Усвоена годишната програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид

Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, на својата вчерашна седница ја усвои Годишна програма за работа за 2016 година. Програмата за работа на ОСБСП, предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон сите целни групи-учесници во сообраќајот, со цел подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид и едукација на сите целни групи. Како што истакна м-р Стефан Димоски, претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, во Годишната програма се предвидени активности за афирмација и имплементација на Втората национална…

повеќе...

Се работи на новата програма: Средба на Груевски и владин тим со бизнисмените

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес заедно со економскиот тим на Владата одржа работен состанок со Сојузот на Стопански комори на Македонија. Тој од бизнисмените побара идеи и предлози кои како проекти ќе бидат вметнати во новата предизборна програма на владејачката партија. Груевски потенцира дека како и секоја, така и оваа програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде сеопфатна, напишана по консултации со сите релевантни фактори како бизнисмените, но пред се со граѓаните. Како што знаете од минатото, програмата е секогаш многу детална и повеќе наликува на акционен план за…

повеќе...

Груевски: Ќе се вработат 8.700 невработени преку програмата за вработување

За ВМРО-ДПМНЕ еден од клучните столбови е зголемувањето на вработеноста и намалување на невработеноста, поради што Македонија има рекордна стапка на невработеност од 25,5 проценти. Работата на ова поле продолжува и годинава. Ова денес го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Дневникот на Сител, откако денес присуствуваше на работен состанок на кој се разгледуваше имплементацијата на мерките за вработување. „Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе…

повеќе...

Codefest 2016 ги поврзува сите страни на технолошката заедница

Четвртото издание на Codefest претставува една развиена форма на она што досега ни е познато како програмерски маратон за младите ИТ ентузијасти, кои имаат можност да развиваат свои идеи во рок од маратонски 32 часа. Оваа година настанот ги обединува и поврзува сите страни на ИТ заедницата, не само студентите, средношколците и ИТ професионалците, туку и ИТ бизнис секторот, образовниот сектор, стартапите и инвестициските фондови. Настанот е најавен за 15-17 април оваа година во хотелот Инекс Горица во Охрид. Оваа година Codefest ќе содржи три активности: Codeference – еднодневна технолошка…

повеќе...

Се зголемува квотата за изворно создадена програма, за музиката нема промена

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека во 2016 година, се зголемува процентот за емитување изворно создадена програма во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија. Како што е пропишано во член 92 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, почнувајќи од 1 јануари 2016 година, за трговските радиодифузни друштва и за непрофитните радиодифузни установи обврската за изворно создадена програма изнесува 50%, а за Јавниот радиодифузен сервис изнесува 60% од вкупно емитуваната…

повеќе...

Програма за Курајчки Карневал 2016

Програма за Курајчки Карневал 2016 13 ти Јануари – 18:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства -Околу 04:00 часот завршување со посета на сите домаќинства 14 ти Јануари -14 часот делење ва традиционалната храна (варејнца)и пијалок за сите кои не би можеле да учествуваат на завршната церемонија, поконкретно за старите лица. – 18:00 часот, почеток на завршното василичарско празнување, со Група Маестрал – Околу 22:30 часот прогласување на најдобрите маски, проследено со огномет. – Околу 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.

повеќе...

Македонија искористила 96 отсто од буџетот за „Еразмус плус“ во 2015

Националната агенција за европски обрзовни програми и мобилност на валоризациска конференција ги презентираше успешните проекти од програмата „Еразмус плус“ кои се завршени во 2015 година и кои ќе бидат дел од конкуренцијата за успешни проекти на Европската комисија на ниво на Европа. Директорот на Агенцијата Дарко Димитров изјави дека оваа година искористеноста на средствата од европскиот фонд е исклучително висока бидејќи од 4.230.000 евра, колку што бил буџетот на располагање за Македонија, искористени се 96 проценти. Соопшти дека од 2013 до сега има повеќе од 300 проекти. Во 2015 одобрени…

повеќе...

Продолжува предновогодишната програма на градскиот плоштад

На Градскиот плоштад и денеска продолжува реализацијата на дванаесетдневната предновогодишна програма. Денес на програмата се учениците од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти со културно – уметничка програма. Настапот започнува во 17:30 часот, а ќе трае до 19:30 часот. Вчера попладнето предновогодишната програма ја започнаа „Распеаните рибарчиња“ и „Распеаните ѓерданчиња“.

повеќе...

АВМУ ќе врши мониторинг на радијата и телевизиите со опрема вредна над 800 илјади евра

Денес започна реализацијата на Проектот „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“. Проектот се реализира како дел од Инструментот за претпристапна помош – ИПА за 2011 година. Со реализација на проектот се врши набавка на опрема во вредност од 839,608.00 €, од кои 75% се обезбедени преку ИПА, а останатите 25% односно 209,902 € се обезбедуваат со кофинансирање од страна на Агенцијата. Со оваа опрема технички ќе се осовремени системот за снимање, чување и прегледување на програмските содржини емитувани на…

повеќе...

Реализирана програмата „Вештини на адолесценција“ во ОУ „Св.Климент Охридски“

Од пред месец дена во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид, како и во другите основни училишта во нашата општина, се реализира програмта „Вештини на адолесценција“ поддржана од Министерство за образование и наука на Република Македонија. Програмата е во организација и ја промовира Канцеларијата за бораба против криминал и дрогата при Обединетите нации (УНОДЦ) и досега е реализирана во повеќе западни држави и во соседна Србија. Резултатите од егзактните истражувања спроведени во спомнатите држави го оправдуваат нашиот оптимизам дека оваа програма ќе има позитивни очекувани ефекти и во нашата средина. „За да…

повеќе...