академија (ФАМУ) во Прага, така и преку личните контакти со неговиот колега, премиерот на Чешката Република, од кога барал да даде…
повеќе...